5 креативни начини да им соопштите на најблиските дека сте бремена
Почетна » Семејство » Бременост » 5 креативни начини да им соопштите на најблиските дека сте бремена

5 креативни начини да им соопштите на најблиските дека сте бремена

И најголемата радост се зголемува кога е споделена со најблиските. Бесценетите реакции на идните баба, дедо, тета и чичко, кога ќе им ја соопштите прекрасната новост дека ќе станете мајка, на волшебен начин ќе ви го затоплат срцето.

Бременост

Доколку сакате тој момент да го направите уште поспецијален, можете да искористите некоја од следниве креативни идеи:

1

Порака во детска книга

Од најблиската книжарница купете детска книга или сликовница. На првата страница напишете: „Бабо и дедо/тета и чичо/ вујна и вујче..., ве молам читајте ми ја оваа приказна во... (месецот кога треба да се породите). Со љубов, вашето внуче“. Ќе добиете реакција која нема да ја заборавите.

2

Овековечено изненадување

Поканете ги најблиските на вечера. Спонтано извадете го апаратот и кажете им да застанат за фотографирање. Пред да го притиснете копчето викнете „Бремена сум“. Ќе ја добиете фотографијата на вашиот живот. Уште подобро е да направите неколку фотографии една по друга за да уловите што повеќе емоции од нивните лица.

3

Порака од најмалите во семејството

Го очекувате второто дете? Дајте му ја честа да ја соопшти радосната вест на вашето првенче. Направете му маичка на која ќе биде испечатено: „Мама ми носи братче или сестриче или „Ќе станам поголем/а брат/сестра на ...(датумот кога треба да се породите)“. Викнете ги најблиските на гости и чекајте некој од нив да го забележи напишаното. Не грижете се, добрите вести брзо се шират. Бидете подготвени за солзи радосници.

4

Ултразвук подарок

Повикајте ги најблиските на вечера и дајте им како подарок бебешки шишиња во кои ќе има копија од снимката од првиот ултразвук. На секоја копија одназад напишете лични пораки за читателот, како „Ја сакам баба“ или „Тета, со нетрпение чекам да се шетаме заедно“.

5

„Една фотографија вреди илјадници зборови“

Споделете ја најважната вест преку фотографија. Дозволете креативноста да ве води. Фотографирајте три пара обувки – чевлите на сопругот, ваши сандали и бебешки топлинки. Под машките испишете го датумот на раѓање на партнерот, под женските датумот на вашиот роденден, а под бебешките датумот на кој е планирано да се породите. Подарете ја фотографијата лично.

Бременост Бременост

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.