Почетна » Семејство » Дете » Ново братче или сестриче

Ново братче или сестриче

Доаѓањето на нов член во семејството значи многу промени. Родителите долго време се приготвуваат и кога ќе пристигне малото бебе, поголемиот дел од вниманието е насочено кон него.

Тие промени може да бидат тешки за првото дете. Многу често тоа чувствува љубомора и не се однесува пријателски кон своето ново братче или сестриче. Колкава љубомора ќе чувствува зависи од разликата во годините. Ако возрасната разлика меѓу децата е од 2 до 5 години, љубомората е најголема. Сепак секое дете е различно и логично е неговото однесување да има уникатни карактеристики.

За да ја избегнете љубомората и непријателските чувства меѓу вашите деца, потребно е да го припремите вашето прво дете за доаѓањето на неговото братче или сестриче.

Ново братче или сестриче.
Припремете го вашето дете за доаѓањето на неговото братче или сестриче, за да ја избегнете љубомората.

За време на бременоста

Изберете соодветен момент за да му соопштите за неговото ново братче или сестриче. Кога му зборувате, земете ја во предвид неговата возраст. Ако тоа сè уште не почнало да оди на училиште, можеби нема да добие точна претстава ако му речете дека новиот член на семејството ќе пристигне за 5 месеци. Наместо тоа објаснете му дека ќе може да го види своето братче или сестриче во конкретно годишно време пример: на пролет или на зима кога е ладно.

Многу често во таков момент децата започнуваат да прашуваат интересни прашања, како прашањето за тоа од каде доаѓаат бебињата. Не навлегувајте во подробности, објаснете само дека бебето е во вашиот стомак и дека таму расте додека да стане силно.

Ако вашето дете е многу заинтересирано, можете да гледате различни слики од бебиња, да читате заедно книги за бебиња, да посетите некои пријатели кои имаат бебе или да зборувате за потенцијални имиња на вашето ново бебенце.

Подготовка за породувањето

Како што се приближува датата за вашето породување, вие треба да ги правите последните подготовки, но и да му посветите доволно внимание на вашето дете. Пружете му многу љубов и обидете се да го убедите дека вашата љубов кон него нема да се промени.

Објаснете му дека новото бебенце, ќе биде премногу мало и дека нема да може ништо да прави само, па сите ќе треба да му помагате. Не пропуштајте да му кажете дека бебињата плачат многу и дека тоа е нивниот начин за комуникација.

Не правете промени во домот, непосредно пред породувањето. Ако вашето дете треба да започне да спие во поголемо креветче, тој преод не го правете точно пред породувањето.

Доаѓањето на бебето

Откако ќе го добиете вашето бебенце, најбрзо што може организирајте средба помеѓу вашите деца. Можете претходно да купите подарок кој вашето дете, ќе му го даде на малото братче или сестриче и обратно – еден подарок за него. Најдобро е кога за прв пат ќе се сретнат да немате други посетители во болницата и бебето да е во лулка, а не да го држите во раце.

Еве неколку совети со кои можете да му помогнете на вашето дете на правилен начин да го прифати доаѓањето на вашето бебе дома.

  • Поттикнувајте го да ви помага во грижата за бебето. Може да ви помага додека го преслекувате, капите или храните бебето. Но, ако не е заинтересирано да ви помага, не настојувајте.
  • Дозволувајте да го допира бебето само нежно без да го гушка или бакнува силно.
  • Кога бебето гледа во него, напомнувајте му дека тоа е знак дека му се допаѓа.
  • Посветете му специјално внимание на вашето дете. Можете да играте или да читате заедно. Правете го тоа секој ден, дури и да е само за неколку минути.
  • Дајте му привилегии како поголемо дете. Оставајте го да си легнува 10 минути покасно од обично или да ги избира алиштата за бебето.
  • Побарајте од вашите пријатели и роднини да му обрнуваат внимание и него, а не само на бебето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.