Почетна » Семејство » Бебе » Колку сон му треба на вашето бебе?

Колку сон му треба на вашето бебе?

Малите бебиња секој миг додека се разбудени го поминуваат во истражување на сè што ги опкружува. Како последица на тоа им е потребен многу одмор. Додека спијат нивните мали тела се одмараат, а нивниот мозок се обидува да најде смисла на сè она што го доживеале додека биле разбудени.

Бебе што спие
Колку сон му е потребен на вашето малечко зависи од неговата возраст.

Секое бебе е различно и си има свои потреби. Некои имаат потреба да спијат повеќе од други, но најчесто за вашите најмили важат следните податоци.

Новороденчиња

Бебињата се раѓаат без смисла за време и спијат кога се уморни, а се будат кога се гладни. Тие спијат околу 15 до 18 часа дневно, но во кратки периоди од 2-4 часа. Предвреме родените бебиња спијат повеќе, а бебињата кои имаат колики помалку.

Интервалите кога спијат бебињата, кои се хранат со мајчино млеко, се пократки (2-3 часа), затоа што бебињата побрзо го дигестираат ова млеко. Бебињата кои се хранат со адаптирано млеко, спијат во подолги интервали (3-4 часа).

Новороденчињата спијат и дење и ноќе. Не следат определен шаблон и се многу непредвидливи. Вие мора да се придржувате кон нивниот ритам и да правите тоа што му е удобно на вашето бебе.

1-4 месеци

Во овој период вашето бебенце спие 14 ½ -15 ½ часа.

1-2 месец. Во овој период можете да забележите некаков шаблон кој го следи вашето бебе, кога станува збор за спиењето. Најдолгиот период во кој тоа спие е од 4-6 часа и најчесто се случува во текот на ноќта.

Вашето бебе најдолго може да остане будно 2 часа, затоа овозможете му услови да заспие ако измине тој период. Препознајте кога на вашето бебе му се спие. Ако забележите знаци како триење на очите и тргање на ушите, однесете го во креветчето на мирно место за да може да заспие. Сега веќе е чувствително на светлина или звуци, затоа оставајте го да спие во мирна и темна соба.

3-4 месец. Вашето бебенце спие повеќе во текот на ноќта (60%), отколку дење. Како што расте, сè повеќе е свесно за околината и треба да спие во потемна и помирна соба. Сега веќе се социјализира (се смее, гуга) и затоа може да сака да поминува повеќе време со вас. Но, не му го скратувајте сонот, бидејќи може да се преумори.

4-12 месеци

Иако во идеален случај треба да спијат најмногу до 15 часа, најголем дел од бебињата, кои се на возраст до 11 месеци, спијат 12 ½ часа. Најважно во овој период е да се воспостават здрави навики за спиење.

Плачењето кога го ставате во креветчето или кога ќе се разбуди навечер само ќе се влоши, ако веднаш дотрчувате до него. Освен ако не е гладно или болно, не одете веднаш до него. Треба да бидете упорни, за да му создадете навика за спиење.

Кога е на возраст до 9 месеци, вашето бебе најверојатно ќе се буди во 5 часот наутро и веднаш ќе презаспие, или ќе стане во 7 и ќе го започне денот. Бебињата обично спијат 3 пати дневно, до 6 месечна возраст. После шестиот месец, бебето веќе спие само по два пати дневно и нема потреба да јаде навечер.

1-3 години

Во овој период вашето малечко е многу активно и сè уште му е потребен многу одмор. Иако во идеален случај треба да спие најмногу до 14 часа дневно, вашето детенце спие околу 10 ½. Во текот на денот има потреба да спие само еднаш.

Многу важно е да ги одржувате воспоставените навики за спиење. Вашето најмило најверојатно си легнува од 19-21 часот и се биди кај 6-8 наутро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.