Лимонови коцки
Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Лимонови коцки

Лимонови коцки

Сакате да се насладите на убав десерт, но жешкото време ви создава одбивност кон тешките торти и слатки? Тогаш ви предлагаме да пробате нешто едноставно, лесно и многу вкусно – лимонови коцки.

Колачињата со лимон се многу популарен десерт и вистинско уживање за оние кои го сакаат освежителниот киселкав вкус на лимоните.

Состојки

Тесто:

1 ¾ шолјибрашно
2/3 шолјишеќер во прав
180gнесолен путер
1 лажицаситно рендана кора од лимон

Фил:

1/4 шолјабрашно
1 шолјашеќер во кристали
150mlсвежо исцеден сок од лимон
4јајца
1 лажицапрашок за пециво
1 лажицаситно рендана кора од лимон

Инструкции за приготвување

Тесто

  1. Премачкајте правоаголна класична тава за печење со тенок слој масло и оставете ја настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги брашното и шеќерот во прав, а потоа внатре исечкајте го на мали парчиња путерот. Додајте ја и кората од лимон.
  3. Со рака или со миксер измешајте ги состојките, така што путерот добро да се соедини со брашното и шеќерот.
  4. Ставете го тестото во тавата, со помош на рацете распоредете го рамномерно и со притискање направете слој без празнини.
  5. Печете околу 20 минути на температура од 150°С, односно додека тестото не започне да добива златна боја, а краевите не започнат да стануваат кафени.

Фил

Филот треба да се стави додека тестото е жешко, па подгответе го додека тестото се пече во рерната.

  1. Во длабок сад ставете ги јајцата и лесно изматете ги. Додајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, сокот од лимон и кората. Добро изматете ја смесата.
  2. Откако ќе ја извадите тавата од рерна, потурете го тестото со смесата за филот.
  3. Вратете ја тавата во рерна и печете уште 20-25 минути на температура од 150-180°С, односно додека не забележите дека филот е зацврстен.
  4. Извадете ја тавата од рерна, оставете ја да олади 30-тина минути и ставете ја во фрижидер најмалку 1 час (во најдобар случај треба да ја чувате во фрижидер 4-5 часа).

Исечете го колачот на коцки и поросете тенок слој шеќер во прав. Лимоновите коцки се служат ладни.

Можете да украсите со сезонско овошје како јагоди, нектарини, цреши, боровинки, капини или вишни – сè што ќе ви се најде во фрижидерот.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3856 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.