Греено (варено) вино
Грееното вино (познато кај нас и како варено вино) е одличен пијалок за да се згреете и расположите во студените есенски и зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете и да не се напиете уште една голтка.
Најчесто се приготвува од црвено вино кое е зачинето со стапчиња цимет, каранфилчиња, ванила, портокал и/или лимон, а за уште подобар вкус се додава и шеќер или мед. Секогаш се служи топло.
Грееното вино е многу популарно низ Европа. Во Германија се нарекува Glühwein, во Франција vin chaud, а во Италија vin brulé. Совршено е за да го изненадите вашето друштво, затоа што не е скапо за приготвување, а освен тоа го исполнува воздухот со пријатен мирис кој никого не остава рамнодушен.
Постојат многу различни рецепти и методи за приготвување на греено вино. Некои луѓе прво го загреваат виното, па потоа ги додаваат зачините. Други, прво го ставаат шеќерот и зачините во мала количина вода и откако ќе повријат заедно неколку минути, го додаваат виното. Трети пак ги ставаат сите зачини во газа, заедно со шеќерот ги додаваат во виното, го загреваат виното неколку минути, а пред сервирање ја вадат газата од виното.
Подолу е даден само еден од стотиците рецепти за греено вино. Но, вие можете да го прилагодите според вашиот вкус.
| 1 | шише црвено вино (пример: 750ml Cabernet Sauvignon) |
| 1 | портокал |
| 2 | стапчиња цимет |
| 5 | каранфилчиња |
| 1 | дафинов лист (искинат на парчиња) |
| ½ | морско оревче (изрендано) |
| 1/3 чаша | шеќер |
| ¼ чаша | бренди или ликер од портокал (по желба) |
Послужете го топло во чаши за вино или шолји кои претходно сте ги прелиле со топла вода. Украсете со портокал исечен на полумесечинки. Често во чашата се додава и стапче цимет за посилна арома.
Експериментирајте и создајте свој рецепт за да се топлите и да уживате во студените денови што нè очекуваат.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (4)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.