Сангрија

Правите приватна забава со омилените пријатели и ви треба лесен, колоритен и вкусен летен пијалок? Нема подобар избор од сангријата. Фантастичната комбинација од свежо овошје и црвено или бело вино ќе го задоволи секој вкус, а вие нема да останете без пофалби за инвентивната забава.

Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.

Традиционална сангрија

Сангрија

Состојки

1 шишецрвено вино (1 литар)
½ чашабренди
½ чашасвежо цеден сок од портокал
¼ чашашеќер
1портокал, исечен на тенки кругови
1лимон, исечен на тенки кругови
1зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови
1јаболко, исечено на тенки полумесечинки
1 чашагазирана вода
мраз

Подготовка

Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.

Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.

Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.

Сангрија бланка (бела сангрија)

Кога сангријата се приготвува со бело вино, се нарекува сангрија бланка. Еве рецепт за сангрија наменет за љубителите на белото вино.

Сангрија

Состојки

1 шишесуво бело вино (750ml)
½ чашасвежо исцеден сок од портокал
½ чашасвежо исцеден сок од лимон
¼ чашаликер од портокал (Triple sec)
½ чашашеќер
1лимон, исечен на тенки кругови
1портокал, исечен на тенки кругови
250mlгазирана вода
мраз

Подготовка

Во голем бокал ставете ги сокот од лимон, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека не се растопи шеќерот.

Додајте го виното, ликерот и исечканите плодови. Оставете го бокалот да стои во фрижидер барем неколку часа.

Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и послужете во чаши со мраз.

Совети

  • Сангријата секогаш се служи ладна.
  • Од овошје можете да користите портокали, лимони, лимета, јаболка, праски, јагоди, боровинки, ананас, манго, грозје, диња и сл.
  • Наместо шеќер можете да ставите мед.

Искористете ја својата фантазија и креативност и направете своја оригинална сангрија, којашто ќе ја памети целото друштво.

Традиционална сангрија – ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.