Каролина Гочева и AVON одбележаа една година соработка. Македонската пејачка денес присуствуваше на промотивен настан во Brick Bar во Скопје, каде се појави во бел фустан-кошула и минималистички сандали.
Ријана беше фотографирана во Њујорк во необично издание со крзнена наметка во форма на срце. Креацијата е дело на модната куќа Сен Лоран и чини 12.500 евра.
Како една од најголемите холивудски обожавателки на Ели Сааб, Наоми Вотс избра креација од популарниот либански дизајнер за гостувањето на Филмскиот фестивал во Венеција.