ВИДЕО: Трејлерот за втората сезона од „The Handmaid’s Tale“ ќе ве наежи
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Трејлерот за втората сезона од „The Handmaid’s Tale“ ќе ве наежи

ВИДЕО: Трејлерот за втората сезона од „The Handmaid’s Tale“ ќе ве наежи

Само еден месец нè дели од почетокот на втората сезона на „The Handmaid’s Tale“. Екипата на популарната серија објави нов трејлер за претстојните епизоди кој ќе ги наежи обожавателите на телевизиското шоу.

Погледнете го видеото:

Серијата има елементи на дистописки жанр и го проблематизира местото на жената во едно репресирано општество. Дејството е сместено во републиката Галад, во некоја неодредена, но блиска иднина. Теократскиот режим во Галад е воспоставен по државниот удар кој резултира со соборување на владата на САД. Новиот тоталитарен режим како своја основа зема една епизода од Стариот Завет. Оваа библиска приказна раскажува за бездетната Рахил која го убедува својот сопруг да ја оплоди нивната слугинка Вала. Вала забременува, а бидејќи таа е сопственост на Рахил, мора да ѝ го предаде детето како да е нејзино. Властите на републиката Галад ја радикализираат оваа христијанска приказна и ја ставаат во служба на искоренување на проблемот со стерилитетот кој од непознати причини е масовна појава.

Приказната за робинката

Робинките се особено ценети во Галад поради тоа што се сметаат за плодни. Нивната функција е да го решат проблемот со опаднатиот наталитет и да обезбедат потомство за владејачката класа. Меѓутоа, тие не се сметаат за индивидуи, немаат никакви права, а нивната важност се сведува само на нивните репродуктивни органи. Телата на робинките се искористувани исклучиво за извршување на обредното оплодување, а притоа им е забранет секој акт на субјективност, индивидуалност и мислење. Робинките им се доделувани на брачни парови од владејачката класа со цел да им родат дете.

Приказната за робинката Приказната за робинката

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8610 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.