Кети Пери со својот настап го означи крајот на концертот „Celebrating America“ по инаугурацијата на Џо Бајден.
Поп ѕвездата ја пееше „Firework“ додека зад неа огромен, разнобоен огномет го осветлуваше небото над Вашингтон.
Видеото ја следи Пери, но и ги прикажува Џо и Џил Бајден и Камала Харис и Даглас Емхоф како уживаа во несекојдневниот пиротехнички спектакл.
Видео
Пери носеше бела креација од Thom Browne и обувки од брендот Jimmy Choo.



