Почетна » Новости » Актуелно » ФОТО: Џо Бајден и официјално е новиот претседател на САД, д-р Џил Бајден стана Прва дама

ФОТО: Џо Бајден и официјално е новиот претседател на САД, д-р Џил Бајден стана Прва дама

На церемонија на скалите на Капитол Хил, Џо Бајден положи заклетва и официјално стана 46-тиот Претседател на САД.

Бајден

„Народот, волјата на народот е слушната и волјата на народот е испочитувана. Повторно научивме дека демократијата е скапоцена. Демократијата е кревка. Во овој час, мои пријатели, демократијата преовлада“ – рече во својот говор 78-годишниот политичар.

„На овој јануарски ден, целата моја душа е насочена кон ова: Обединување на Америка, обединување на нашите луѓе, обединување на нашата нација. И гo повикувам секој Американец да ми се приклучи во оваа цел. Обединети да се бориме со непријателите со кои се соочуваме: бес, огорченост, омраза, екстремизам, беззаконие, насилство, болест, невработеност и безнадежност. Со обединетост, можеме да направиме многу нешта, важни нешта. Можеме да исправиме неправдини“ – порача тој.

За време на заклетвата, неговата сопруга, Џил Бајден, ја држеше старата библија која е во семејството Бајден од 1893 година.

Бајден

69-годишната професорка и авторка сега ја има титулата Прва дама на САД.

За значајната церемонија, таа избра стајлинг во нежна сина нијанса која симболизира спокојство и стабилност. Палтото е украсено со сваровски кристали, а е дизајнирано од Александра О’Нил од њујоршкиот бренд Markarian.

Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден Бајден

Камала Харис денес испиша историја со стапувањето на функцијата потпретседателка на САД. 56-годишната политичарка и адвокатка не само што е првата жена, туку е и првата Афроамериканка и првата личност со азиско потекло која застанува на оваа висока позиција.

Харис

Харис беше придружувана од сопругот Даглас Емхоф, со кого е во брак од 2014 година.

Харис Харис Харис Харис Харис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11459 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.