„Hot Problems“ е нова песна која е споредувана со хитот на Ребека Блек, „Friday“. Спотот на песната, во кој две немузикални девојки пеат колку се „жешки“, досега има над милион прегледувања на YouTube. Погледнете го видеото тука.
Пол Мекартни објави три видеозаписи за својата балада „My Valentine“. Во првиот спот главното лице е Натали Портман, во вториот е Џони Деп, а во третиот се појавуваат и двете филмски ѕвезди. Погледнете ги тука.
Џеси Џеј го објави спотот за својот најнов сингл „LaserLight“. Во видеото, 24-годишната пејачка танцува на ритамот на оптимистичките звуци на песната, под светлата на диско ласери. Погледнете го спотот тука.
Дрејк го објави спотот за дуетот со Ријана насловен „Take Care“. Во видеото двете музички ѕвезди се прегрнуваат и милуваат, а сцените со нив се измешани со забавени артистички снимки од животни и танчар. Погледнете го спотот тука.
Во спотот за „Dance Again“ Џенифер Лопез и нејзиното 24-годишно момче ја покажуваат својата страст преку жешки танци и многу допири. Погледнете го видеото тука.
По успешната соработка за песната „On The Floor“, Џенифер Лопез повторно го побара Питбул за уште еден денс-поп хит. „Dance Again“ е резултатот на нивната најнова музичка соработка, а се предвидува дека ќе го продолжи успехот на „On The Floor“. Слушнете ја песната тука.
Енрике Иглесијас и Дев направија видеозапис за својот дует „Naked“. Во спотот двајцата пејачи се во Лас Вегас и неколкупати се среќаваат, разменувајќи си тајни насмевки. Погледнете го видеото тука.
Во спотот за песната „Girl Gone Wild“, Мадона танцува со вртоглаво високи потпетици, победувајќи ја гравитацијата. Во неколку сцени од видеото, 53-годишната пејачка танцува со полуголи млади мажи качени на високи штикли. Погледнете го спотот.
Објавен е видеозаписот на Калиопи за песната „Црно и бело“ со која Македонија ќе се претстави на 57. издание на Евровизија. Спотот е во режија на Александар Ристовски Принц, а е снимен во Битола. Погледнете го тука.
Жељко Јоксимовиќ ќе ја претставува Србија на Евровизија 2012 со песната „Није љубав ствар“. Со моќната балада Жељко ја презема тешката задача да го надмине успехот на „Лане моје“ и да си замине како победник. Слушнете ја песната тука.
Аврил Лавињ ги изненади своите фанови со неочекувано секси спот. За да го означи крајот на својата „Black Star“ турнеја, 27-годишната пејачка го објави спотот за баладата „Goodbye“. Погледнете го тука.