„Сакам да видам пеги!“: Меган Маркл стана уредничка на „Вог“, на корица постави импресивни жени во природно издание
Почетна » Новости » Мода » „Сакам да видам пеги!“: Меган Маркл стана уредничка на „Вог“, на корица постави импресивни жени во природно издание

„Сакам да видам пеги!“: Меган Маркл стана уредничка на „Вог“, на корица постави импресивни жени во природно издание

Меган Маркл привремено влезе во улогата на уредничка и помогна во создавањето на септемвриското издание на британскиот „Вог“.

Војвотката од Сасекс избра 15 импресивни жени на кои им се восхитува да бидат ѕвезди во изданието посветено на промените, со цел да го прослави нивното влијание во реформирањето на општеството на радикални и позитивни начини.

Активистки, писателки, актерки и политичарки, кои се залагаат за правата на жените, менталното здравје, климатските промени, ЛГБТ заедницата и прифаќањето на различностите, позираа пред објективот на фотографот Питер Линдберг.

37-годишната сопруга на принцот Хари барала од реномираниот фотограф да се потруди ѕвездите на корицата да бидат прикажани во природно издание. „Инструкциите за мене од Војвотката беа јасни: 'Сакам да видам пеги'. Тоа беше како да трчам низ отворени врати. Обожавам пеги“ – раскажал Линдберг.

Вог

Меѓу 15-те жени се и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, актерките Салма Хајек и Џејн Фонда, моделот Кристи Тарлингтон и Грета Тунберг.

На 16-тото место на насловната страница е поставено огледало, кое ќе го рефлектира ликот на читателот, со цел да го охрабри да се бори за позитивни промени во современото општество.

Вог

„Се надевам дека читателите ќе се чувствуваат инспирирани, исто како и јас, од силите на промената кои ќе ги пронајдат на овие страници“ – изјавила Меган.

„Како што ќе видите низ нејзиниот избор за целото списание, Меган е подготвена да влезе во покомплексни области, без разлика дали тие се однесуваат на женската еманципација, менталното здравје, раса или привилегија. Од самиот почеток зборувавме за насловната страница – дали таа ќе биде на корицата или не. На крајот, таа сакаше да се фокусира на жените на кои им се восхитува“ – вели уредникот Едвард Енинфул.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3946 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.