Билјана Јаневска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис туризам во Малезија
Почетна » Новости » Мода » Билјана Јаневска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис туризам во Малезија

Билјана Јаневска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис туризам во Малезија

Билјана Јаневска ќе ја претставува нашата земја на изборот за Мис туризам во Малезија. Поради коронавирусот, овојпат натпреварот ќе се одржи онлајн на 17 јануари следната година.

На изборот ќе учествуваат убавици од вкупно 31 земја.

Билјана Јаневска

За македонската манекенка Мис туризам е најубавото нешто што ѝ се случило оваа година. „Miss Tourism International 2020/21 е најубавото нешто што можеше да ми се случи оваа година. Иако беше доста тешка за мене. Го изгубив својот татко. Изборот за Мис ми ги оттргна мислите. За жал, поради КОВИД-19 пандемијата сме спречени да патуваме во Малезија, но изборот виртуелно ќе се одржи на 17 јануари догодина. Се надевам дека ќе ја направам горда својата земја и дека нема да ја разочарам. Чест и привилегија е да се биде рамо до рамо со останатите земји кои учествуваат и за мене е голем престиж“ – изјави Билјана за Femina.mk и им се заблагодари на Олег Дементиенко и Panter Models.

Билјана Јаневска Билјана Јаневска Билјана Јаневска Билјана Јаневска Билјана Јаневска Билјана Јаневска

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.