Почетна » Новости » Истражувања » Недоволното спиење го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар

Недоволното спиење го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар

Легнувањето доцна навечер и станувањето рано следното утро е рецепт за срцев удар, предупредуваат научниците.

Недоволното спиење поради динамичниот начин на живот има огромни последици врз здравјето. Спиењето помалку од 6 часа дневно го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Жена што спиеНедоволното спиење има сериозни последици врз здравјето

Научниците откриле дека кај луѓето кои спијат помалку од 6 часа дневно, ризикот од појава на срцев удар се зголемува дури со 50%, а ризикот од мозочен удар со 15%.

За да дојдат до овој заклучок, истражувачите ги проучувале навиките за спиење на 475 000 учесници во 15 студии низ 8 држави, меѓу кои САД, Јапонија, Велика Британија, Германија и Шведска.

Освен што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, недостатокот на добар сон влијае негативно и на хормоните лептин и грелин, кои го контролираат апетитот.

Спиењето го покачува нивото на грелин и го зголемува гладот, а го намалува нивото на лептин кој ни го создава чувството за ситост. Како резултат на тоа, луѓето кои помалку спијат јадат повеќе, почесто се прејадуваат и почесто страдаат од дебелина или висок крвен притисок, кои од своја страна водат до зголемен ризик од срцев и мозочен удар.

Експертите препорачуваат да се спие најмалку 6-7 часа дневно и предупредуваат дека поспаноста и желбата за спиење подолго од 9 часа дневно може да биде сигнал за болест на срцето.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари за оваа статија. Вашиот може да биде првиот!

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9916 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter