Почетна » Новости » Занимливости » dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии на производи

dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии на производи

Имајќи предвид дека женското око секогаш пронаоѓа нешто неодоливо во dm маркетите, уверени сме дека новата длабока соработка на Фемина со dm ќе го заскокотка вашето љубопитство.

dm и Фемина

Имено, dm станува првата компанија со свој верификуван профил на форумот на Фемина! Сега веќе ќе можете директно од dm да добиете одговор на вашите прашања поврзани со производите, цените, продавниците, како и да се информирате за најновите производи кои ја збогатуваат понудата на dm, за актуелните попусти и акции.

„Љубезното советување и добриот пристап до купувачите се суштински дел од нашата филозофија. Токму затоа решивме со нашето присуство на форумов да се обидеме уште повеќе да се доближиме до Вас – нашите ценети потрошувачи. Не залудно изреката «Тука сум човек тука купувам» во центарот го става човекот како индивидуа“ – пишуваат од dm во своето прво мислење на форумот.

Подароци и рецензии на производи

Kако компанија која е фокусирана на потрошувачите, dm редовно ќе организира акции и ќе им доделува производи на членовите на форумот со цел пишување рецензии.

„Следејќи ги светските трендови, континуирано ќе обезбедуваме производи за рецензии. Секој месец ќе доделуваме 20 производи на активни форумџики кои потоа би ги замолиле да напишат рецензија за производите.“

Рецензиите ќе ви даваат реална слика за бројните производи кои можете да ги најдете во dm маркетите, сè со цел да можете да го направите совршениот избор.

Првиот подарок од dm е колекција со екстракт од манго и алое вера од Baleа, која вклучува:

  • Balea шампон за сува и оштетена коса, 250 ml;
  • Balea балсам за сува и оштетена коса, 200 ml;
  • Balea млеко за сува и оштетена коса, 200 ml.
Balea

Доколку сакате да поставите прашање, да се информирате од прва рака за активностите и производите на dm или пак да се пријавите за да добиете подарок и да напишете рецензија, кликнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27123 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.