Заедно до Средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетес
Почетна » Новости » Занимливости » Заедно до Средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетес

Заедно до Средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетес

Во текот на утрешниот ден (9 ноември), од 10 до 13 часот, Сојузот на здруженија на дијабетичари организира настан за сите љубители на спортот и здравите животни навики, со цел да се подигне свесноста за дијабетесот, како и да се едуцира општата јавност за важноста на семејството во третманот и разбирањето на потребите на лицата со дијабетес.

Рекреативното искачување на Водно

Рекреативното искачување на Водно е дел од овогодинешните активности поврзани со Светскиот ден за борба против дијабетес. Настанот започнува со средба на учесниците во 10 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ по што планирано заедничко искачување до Средно Водно. За секој учесник предвидена е редовна контрола на гликемиите, како и пакет за освежување. Оние кои не можат да испешачат, може да ги искористат редовните автобуските линии на ЈСП и да се придружат на паркингот на Средно Водно каде продолжува дружењето. На искачувачите ќе им се придружи и група од велосипедисти, поддржувачи на борбата против дијабетесот, кои со симболична кружна рута преку Средно Водно и Пантелејмон до ОУ „Кочо Рацин“ ќе го извозат т.н. син круг кој е всушност знакот на лицата со дијабетесот.

Уште една одлична можност за сите ентузијасти и љубители на рекреативното планинарење да го искористат викендот за рекреација, но и активно да се вклучат и да ја поддржат иницијативата. На настанот ќе земат учество и претставници на разни компании, како и секој оној кој доброволно сака да се приклучи и да даде поддршка.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2742 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?