Аџибадем Систина и Орка Холдинг: Над 150 соби од хотел Ибис ќе бидат за лица сомнителни на коронавирус
Почетна » Новости » Занимливости » Аџибадем Систина и Орка Холдинг: Над 150 соби од хотел Ибис ќе бидат за лица сомнителни на коронавирус

Аџибадем Систина и Орка Холдинг: Над 150 соби од хотел Ибис ќе бидат за лица сомнителни на коронавирус

„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на Хотелот Ibis Styles (поранешната болница Мала Богородица - Систина).

Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции. Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“.

Хотелот Ibis Styles има капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали. Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот Ibis Styles, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на Ibis Skopje City Center хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.

На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината.

Претходно „Аџибадем Систина“ објавија дека целиот нивни персонал од 1.000 медицински лица ќе се вклучи во борбата против КОВИД-19 и ќе ги стават на располагање сите слободни 27 респиратори за заболените од вирусот.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 96%
  • 4%
Се испраќа...

(Вкупно: 2129 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?