51-годишна жена го роди своето прво внуче за ќерка ѝ која се бори со неплодност да стане мајка
Почетна » Новости » Животни стории » 51-годишна жена го роди своето прво внуче за ќерка ѝ која се бори со неплодност да стане мајка

51-годишна жена го роди своето прво внуче за ќерка ѝ која се бори со неплодност да стане мајка

Џули Лавинг ѝ ја оствари најголемата желба на својата ќерка – да стане мајка.

51-годишната жена од Чикаго го износи и роди своето прво внуче, бидејќи нејзината ќерка Бреана четири години се борела со неплодност.

Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана

Кога гледала колку страда Бреана поради тоа што не може да има успешна бременост, Џули не се двоумела за да се понуди да влезе во улога на сурогат.

„Мајка ми беше суперѕвезда во целиот процес на породувањето. Ме оставаат без здив жртвите кои ги направи за да го донесе на овој свет нашето мало ангелче. Чувствувам дека срцето ќе ми експлодира секојпат кога ја држам ќерка ми во рацете“ – вели Бреана.

Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана

Бреана постојано споделува искрени приказни за својата борба со неплодноста. Таа доживеала два спонтани абортуси, од кои еден на близнаци, примила бројни терапии и инјекции и имала неколку хируршки зафати, но никако не можела да има успешна бременост.

„Многу емоции ми навираат кога гледам во оваа фотографија. Сметам дека само жените кои минале низ ин витро оплодување можат да видат убавина во шприцеви и игли. Знаев дека сакам да ги зачувам сите нив, со надеж дека еден ден ќе можам да ја создадам ОВАА фотографија“ – напиша Бреана во описот на фотогрфија од круг од шрицеви и снимка од ултразвук.

Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана Џули Лавинг и Бреана

Бреана цели да ја подигне свеста кај луѓето за неплодноста и вели дека таа се случува многу почесто отколку што си мислиме. Еден на осум парови се бори со неплодност. Голема е веројатноста тоа да е некој кој го познавате.

„1 на 8 парови, 7,4 милиони луѓе, некој кој го познавате, некој како мене. Не се срамете од вашата приказна, таа ќе ги инспирира другите“ - пишува таа.

Џули Лавинг и Бреана

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6785 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.