Почетна » Новости » Животни стории » Една е мајка: 51-годишна жена го носи и ќе го роди бебето на ќерка си која се бори со неплодност

Една е мајка: 51-годишна жена го носи и ќе го роди бебето на ќерка си која се бори со неплодност

Мајките би направиле сè за да ги видат среќни своите деца. Жена од Чикаго ќе ѝ го подари на ќерка си најубавиот подарок на светот – детенце.

Имено, Џули на 51 година е бремена и го носи првото дете на својата ќерка Бреана, која долги години се бори со неплодност.

Оваа прекрасна приказна ја сподели среќната Бреана заедно со две фотографии.

Бреана и Џули

Прочитајте ја целата порака:

Велат „Потребно е цело село за да се одгледа едно дете“, но за некои потребно е цело село за да се ДОБИЕ дете...

Среќни сме што објавуваме дека конечно НАШЕТО БЕБЕ е на пат!

Направено со многу љубов и малку наука...

Бебето Локвуд ќе дојде на овој свет со помош на сурогат-мајка, а жената којашто го носи ова мало чудо е специјална личност.

МОЈАТА МАЈКА.

Мајка ми го носи и ќе го роди нашето бебе!

Најголемиот поддржувач во мојот живот ќе ни го даде најголемиот благослов. Мојата прекрасна мајка го носи своето прво внуче.

Надминувајќи ги шансите на 51-годишна возраст, таа ги поместува границите на репродуктивната медицина, како ЕДНА од неколкуте сурогат-мајки во светот која ќе го донесе своето внуче на овој свет.

Обидите и турбуленциите на неплодноста беа несомнено најтешкиот потфат со кој моравме да се соочиме во нашите животи.

Накратко тоа вклучуваше:

1.311 денови

476 инјекции

64 земања на крв

7 хируршки зафати

3 пункции на јајце клетки

19 замрзнати ембриони

8 ИВФ трансфери на замрзнати ембриони

4 неуспешни трансфери на ембрион

1 спонтан абортус

1 спонтан абортус на близнаци

1 ектопична бременост

Безброј солзи

Споделувањето на оваа авантура со мајка ми е најуникатното и најневеројатното искуство. Сурогатството е навистина најнесебичниот подарок. Тоа е чист пример за тоа дека човек би направил сè за своите деца. И ако јас успеам да бидам барем половина мајка од тоа што ми е таа мене, ќе знам дека правам нешто како што треба.

Бреана цели да ја подигне свеста кај луѓето за неплодноста и вели дека таа се случува многу почесто отколку што си мислиме. Еден на осум парови се бори со неплодност. Голема е веројатноста тоа да е некој кој го познавате.

„1 на 8 парови, 7,4 милиони луѓе, некој кој го познавате, некој како мене. Не се срамете од вашата приказна, таа ќе ги инспирира другите“ - пишува таа.

Бреана и Џули

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.