Девојка, која ги прикривала дамките од витилиго со шминка, блесна на денот на свадбата откако научи да се сака себеси
Почетна » Новости » Животни стории » Девојка, која ги прикривала дамките од витилиго со шминка, блесна на денот на свадбата откако научи да се сака себеси

Девојка, која ги прикривала дамките од витилиго со шминка, блесна на денот на свадбата откако научи да се сака себеси

Девојка која има витилиго ја пронашла својата вистинска љубов откако научила да се сака и прифаќа себеси онаква каква што е.

Тифани Тејлор развила кожно заболување наречено витилиго кога имала само 14 години. Засрамена од својот изглед, таа поминувала неколку часови дневно за да ги покрие белите дамки со помош на шминка и спрејови за тен. Тифани воопшто не помислувала дека еден ден ќе биде невеста и дека ќе пронајде некој кој искрено ќе ја сака.

„Не мислев дека некој некогаш ќе ме сака и дека ќе ме гледа како атрактивна, бидејќи јас не се гледав така“ – вели таа.

Но, откако еднаш научила да се сака себеси, започнала и да прифаќа и да дава љубов. Тифани се вери со своето момче во ноември минатата година, а на почетокот од месецов, стапија во брак.

На свадбените фотографии, среќната невеста има само минимална шминка на очите и усните.

Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор

Инспирирана од Вини Харлоу, која некогаш била нарекувана зебра, а сега е успешен модел, Тејлор објавила реална фотографија од себе на Instagram. Позитивниот фидбек кој го добила ѝ бил доволен доказ дека нема од што да се срами.

Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор

„Процесот на самоприфаќање траеше три месеци. Сфатив дека во најголем ден од времето по дијагнозата ја криев мојата кожа од сите, па и од себеси. Сега се чувствувам одлично. Учам да си ја сакам кожата онаква каква што е и конечно прифатив дека ова е надвор од моја контрола.“

„Започнав да им посветувам сè повеќе внимание на Вини Харлоу и на други жени со витилиго кои избрале да ја прифатат својата кожа. Тие изгледаат среќно, а не мизерно како што си мислев дека ќе изгледам јас ако го направам тоа. Започнав да ставам сè помалку и помалку шминка и еден ден избрав да не користам воопшто. Тоа не беше крај на мојот свет.“

„Добив позитивен фидбек од моите пријатели и од семејството пред кои се плашев да ја покажам мојата кожа. Ја означив Вини на мојата фотографија и таа ја сподели.“

Тифани Тејлор Тифани Тејлор

„Отсекогаш сакав да ја прифатам мојата кожа. Таа е дел од мене и ме прави уникатна. Повеќе не мора да се грижам дека ќе оставам шминка на секој што ќе го гушнам“ – вели Тифани.

Таа ги советува сите девојки да се сакаат онакви какви што се, бидејќи само така ќе го пронајдат својот внатрешен мир.

„Мораш да се прифатиш себеси. Тоа е првиот чекор кон пронаоѓање мир. Ова е твоето тело и ти не направи ништо за да го причиниш ова. Не треба да го прикриваш тоа што те прави уникатна. Сакај се себеси и сакај ги другите. Откако ја покажав мојата кожа, ми се обнови желбата за живот“ – порачува таа.

Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор Тифани Тејлор

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9634 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.