„CV“ е кратенка за „Curriculum Vitae“, што во буквален превод би значело „историја на животот“. Кај нас се нарекува и резиме или автобиографија. Тоа е документ, во кој се опишуваат вашите квалификации, образование и работно искуство. Точно тој документ, заедно со мотивационото писмо, го формираат првиот впечаток за вас кај потенцијалниот работодавач. Целта на овој документ е да ви обезбеди интервју.

Во денешно време сите огласи за работа бараат од вас да испратите CV и мотивационо писмо, за работодавачите лесно да можат да проценат кои кандидати се посоодветни за конкретното работно место.
Затоа, на CV-то треба да гледате како на маркетинг документ, со кој што можете да ги „продадете“ вашите способности и квалификации и да ја добиете работата која ја посакувате.
Секое CV треба да содржи неколку основни секции со информација за вас.
Лични податоци
Во оваа секција задолжително треба да ги воведете вашето име и презиме, датата на раѓање, телефон за контакт и e-mail. Не е лошо да ја посочите и вашата адреса, за работодавачот да може да се ориентира дали живеете во удобна област, иако тоа најчесто не е важно.
Сите други податоци се непотребни, освен ако не се бара од вас подетално да се опишете како личност.
Образование
Воопшто не се препорачува да започнете од информацијата за вашето основно образование. Прво посочете го највисокиот степен на образование, кој сте го завршиле и враќајте се наназад.
Ако имате завршено некои специјализирани курсови, поврзани со позицијата за која кандидирате, посочете ги во CV-то.
Работно искуство
Во оваа секција се дава информација за вашето работно искуство, претставена во обратен хронолошки редослед т.е. започнувате од последното работно место.
Можете да дадете и краток опис на вашата претходна позиција, основните дејности со кои сте се занимавале и вашите постигнувања.
Други способности
Во оваа секција можете да посочите: познавање на странски јазици, компјутерски познавања, објавени книги, статии и сл. Кога станува збор за познавањето на странски јазици, важно е да посочите кое ниво на читање, зборување и пишување го владеете.
Посочете ја секоја компјутерска програма, со која можете да работите. Внимавајте, затоа што изгледот на CV-то може многу да каже за вашите компјутерски способности и познавања.
Интереси и постигнувања
Информацијата за вашите интереси и постигнувања не е задолжителна, но се препорачува да ја внесете. Со тоа вашиот потенцијален работодавач ќе добие претстава за вас како личност.
Посочете ги вашите хобија, но не претерувајте со долг список, затоа што може да оставите впечаток дека го „пополнувате“ CV-то со не толку важни податоци. Можете да ги наброите и сите релевантни награди и признанија, кои ги имате придобиено.
Дополнителна информација
Во зависност од позицијата за која што кандидирате, потребно е да прецените која друга информација може да ви помогне да се издвоите од другите кандидати и да добиете шанса да докажете дека сте вистинската личност за таа позиција.
Можете да го посочите вашиот семеен статус, поседувањето на возачка дозвола и сл.
Многу често кандидатите за интервју прават грешки во пишувањето на автобиографијата. Некои од тие грешки, кои не треба си дозволите и вие да ги имате се:

Не заборавајте дека со помош на автобиографијата вие треба да се „продадете“ кај потенцијалниот работодавач. Ако не можете сами да ги отстраните овие грешки, побарајте помош од некого.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (4)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.