Почетна » Кариера » Барање работа » Мотивационото писмо – чекор по чекор

Мотивационото писмо – чекор по чекор

Секогаш кога кандидирате за работа, заедно со CV-то, треба да испратите одлично мотивационо писмо. Мотивационото писмо ви дава можност да му се претставите на вашиот потенцијален работодавач на покреативен и поразличен начин од CV-то.

Жена пред компјутер
Пред да започнете да го пишувате мотивационото писмо, размислете за вашето досегашно искуство и дознајте што повеќе за фирмата за која кандидирате.

Пред да започнете

Пред да започнете со пишувањето на мотивационо писмо, потребно е да се подготвите. Еве неколку совети како да го направите тоа:

  • Размислете за вашето досегашно искуство. Помислете како би го сврзале вашето досегашно работно искуство со компанијата и позицијата, за која кандидирате. Кои се вашите способности и постигнувања, кои би се оцениле како корисни од компанијата? Направете си накратко список, за да ви биде полесно кога ќе започнете со пишување.
  • Од каде научивте за отвореното работно место? Ако за слободното работно место научивте преку пријател или роднина, споменете го неговото име. Доколку се информиравте за оваа можност преку објава, добро запомнете кои услови треба да ги исполнувате. Потоа, во писмото и CV-то обидете се да наведете како вие одговарате на тие барања.
  • Научете што повеќе за компанијата. Побарајте информација за компанијата на интернет или во весниците. Размислете што ве привлекува и мотивира да работите за таа компанија.
  • Дознајте кој е задолжен за вработувањата. Лош впечаток оставаат мотивационите писма, кои не се наменети за дадена личност. Издвојте си малку време и јавете се во компанијата или прегледајте го пак огласот, за да го дознаете името на личноста задолжена за нови вработувања.

Што треба да содржи мотивационото писмо?

Мотивационото писмо не треба да биде премногу долго, затоа што така се „разводнува“ информацијата. Бидете практични и обидете се мотивационото писмо да ви опфаќа само една стандардна страница во А4 формат.

  • Почеток. Во горниот дел на страницата оставете лични податоци: вашето име и презиме, адреса, телефон за контакт и e-mail.

  • Првиот параграф. Тоа е воведниот дел на вашето писмо и е многу важен, поради тоа што веднаш треба да го привлече вниманието на оној кој го чита. Во него треба да кажете од каде сте разбрале за слободното работно место (пријател, вработен во компанијата, објава во весник или реклама).

    Доколку за работното место ви соопштил вработен во компанијата, не започнувајте со „Мојот пријател Х ми кажа дека имате слободно работно место, па затоа решив да ви пишам“. Наместо тоа, покажете повеќе ентузијазам и напишете „Бев пресреќна, кога мојот пријател Х ми кажа дека се отвори слободно место во вашата компанија“.

  • Вториот параграф. Опишете ги накратко вашите квалификации (способности, постигнувања), но не навлегувајте во детали. Одберете три ваши способности, кои мислите дека би биле високо ценети од компанијата и фокусирајте се на нив. Останатите детали треба да ги посочите во CV-то.
  • Третиот параграф. Тука е местото да докажете дека сте направиле истражување и знаете многу за компанијата, за која кандидирате и пазарот на кој што дејствува. Посочете што ве мотивира да кандидирате точно за таа компанија и како можете да придонесете за неа. Наведете зошто вие сте идеалниот кандидат за таа должност.

  • Завршеток. Спомнете дека сте испратиле CV и дека ќе се радувате ако издвојат време за да се сретнете лично.

Совети

Еве неколку совети, кои ако ги следите ќе придонесат за подобрување на вашето мотивационо писмо.

Бизнис жена
Мотивационото писмо треба да биде организирано и без печатни и граматички грешки.
  1. Мотивационото писмо не е есеј. Многу често луѓето сметаат дека стилот на пишување за мотивационото писмо треба да биде ист како за есеј, но тоа не треба да биде така. Стилот на пишување не треба да биде премногу „филозофски“.
  2. Параграфите треба да бидат видливо одделени. Мотивационото писмо треба да има убав изглед и лесно да може човек да се ориентира во него.
  3. Не експериментирајте многу со дизајн или фонтови. Ако кандидирате за посериозна позиција, вашето писмо треба да има формален изглед. Доколку кандидирате за позиција дизајнер, можете да експериментирате со малку боја и понестандардни фонтови, но сето тоа да е направено со вкус.
  4. Внимавајте за грешки. Печатните и граматичките грешки не треба да бидат дел од мотивационото писмо. Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа пак прочитајте го писмото неколку пати.
  5. Побарајте критика. Побарајте некој ваш близок да го прочита писмото и да ви даде конструктивна критика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.