Почетна » Кариера » Барање работа » Истакнете се со мотивационото писмо

Истакнете се со мотивационото писмо

Мотивационото писмо е задолжителен дел од документите со кои кандидирате за работа, па затоа не треба да го занемарите. Тоа ќе ви помогне да се истакнете од другите кандидати и ќе ве доближи до посакуваното работно место. Сите знаеме колку е тешко денес да се најде убава работа. Конкуренцијата на пазарот на трудот е преголема, за да си дозволите да ја игнорирате важноста на мотивационото писмо.

Истакнете се од другите.
Мотивационото писмо треба да ве истакне од другите кандидати.

Преку мотивационото писмо вие ја добивате првата шанса да комуницирате со вашиот потенцијален работодавач, со ваши зборови. Внимателно избирајте што ќе содржи вашето мотивационо писмо и следете ги следните совети.

  1. Адресирајте го писмото до конкретна личност. Логично е да очекувате од компанијата да оддели време, за да ги разгледа вашите документи за кандидирање, но и вие треба да издвоите малку време, за да проучите кон кого треба да се обратите преку мотивационото писмо. Јавете се во фирмата за која кандидирате или разгледајте го нејзиниот веб сајт, со цел да дознаете која е личноста задолжена за новите вработувања.
  2. Не кандидирајте во многу фирми со исто мотивационо писмо. За да го привлечете вниманието на дадена компанија, потребно е да кандидирате со писмо, кое содржи специфична информација за сферата на дејност на таа компанија и проблемите со кои се соочува. Вклучете неколку реченици со кои ќе покажете зошто сакате да работите точно на таа позиција. Направете мало истражување во весниците или на сајтот на компанијата. Потоа внесете го во писмото, тоа што сте го научиле. Со тоа ќе му покажете на потенцијалниот работодавач дека сте заинтересирани конкретно за неговата компанија и дека сте информирана и мотивирана личност.
  3. Брзо стигнете до важното. Лицата задолжени за нови вработувања постојано читаат долги и досадни писма и автобиографии. Вие треба да бидете директни. Направете краток вовед и потоа веднаш преминете кон вашите специфични квалификации и работно искуство. Ако кандидирате за позиција во областа на маркетингот, посочете некој пример од претходното ваше работно искуство, кој е тесно поврзан со таа сфера. Не треба само да кажете колку сте мотивирани, а треба и да дадете пример, кој ја покажува вашата мотивација.
  4. Внимавајте на печатните и граматичките грешки и на изгледот. Неуредните мотивациони писма, во кои речениците изгледаат како нафрлани, без да оформуваат целина, не оставаат убав впечаток. Печатните и граматичките грешки укажуваат на несериозност и недоволна мотивираност и заинтересираност. Затоа е потребно да го прочитате писмото неколку пати, да му дадете убав изглед и да се осигурате дека нема грешки.
  5. Не составувајте пасивен крај. Бидете поактивни. Преземете ја иницијативата и наместо да завршите со фразата „Со нетрпение го очекувам вашиот одговор“, напишете „Ќе воспоставам контакт со вас наредната недела, за да се сретнеме кога ќе ви биде удобно“.

Коментари (0)

Сè уште нема коментари за оваа статија. Вашиот може да биде првиот!

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9912 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter