Зајакнете го имунитетот преку исхраната
Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Зајакнете го имунитетот преку исхраната

Зајакнете го имунитетот преку исхраната

Превенцијата е секогаш подобра од било кој лек. За вашиот организам да може да се бори против вирусите и бактериите кои се кријат буквално насекаде, потребно е да имате силен имунолошки систем. Токму затоа, во овој период од годината секој се обидува да го зајакне својот имунитет.

Постојат различни начини да си го подобрите имунитетот, но еден од најефективните е преку исхраната. Балансираното хранење му ги дава на телото сите хранливи материи потребни за борба против болестите. Еве која храна не треба да ја прескокнувате ако се обидувате да го зајакнете вашиот имунитет.

Зелен чај

Зелен чајЗелениот чај го заштитува телото од грип и настинка

Чајот е богат извор на полифеноли и други супстанции кои го заштитуваат телото од грип и настинка. Супстанцијата EGCG (epigallocatechin gallate), која ја има во зелениот чај, е моќен антиоксиданс и одличен сојузник во борбата против ракот. Некои истражувања покажуваат дека EGCG го спречува размножувањето на вирусите, па несомнено го зајакнува и имунитетот. Нема да погрешите и ако наместо зелен изберете црн чај.

Лук

Популарноста на лукот како заштитник на здравјето стана многу поголема минатата зима, кога се распространи свинскиот грип. Лукот е чудотворно растение. Тој ја содржи супстанцијата алицин, за која е познато дека има антибактериско, антивирусно и антигабично дејство. Неговиот мирис е одбивен за многу луѓе, но вреди да се поднесе со цел да се подобри имунитетот.

Брокули

Брокулите се достапни во текот на целата година, а се исклучително важни за подобрување на имунитетот. Вкусот не треба да ве спречи да ги вклучите брокулите во секојдневната исхрана, затоа што тие се одличен извор на витамини А, Ц и Е, а покрај тоа се и природни заштитници од многу видови на рак. Најдобро е да ги консумирате без да ги готвите.

Остриги

Луѓето ги знаат остригите како еден од најмоќните афродизијаци. Веројатно е така затоа што тие се особено богат извор на цинк, којшто е неопходен за создавање на тестостеронот, кој од своја страна е одговорен за желбата за секс и кај мажите и кај жените. Но, остригите не треба да се сметаат само за храна која може да ви помогне во спалната, туку и за храна која може да ви го подобри целосното здравје. Цинкот е многу добар заштитник на телото од настинки и грип. Дури и мал недостаток на цинк во телото може да има силен негативен ефект врз имунитетот.

Јогурт

ЈогуртЈогуртот ја зголемува отпорноста на габични инфекции кај жените

Јогуртот содржи во себе пријателски бактерии кои му се неопходни на вашето тело за заштита од злонамерните бактерии и инфекции. Оние јогурти кои имаат живи или активни бактериски култури се најдобри за зајакнување на имунолошкиот систем. Јогуртот освен што е освежителен и вкусен, тој и ве заштитува од настинки и инфекции на горните дишни патишта. Жените имаат многу повеќе корист, затоа што јогуртот им ја зголемува отпорноста на габични инфекции.

Печурки

Печурките се нискокалорична храна, богата со железо, цинк, растителни влакна, есенцијални амино киселини и витамини. Одамна е познато дека печурките го стимулираат имунолошкиот систем и му помагаат на телото подобро да се брани од вируси и инфекции. Истражувањата покажале дека печурките имаат антивирален, анибактериски и антиканцероген ефект.

Бадеми

Една шака бадеми ќе му обезбеди на вашето тело над 50% од препорачаното дневно количество витамин Е и со тоа ќе го засили вашиот имунитет. Бадемите содржат и рибофлавин и ниацин, витамини од групата Б, а исто така и омега-3 масни киселини. Познато е дека ова вкусно овошје помага во заштитата на имунитетот од негативните ефекти на стресот.

За да го подобрите имунитетот максимално, потребно е да ја намалите консумацијата на мрсна храна и шеќер, а да ја зголемите консумацијата на вода. Друг сојузник на имунитетот е физичката активност, а голем непријател – стресот.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 5871 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.