Почетна » Здравје » Интимно » Табела за следење на менструалниот циклус

Табела за следење на менструалниот циклус

Преземи ја табелата [PDF]

Преземете ја табелата и испечатете ја во неколку примероци. Ако не можете да го отворите документот, инсталирајте Adobe Reader.

Пополнување на табелата

Започнете да ја пополнувате табелата на почетокот на вашата менструација, внесувајќи ги секој ден следниве податоци:

  • Ден во месецот. Запишете ја датата на која што ги пополнувате вредностите.
  • Сексуален однос. Означете ги со „X“ деновите кога сте имале сексуални односи.
  • Час на мерење. Внесете го часот кога сте ја измериле базалната температура. Препорачливо е секој ден да го правите мерењето во исто време (на пример: 7 часот наутро).
  • Базална температура. Мерете ја базалната температура секој ден и означувајте ја со точка соодветната вредност во колоната за тој ден. Користејќи права линија, поврзете ја нанесената точка со точката од претходниот ден.

    Пример 1: ако измерите температура 36,2°C, означете го со точка полето 20 во интервалот помеѓу 36 и 37 на тековниот ден.

    Пример 2: ако живата на термометарот се наоѓа на средината помеѓу 36,2°C и 36,3°C, означете го со точка полето 25 во интервалот помеѓу 36 и 37.

  • Цервикална слуз. Цервикалната слуз постојано се менува. Според дадените совети утврдете каква е вашата слуз (проѕирна, белузлава, густа, леплива, растеглива, малку, многу) и водејќи се од дадените скратеници пополнете соодветно во табелата.

    Пример: ако имате многу лизгава, растеглива и проѕирна слуз, ја запишувате буквата „Б“ во полето на соодветниот ден.

  • Положба на грлото на матката. Положбата на грлото на матката се одредува со помош на допир. Пополнете според скратениците дадени под табелата.

    Пример: ако тешко успевате да го допрете грлото на матката и забележите дека е меко и влажно, тогаш запишете „В“.

Следење на овулација

Толкување на табелата

Откако ќе ја пополните табелата, ќе забележите дека вредностите на левата страна се пониски од оние на десната. Причината за тоа е што во првиот дел од менструалниот циклус базалната температура е ниска, а во вториот, поради присуството на прогестерон – повисока.

  •      Овулација 
    Местото каде што температурата нагло се покачува (и потоа останува да биде висока и во наредните денови) го означува настапувањето на вашата овулација. Најверојатно овулацијата се случила пред тој скок (означено со зелена боја на сликата).
  •      Плодни денови 
    Периодот од 5 дена пред овулација до 2 дена по неа е најплодниот период, т.е. тогаш се најголеми шансите да забремените (означено со жолта боја).
  •      Осцилации на температурата 
    Се разбира, можни се осцилации на вашата телесна температура предизвикани од најразлични причини (било нагоре или надолу) и тоа е сосема нормално. Ако температурата нагло се покачи, а потоа веќе наредниот ден повторно опадне, тогаш најверојатно не се работи за овулација (означено со црвено на сликата). „Вистинската“ овулација освен што ќе ја покачи вашата температура, ќе ја задржи висока до појавувањето на менструација.

За да можете да ја предвидувате овулацијата, треба да пополните барем 2-3 табели. Откако ќе го сторите тоа, ќе забележите дека вашиот месечен циклус следи одреден шаблон.

За да добивате попрецизен резултат на нашиот календар на плодни денови, потребно ви е да го определите времетраењето на вашата лутеинска фаза. За да го направите тоа, започнете да броите наназад од последниот ден на циклусот, па до денот на последната овулација. Во погоре дадената пополнета табела, последниот ден од циклусот е 18 февруари, а денот на овулација е 4 февруари. Броејќи наназад од 18-ти, добиваме дека овулацијата е на 15-тиот ден, т.е. времетраењето на лутеинската фаза во дадениот пример е 15 дена.

Комбинирањето на методот на базалната температура со анализирањето на цервикалната слуз и положбата на грлото на матката, ќе ви овозможи подобро да го запознаете вашето тело и ќе ви помогне во носењето на одлуки поврзани со вашиот сексуален живот.

Ако сакате да останете бремена...

Практикувајте секс секој втор ден додека сте најплодна. Секојдневното практикување на секс ќе ја намали концентрацијата на спермата кај вашиот партнер.

Ако сакате да ја избегнете бременоста...

Во никој случај не практикувајте незаштитен секс околу плодните денови.

Важно: овој метод не треба да се користи како замена за контрацепција.

Коментари (10)

8195
13:48, 11 март 2010г. #
Ja u ovoa ako se snajdam pa te :/
4951
15:19, 14 март 2010г. #
hahaha lele jas niso ne sfakam...premn e komlicirano i za mene:P
8610
14:08, 20 март 2010г. #
hahahahha se razbraff hahahahhahha:):):)
9718
14:39, 27 април 2010г. #
navistina mnogu e komplicirano:):):)no ke se obidam da sfatam nekako:):):)
9823
07:44, 29 април 2010г. #
imam samo edno prasanje? Dali e mozno da seostane bremena a naredniot mesec da imate menstracija?
15851
17:47, 12 септември 2010г. #
navistina i mene me intresira toa ?
16433
18:08, 20 септември 2010г. #
Da mozno e da ostanes bremena iako imas i menstruacija.
15851
15:26, 22 септември 2010г. #
epa dobro a kako togas ke poznaes deka si bremena ? :S:s ne mi e jasno seuste neli koga ti kasni e znak deka si bremena a vaka sega i koga ke ti dojde si bremena :S
17417
12:23, 27 октомври 2010г. #
Smetam deka e mn lesno...sekoja zena moze da gi znae ovie denovi i bez presmetkive.Tie spored mene mozat da se pocustvuvaat so slicni promeni kako vo denovite pred menstrualniot ciklus so toa sto dolniot del od stomakot vi e pocustvitelen isto taka i janicite gi custvuvate kako da vi se nastinati.
isto taka i seksualniot odnos e malku poinakov..
19761
21:55, 05 јануари 2011г. #
ama bas nisss ne razbrav....

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 30%
  • 18%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 9714 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter