Цинкот е многу важен минерал, кој што учествува во многу процеси во организмот. Како и другите минерали, така и цинкот треба да се консумира редовно преку исхраната или како додаток. Тоа му помага на организмот да функционира правилно и лесно да се бори против болести.
Остригите и другите морски дарови се богати со цинк.
На повеќе од 200 ензими во телото им е потребен цинкот за да функционираат правилно. Цинкот е потребен за создавањето на многу хормони, меѓу кои и хормоните кои што му кажуваат на имунолошкиот систем како да се бори кога ќе го нападнат бактерии.
Цинкот е особено важен за оние хормони, кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите.
Нивото на тестостерон влијае и врз сексуалната активност, големината на мускулната маса, растот на коските и сл. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот.
Организмот се справува полесно со настинките и грипот кога има доволно цинк во него, затоа што цинкот помага за зајакнување на имунолошкиот систем. Освен тоа цинкот помага и за одржувањето на добар изглед на кожата. Тој го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните. И добриот вид на очите во голема мера зависи од цинкот.
Најголем дел од цинкот во телото е концентриран во кожата, косата, ноктите и очите (кај мажите и во простатата).
Некои од симптомите кои што можат да се појават кога имате ниско ниво на цинк во организмот се:
Строгите вегетаријанци. Храната од животинско потекло е најдобар извор на цинк. Овошјето скоро и не содржи од овој минерал. Затоа, оваа група е особено изложена на ризик од недостиг на цинк.
Луѓе што јадат храна која содржи многу растителни влакна. Зрнестата храна како житариците се сврзува со цинкот и со тоа ја спречува неговата апсорпција од организмот.
Трудниците и доилките. На оваа група им се потребни дополнителни количества цинк, затоа што дел од него се пренесува на нивното бебе.
Луѓето над 50 годишна возраст. Способноста на телото да апсорбира цинк се намалува со зголемувањето на годините.
Алкохоличарите. Редовното консумирање, дури и на мало количество алкохол, води до намалување на нивото на цинк во телото.
Мажите треба да внесуваат поголеми количини на цинк, отколку жените. Трудниците и доилките исто така имаат поголеми дневни потреби од овој минерал.
Дневните потреби на цинк најдобро е да ги задоволувате преку исхраната. Цинкот е најзастапен во црвеното месо, рибата и морските плодови, јаткастите плодови, семките од тиква и сончоглед и јајцата.
Овошјето и зеленчуците содржат минимални количини цинк. Од нив најмногу цинк има во крушите, оревите, црешите, гравот, грашокот и леќата.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (0)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.