Почетна » Здравје » Алтернативна медицина » Природата лечи рани

Природата лечи рани

Денес постојат илјадници продукти кои што можат да ви помогнат во заздравувањето на рани. Но, ние ви предлагаме неколку начини тоа да се случи на природна база.

Мед Мед
Ако раните тешко ви зараснуваат пробајте, да ги излечите со мед. Размешајте една супена лажица мед и една жолчка од јајце. Така добиената смеса поставете ја на тивок оган и мешајте додека не се згусне, но не дозволувајте да зоврие. Мелемот поставувајте го на раната два пати дневно, додека не заздрави.

Жолт кантарион Жолт кантарион
Многу ефикасно средство за зараснување на рани е мешавина од цветови на кантарион и масло. Оваа комбинација можете да ја користите само ако не ви е итно, затоа што пред да се употреби смесата треба да отстои 20 дена.

Кромид Кромид
Кромидот во минатото бил користен од лекарите за време на војна. Вие ќе го забрзате заздравувањето на раната ако изрендате кромид и го поставите врз неа. Повторете го тоа неколку пати.

Алое вера Алое
Алоето содржи витамин Ц, витамин Е и цинк. Тие му ја даваат способноста лесно да заздравува рани. Пресечете едно ливче алое вера и исцедете го сокот врз раната.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.