Овошни плодови и зеленчуци кои содржат повеќе ВИТАМИН Ц од портокалот
Почетна » Здравје » Витамини и минерали » Овошни плодови и зеленчуци кои содржат повеќе ВИТАМИН Ц од портокалот

Овошни плодови и зеленчуци кои содржат повеќе ВИТАМИН Ц од портокалот

Кога ќе се каже витамин Ц, првата асоцијација на повеќето од нас е портокал. И навистина, портокалите го заслужуваат добриот имиџ, бидејќи се богати со овој витамин. Поконкретно, во еден мал портокал има околу 50 mg витамин Ц.

Ако се земе предвид дека препорачаната дневна доза витамин Ц за возрасна жена е 75mg, значи дека со консумацијата на само два портокали ќе успеете да ја надминете.

Сепак, има овошни плодови и зеленчуци кои содржат повеќе витамин Ц од портокалите.

Црвени пиперки

Благите црвени пиперки најчесто се дел од македонската кујна како ајвар или лутеница. Но, сè почесто треба да ги вклучуваме сирови во салати за да ја извлечеме максимално нивната моќ.

Една шолја исполнета со црвени пиперки исечени на ленти содржи импресивни 231mg витамин Ц.

Црвени пиперки

Брокули

Не е тајна дека брокулите се суперхрана. Изобилуваат со најразлични витамини и минерали и се фантастични сојузници за зачувување на здравјето.

Во една шолја полна со свежи исечкани брокули има 81mg витамин Ц.

Брокули

Јагоди

Неодоливите јагоди не само што се превкусни, туку се и неверојатно здрави и нискокалорични.

Наполнете една шолја со цели јагоди и ќе внесете 85mg витамин Ц.

Јагоди

Киви

И кивите ги победуваат портокалите кога станува збор за витамин Ц. Ова кисело зелено овошје со ситни црни семки можете да го купите во текот на целата година и никогаш не треба да го прескокнувате.

Во еден плод киви има 64mg витамин Ц, додека во една шолја полна со исечени киви има дури 167mg.

Киви

Папаја

Иако папајата не е типична за нашето поднебје, вреди да ја вклучите во исхраната. Нарекувана и „овошје на ангелите“, таа е одличен извор на витамин Ц и чувар на дигестивното здравје.

Една мала папаја содржи 96mg витамин Ц.

Папаја

Кељ

Во последните неколку години кељот се издигнува на пиедестал од нутриционистите. Овој листест зеленчук се посочува како суперхерој при превенцијата на редица болести.

Една шолја полна со исечкан кељ ќе ви понуди 80mg витамин Ц.

Кељ

Прокељ

Прокељот нема многу примамлив вкус, но нутритивната вредност на овој зеленчук треба да ве мотивира поредовно да го ставате на вашата трпеза. Освен што е богат со витамин Ц, тој е извонреден извор на витамин К.

Една шолја полна со прокељ вклучува 75mg витамин Ц.

Прокељ

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 21%
  • 71%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 11490 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.