Витамин Б12

Витамин Б12

Б12 е есенцијален витамин од витаминското семејство нарекувано и Б комплекс, кој учествува во различни процеси низ целото тело. Тоа е најголемиот и хемиски најкомплексниот витамин.

Витамин Б12

Зошто ни е потребен витамин Б12?

Витаминот Б12, познат и како кобаламин е витамин растворлив во вода. Неопходен е за развивање и одржување на здрав нервен систем, создавање на ДНК и формирање на црвени крвни зрнца. Дефицитот на витамин Б12 може да доведе до состојба позната како мегалобластна анемија.

За разлика од другите витамини од Б групата кои не можат да бидат складирани во телото и мора да бидат внесувани секојдневно, нашиот организам има способност да складира витамин Б12 во црниот дроб, потребен за повеќе од една година, па недостигот од овој витамин е ретка појава.

Симптоми при недостиг на витамин Б12

Недостигот на витамин Б12 настанува кога телото не добива доволно или не може да го апсорбира количеството витамин кое му е неопходно. Многу лица над 50 години ја губат способноста да го апсорбираат витаминот Б12 од храната и се препорачува да го внесуваат преку суплементи.

Во ризичните групи спаѓаат и лицата кои следат строга вегетаријанска исхрана, затоа што најдобар извор на Б12 е токму месото. Особено голем е ризикот кај веганите кои воопшто не консумираат продукти од животинско потекло. Бебињата чии мајки се вегетаријанци можно е да страдаат од дефицит на витамин Б12.

Алкохоличарите исто така се ризична група и треба да внимаваат на внесеното количество витамин Б12.

Недостигот на витамин Б12 не е честа појава. Се развива бавно, па симптомите постепено го зголемуваат интензитетот. Кога во телото има сериозен недостиг на витамин Б12, некои од симптомите се:

  • Слабост, замор, недостиг на енергија или вртоглавица;
  • Дијареја и запек;
  • Инконтиненција;
  • Проблеми со концентрацијата;
  • Забрзан срцев ритам и забрзано дишење;
  • Воспален јазик или крварење на непцата;
  • Бледа и жолтеникава кожа.

Ако оваа состојба не се лекува, долготрајниот недостиг на витамин Б12 може да доведе до оштетување на нервните клетки и да предизвика симптоми како:

  • Депресија;
  • Халуцинации;
  • Губење на рамнотежа;
  • Конфузност и сериозни проблеми со помнењето;
  • Вкочанетост или трнење на рацете и нозете.

Препорачани дневни дози на витамин Б12

Препорачаните дневни дози од овој витамин варираат по возраст и се следниве:

  • Новороденчиња (0-6 месеци) – 0,4μg;
  • Новороденчиња (7-12 месеци) – 0,5μg;
  • Деца (1-3 години) – 0,9μg;
  • Деца (4-8 години) – 1,2μg;
  • Деца (9-13 години) – 1,8μg;
  • Адолесценти и возрасни (14 години и нагоре) – 2,4μg;
  • Бремени жени – 2,6μg;
  • Доилки – 2,8μg.

Храна богата со витамин Б12

Храна богата со витамин Б12

Храната од животинско потекло е природен извор на витамин Б12, но денес многу продукти, како житарки, се збогатени со овој витамин. За да внесувате доволни количини витамин Б12, се препорачува да консумирате:

  • Школки и ракови;
  • Риба;
  • Јајца;
  • Црвено месо (особено црн дроб);
  • Месо од живина;
  • Млеко и млечни производи.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 574 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?