Кинески хороскоп 2021: Што ќе ви донесе Годината на Волот? | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп 2021: Што ќе ви донесе Годината на Волот?

Кинески хороскоп 2021: Што ќе ви донесе Годината на Волот?

Според кинескиот зодијак, зад себе ја оставивме годината на Стаорецот и ја започнавме годината на Металниот Вол која ќе трае до 31 јануари 2022 година.

Годината на Стаорецот го промени светот онаков каков што го познававме. Пандемијата со КОВИД-19, економската нестабилност, политичките промени, социјалните немири... засекогаш нè променија како личности. Но, покрај негативностите, Годината на Стаорецот ни даде и шанса да поминеме скапоцено време со семејството, да го намалиме темпото и да го направиме светот подобро место за живеење.

Напорната работа, трудољубивоста, дисциплинираноста и лојалноста ќе нè красат во претстојните година дена, управувани од Волот. Оние кои се најтрудољубиви меѓу нас, ќе имаат најголем успех.

Кинески хороскоп

Волот е посветен, одлучен и силен, а такви ќе бидеме и ние. Со сопствен напор ќе успееме да го симнеме товарот кој го носиме на грбот. Сè што започнавте и оставивте незавршено во изминатата година, ќе се реализира во претстојната. Но, што и да правите, треба однапред внимателно да го испланирате до најмал детаљ.

Среќата ќе ги следи врските, без разлика дали тие се пријателски или љубовни. Годините на Волот се сметани за години кои се поволни за проширување на семејството. Најголема среќа ќе имаат родените во годините на Волот, Змијата, Стаорецот и Петелот. Негувањето на семејните традиции ќе биде многу важно.

Научете да ги контролирате вашите емоции, бидејќи гневот може да предизвика непоправлива штета. Внимавајте да не изгубите соработници поради импулсивно однесување.

Повторно во фокусот на светската јавност ќе биде важноста на развојот на обновлива енергија и заштита на животната средина. Можно е зголемување на интересот за живот на село и за купување домови надвор од градските подрачја.

Што ќе ви донесе Годината на Волот вам? Тоа зависи од вашиот знак, т.е. од вашата година на раѓање. Ако не знаете кој е вашиот знак во кинескиот зодијак, проверете со калкулаторот:

Калкулатор за кинески хороскоп

Внеси датум на раѓање и кликни „Пресметај“

Стаорец

Кинески хороскоп

Ви претстои одлична година во која ќе уживате во зголемената популарност, но во која ќе морате да научите да не се грижите за туѓите мислења. Добрите вести ќе доаѓаат кога најмалку ги очекувате.

Грижете се за себе и ќе се радувате на одлично физичко и ментално здравје. Адаптирајте го вашиот начин на живот на вашите потреби и променете ја исхраната. Физичката активност е силно препорачана во претстојната година.

Љубов

Годината на Волот ќе донесе стабилност и хармонија во вашиот љубовен живот. Кинескиот хороскоп ви предвидува семејна прослава по повод склучување брак или раѓање дете. Новитетите ќе бидат зачинот кој може да го подобри вкусот на вашата врска. Започнете да правите нови нешта со партнерот, да се дружите со нови луѓе и да посетувате нови места.

Ако сте сингл, ненадејно ќе ја запознаете вашата сродна душа.

Кариера и пари

Годината на Волот бара од вас да работите макотрпно и жестоко ако сакате да успеете. Дајте сè од себе за да бидете најдобри во вашата работа и во ниту еден момент не бидете пасивен играч на работното место. Многу повеќе ќе ве усреќуваат проектите кои можат да ви донесат резултати за кратко време. Чекор по чекор, заборавете на мултитаскингот во Годината на Волот.

Со задоволство ќе ги прифаќате новите предизвици и новите задачи на работното место, но за тоа ќе ви биде потребна поголема енергија. Ако успеете да се справите со зголемените одговорности, може да очекувате унапредување и/или зголемување на платата. Оние кои се во потрага по ново работно место, ќе имаат многу можности годинава.

Најдобрите можности за заработка ќе ги имате во текот на есента, но морате да внимавате како ги трошите тешко заработените пари. Ако имате сомнежи за одредена зделка или инвестиција, или пак, за неа се крева голема прашина, подобро да стоите подалеку.

Вол

Кинески хороскоп

Насмевнете се, започнува вашата година! Годината управувана од вашиот знак е период во кој треба да ги посеете семињата кои сакате да пораснат во претстојните години. Искористете ги лекциите кои ги имате научено додека ги зграпчувате бројните можности кои ќе се појавуваат пред вас. Среќата е на ваша страна.

Минатата година го измести балансот во вашиот живот, но претстојната, ќе ги врати нештата во нормала благодарение на вашата упорност. Сите одложени проекти, сега ќе започнат да се реализираат.

За добро физичко здравје, препорачливо е да избегнувате долго седење или лежење во едно место. Додајте вежби со тегови во вашата фитнес рутини за да го зајакнете вашето тело.

Љубов

Среќни љубовни моменти ќе ви донесат претстојните 12 месеци управувани од вашиот знак. Разговорите за иднината брзо ќе стануваат сериозни. Иако не треба да ги избрзувате врските, потребно е да знаете дека Годината на Волот е одлична за раѓање дете, основање семејство и брак. Ако сте веќе во брак, комуникацијата и трпеливоста се клучевите за стабилна врска.

Популарноста ќе ви биде огромна, а и како да не ви биде кога сте чесна и грижлива личност 24/7. Ќе умеете да се истакнете во секое друштво, па ако сте соло, лесно ќе привлекувате обожаватели. За да изградите нов љубовен сојуз, потребно е да бидете посмели во љубовта.

Кариера и пари

Годината на Волот ќе ве направи како лепило за луѓе, особено во професионална смисла. Фокусирајте се на стекнување на нови вештини кои ќе можете да ги споделите со светот. Образованието ќе биде жешка тема за вас. Можно е да дипломирате, докторирате или да положите важен испит кој ќе ви помогне да напредувате во кариерата.

Пазете се од колегите кои сакаат да дојдат на вашата позиција, бидејќи може да ви забодат нож во грб кога најмалку го очекувате тоа. Фокусирајте се на вашата работа за да ги избегнете грешките кои би можеле да ја нарушат вашата репутација.

Ова не е година кога треба да излегувате од познатото и да прифаќате проекти кои не знаете да ги работите.

Тигар

Кинески хороскоп

Среќа, но и предизвици ќе ви донесе претстојната година. Волот и Тигарот се два моќни знаци, но се сосема различни и тешко се разбираат. Компромисот е клучот кој води до успешна година за вас.

Морате внимателно да ги избирате пријателите, бидејќи поради вашата добрина можно е да бидете заслепени. Не ги игнорирајте предупредувачките знаци само затоа што сакате да верувате дека сите луѓе се добри. Лоцирајте ги вашите вистински пријатели и грижете се за нив.

Позитивноста е многу важна за вашето здравје оваа година.

Љубов

Нови луѓе ќе го преплават вашиот живот. Меѓу сите новосоздадени врски ќе има и една романтична, која ќе прерасне во прекрасен сојуз во претстојните месеци. Ако сте сингл, зголемената атрактивност ќе работи во ваша корист. Но, романсата може да е предизвик за оние кои закрепнуваат од скршено срце. Одделете си доволно време за да го излекувате вашето срце пред да влезете во нова врска.

Годината на Волот ќе биде среќна за сите парови сè додека умеат да ја контролираат нивната љубомора и да прават компромиси. Ќе ја задлабочите заемната почит и ќе се чувствувате безбедно во вашата врска.

Кариера и пари

Погледнете околу себе, нови врати се отвораат во вашиот професионален живот. Не се плашете да ги искористите можностите кои ќе прелетуваат пред вас. Вие сте претприемач по природа, самоуверени и мотивирани, а тоа ќе ви помогне да ги искористите шансите кои ќе ви ги донесе Годината на Волот.

Планирате да инвестирате пари во претстојната година? Консултирајте се со експерти, слушајте совети од поискусни и мислете двапати пред да правите големи чекори. Ова особено важи за претставниците на овој знак кои се на лидерска позиција.

Ако поседувате сопствен бизнис, пазете се од кражби и не верувајте 100% никому. Подобро е да внимавате, отколку да жалите.

Зајак

Кинески хороскоп

Скапоцени лекции ќе учите во претстојната година управувана од Волот. Волот му носи богатство и среќа на Зајакот, па очекувајте просперитет и можности за успех.

Ќе умеете да уживате во животот, особено во новите места, пејзажи и социјални активности. Ако имате шанса да отпатувате некаде, важно е да внимавате на документите за патување. Избегнувајте ги ризичните места каде што има веројатност за незгоди или кражби.

Искрени пријателства ќе се родат меѓу вас и позитивни личности. Дружете се повеќе со лица кои ги охрабруваат промените кои сакате да ги направите во начинот на живот, на пример откажување од цигарите, редовни тренинзи, здрава исхрана и сл.

Љубов

Ништо не треба да ве спречува да ја пронајдете вашата вистинска љубов оваа година. Ослободете се од предрасудите и од ограничувањата кои самите си ги поставувате и отворете го вашиот ум. Љубовта веројатно ќе ја пронајдете онаму каде никогаш досега не сте ја побарале.

Претставниците на овој знак треба да стојат подалеку од љубовни игри и да не бидат наивни. Постои и ризик да запознаете некој со нечесни намери, но лесно ќе го препознаете ако им верувате на вашите инстинкти. Научете да правите разлика меѓу ласкање и комплименти за да го избегнете влегувањето во врски за кои подоцна би жалеле.

Ако сте во врска, не се обидувајте да го промените партнерот, бидејќи тоа може да доведе до негово оддалечување. Наместо тоа, ценете ги неговите силни страни и сакајте го онаков каков што е. Во комуникацијата, бидете кратки и јасни и не оставајте простор за двосмисленост. Ова е одлична година за раѓање дете.

Кариера и пари

Продолжувате да се искачувате кон врвот на вашата кариера и до крајот на Годината на Волот, ќе уживате во погледот од вашата крајна дестинација. Промените се неизбежни, затоа морате да бидете флексибилни и добро да ги анализирате околностите за да можете брзо да се адаптирате на нив.

Наместо да се стремите кон совршенство при реализацијата на проектите, подобро е да се фокусирате на точност. Не навлегувајте во небитни детали кои ќе значат трошење и време и пари. Всушност, прекумерното трошење е еден од проблемите кои може да се појаваат оваа година. Научете да штедите и стремете се кон создавање на поголема финансиска стабилност.

Вие сте тврдоглава личност која ретко прима совети, но во годината управувана од Волот морате да научите да слушате ако не сакате да пропуштите скапоцени можности.

Змеј

Кинески хороскоп

Ова е ваша година за рушење на пречките, постигнување на целите и следење на вашите најголеми соништа. Змејот и Волот одлично се разбираат и Змејот го почитува темпото кое го наметнува Волот. Среќата ќе ги следи најхрабрите претставници на овој знак.

Започнува период на висока енергија, радост и желба за живот, но не и на забрзување на темпото на живот. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека ви годи да се движите побавно низ животот и да уживате во секој момент.

Контролирањето на емоциите е вештина која треба да ја совладате оваа година. Најдете начин за ослободување од стресот пред тој да започне да ви влијае на здравјето. Посветете се на менување на вашето тело на начин на кој отсекогаш сте сакале тоа да изгледа. Важно е да се храните здраво и балансирано.

Љубов

Харизматични Змејови ова можеби нема да биде најдобрата година на љубовен план за вас, но ако направите промени во вашиот карактер, ќе имате одлични можности за нова врска. За некои од вас љубовта ќе се појави на работното место, па не е исклучена веројатноста да одлучите да започнете ваш заеднички бизнис со новиот љубовен партнер.

Контролирајте го вашиот темперамент кога комуницирате со партнерот и совладајте ја уметноста на компромисот. Можни се неосновани изливи на љубомора, кои можат да ви го нарушат балансот во врската. Ако сте во брак, не се препорачуваат радикални или ненадејни промени во домот.

Кариера и пари

Сè додека ве красат трудољубивоста, упорноста и мотивираноста, нема за што да се грижите во Година на Волот. Само бидете внимателни пред да зачекорите на нова непозната територија и пред да се вклучувате во проекти кои не знаете да ги работите. Умеете да ги лоцирате најпрофитабилните можности за заработка. Стојте подалеку од заплеткани зделки кои ви ветуваат дека ќе се збогатите преку ноќ. Ако инстинктите ви велат дека нешто е премногу добро за да биде вистинито, верувајте им.

Богатството ќе дојде од неочекувано место за некои претставници на овој знак. Ако трагате по ново работно место, заборавете на скромноста и научете да се промовирате себеси.

Змија

Кинески хороскоп

Соништата понекогаш навистина се остваруваат – ова ќе го откриете вие во годината управувана од Волот. Животот ќе ви стане многу посладок отколку што некогаш сте се надевале дека може да ви биде.

Внимателно избирајте ги вашите битки, бидејќи не го заслужуваат сите вашето време и внимание.

Нема да имате сериозни здравствени проблеми оваа година, но морате да го зголемите пешачењето и да правите вежби за зголемување на флексибилноста. Посветете им поголемо внимание на вашите колена и стапала, бидејќи тие ќе ви бидат „слаба точка“.

Љубов

Ќе го обожавате чувството на слобода во Годината на Волот. Ако не сте во врска, ќе бидете сосема среќни со својот љубовен статус и нема да се трудите да го промените. Но, вистината е дека вашите обожаватели ќе се трудат да ви го освојат срцето. Вие сте личност која поседува шарм и привлечност, а тоа нема да остане незабележано во претстојните година дена. Постои веројатност да запознаете некој специјален онлајн, но и да ја сретнете вашата сродна душа.

Оние претставници на знакот Змија кои неодамна излегоа од несреќна врска, сега ќе пронајдат идеален лек за нивните емоционални рани и ќе се вратат на среќната страна на животот.

Во долга врска сте? Во претстојните година дена ќе бидете сакани, ценети и посакувани од вашиот партнер. Времето со семејството ќе ви биде скапоцено.

Кариера и пари

Прекрасни можности за напредок и заработка ќе ви донесат претстојните 12 месеци, а во нив ќе си го зголемите и авторитетот. Влијателна личност ќе ви помогне да напредувате во кариерата и ќе го поддржува секој потег што ќе го направите. Неколкупати ќе ви биде понудена повисока работна позиција, но само од вас зависи дали ќе ја прифатите или не.

Претставниците на овој знак кои имаат сопствен бизнис ќе одлучат да го прошират за да ги зголемат профитите. Како што ќе одминува годината, така ќе се зголемува сумата на вашата банкарска сметка. Некои од вас ќе одлучат да инвестираат на берзата.

Проектите кои беа прекинати или занемарени во изминатата година, сега ќе започнат повторно да напредуваат и да се реализираат. Само, можно е тимот во кој работите да биде променет. Тоа нема да ви пречи зашто ќе бидете одличен тимски играч.

Коњ

Кинески хороскоп

Кажете ѝ збогум на една тешка и мачна година, година која го ограничи вашето движење и вашата слобода. Ви претстои многу подобра година. Волот и Коњот одлично се согласуваат, па веројатно веќе се чувствувате побезбедни и посигурни отколку во изминатата година. Вашите најмили ќе би даваат безусловна поддршка што и да правите.

Сета неудобност што ви ја донесе Годината на Стаорецот сега ќе биде заменета со чувство на комфор. Не се сомневајте во вашите квалитети, туку покажувајте ги каде и да се појавите. Во претстојните 12 месеци ќе се чувствувате благословено со животот кој ќе го живеете.

Ќе се смеете на исклучителен начин оваа година и тоа не само што ќе ви носи комплименти, туку и ќе ви ги подобрува и среќата и здравјето. Посветете му поголемо внимание на вашиот слух и на здравјето на вашите уши.

Љубов

Оваа година нема да чекате некој да се појави во вашиот живот за да ве усреќи, туку тоа ќе го правите самите. Ќе си го развеселувате секој ваш ден, но она што не го знаете е дека колку посреќни ќе бидете, толку повеќе обожаватели ќе привлекувате. Оптимизмот ќе ви ја зголемува самодовербата и ќе ве прави секси.

Сите проблеми кои досега сте ги имале во врската, сега магично ќе започнат да исчезнуваат благодарение на позитивното однесување и убавата енергија која ќе ја ширите. Започнете да преземате иницијатива за да ги решите проблемите најдобро што умеете и не бидете премногу горделиви за да правите компромиси.

Кариера и пари

Претстојната година ќе ви биде година на лудо возење низ професионалниот сектор, но во позитивна смисла. Можностите ќе се појавуваат на вашиот пат, а вие ќе ги зграбувате без воопшто да се двоумите. Некој ваш проект не се доврши или беше прекинат во текот на минатата година? Сега треба да се навратите на него и да ги земете нештата во свои раце.

Ако чувствувате дека имате потреба од помош, не се плашете да ја побарате. Некои претставници на овој знак ќе започнат да работат заедно со деловен партнер. Најважно е тој да умее да ве мотивира и да ви дава комплименти за вашите таленти, зголемувајќи ја вашата самодоверба.

Голема е веројатноста да добиете унапредување или да потпишете договор за долгорочна соработка со важен клиент. Секој договор треба внимателно да го читате пред да го ставите вашиот потпис на хартија.

Коза

Кинески хороскоп

Изненадувања, изненадувања на секој чекор! Годината на Волот ќе ви биде возбудлива и полна со непредвидливи случки, бидејќи ќе се осмелите да зачекорите на непознат терен. Ќе ви се допадне да експериментирате со нови активности и максимално ќе уживате во животот. Каде што ќе бидете вие, нема да постојат проблеми, бидејќи брзо и умешно ќе ги наоѓате најдобрите решенија.

Претстојната година ќе ве трансформира како личност на начини на кои досега не сте можеле ни да си замислите. Нови пријатели ќе ве одведат во нова социјална средина, но ви претстојат и обединувања со стари пријатели.

Но, не дозволувајте вашите успеси да бидат на сметка на вашето здравје. Квалитетниот сон е исто толку важен колку и балансираната исхрана и физичката активност. Морате да внимавате на лошиот холестерол и да избегнувате сè што може да доведе до негово покачување.

Љубов

Очекувајте промена во вашите романтични преференции и вкусови. Можно е одеднаш да сонувате за сосема поразличен тип на партнер од досега. Ненадејни желби и притаени потреби ќе се појават кај многу претставници на овој знак. Ако сте сингл, можно е да се заљубите на прв поглед. Голема е веројатноста во ваша близина да постои личност која ги крие вистинските намери кон вас.

Ако сте во врска, потпрете се на партнерот за поддршка и утеха. Вашата врска ќе стане многу подлабока и поинтимна доколку започнете да гледате на него како на ваш најдобар пријател. Доколку во кој било момент почувствувате дека сте во врска која е токсична и деструктивна, оддалечете се од неа пред таа да ви го обземе личниот живот и простор.

Годината на Волот не е поволна за екстремни промени во вашиот начин на живот.

Кариера и пари

Иако кариерата ќе ви биде зад забавата во претстојната година, тоа не значи дека нема да имате можности за заработка. Сосема е возможно да пронајдете начин да го зголемите вашето богатство преку некое ваше хоби или пак да добиете работна позиција на која ем ќе се забавувате, ем ќе се збогатувате.

Козата може со неверојатна леснотија да се искачува по стрмните планини, што значи дека ако нешто наумите во Годината на Волот, вие ќе можете да го исполните со сопствен труд. Среќата ќе ви се насмевнува во моментите кога ќе ви се чини дека сте во безнадежна ситуација. Можно е да ви се пружи шанса да инвестирате или да склучите важна зделка, која ќе ви донесе профит.

Некои претставници на овој знак ќе отпатуваат поради работа. Морате внимателно и уредно да ги складирате важните документи, бидејќи постои веројатност од нивно губење.

Мајмун

Кинески хороскоп

Можеби ви звучи како сон, но претстојните месеци ќе ви откријат страна од себе која не сте ја познавале досега. Во годината управувана од Волот потребно е да ги тргнете вашите мисли од работата и парите и да ги насочите длабоко во себе. Одете на патување во кое ќе се спознаете себеси и ќе откриете што е она што ве усреќува,а што не.

Иако ќе имате недоразбирања со вашите најсакани личности, во најголем дел од времето ќе се смеете и ќе ги смеете другите.

Не барајте изговори за да ги прескокнувате тренинзите и адаптирајте ги на вашиот начин на живот. Ако имате работно место кое подразбира седење долго време пред компјутер, или пак, ако работите од дома, фокусирајте се на кардио вежби и вежби за слабеење. Колку и да сте зафатени, не прескокнувајте оброци. Морате да им посветите поголемо внимание на вашите коски.

Љубов

Првата вистинска и искрена љубов ќе ја почувствуваат многу сингл претставници на овој знак. Забавна личност за каква што отсекогаш сте сонувале ќе пристигне во вашиот живот и брзо ќе ве освои. Внимавајте, бидејќи не можат да ја разберат сите вашата смисла за хумор. Препорачливо е да најдете партнер кој ќе биде на ваше интелектуално ниво и кој ќе може да ве разбере.

Зголемување на физичката интимност им претстои на сите парови. Насочете се кон достигнување на компромис секојпат кога имате љубовни несогласувања. Ако сте во брак, брачниот живот ќе ви биде сладок и полн со заемна почит. Ќе бидете благодарни за сè што имате. Ова е одлична година за раѓање дете.

Кариера и пари

Професионалниот живот ќе ви биде полн со предизвици оваа година, најверојатно поради промените кои ќе настапат во него. Ќе копнеете по новитети, па ќе ги истражувате сите професионални опции кои ви стојат на располагање. Многу претставници на овој знак ќе ја променат работната позиција, но ќе им треба време за да се адаптираат.

Постојано задоволувајте го вашиот глад за знаење и следете ја љубопитноста. Колку повеќе вештини и информации ќе имате, толку поголеми се шансите да го добиете вашето работно место од соништата. Стојте подалеку од конфликтите на работното место кои не се однесуваат на вас.

Нема многу да заштедите во Годината на Волот.

Петел

Кинески хороскоп

Петелот и Волот одлично се согласуваат, што значи дека годинава ќе зачекорите на убавата страна на животот. Ќе блеснете пред светот во вашите најубави бои и ќе се радувате на огромна енергија. Ништо нема да биде невозможно за вас.

Годината на Волот ќе ја обнови вашата самодоверба и ќе ви помогне да ги истакнете сите ваши силни страни. Сите недоразбирања кои ги имавте со луѓето минатата година, сега ќе започнат да се решаваат. Причина за тоа ќе биде вашата внимателност.

Не ги игнорирајте здравствените проблеми со кои се соочувате. Ако сметате дека ви е потребна лекарска помош, побарајте ја. Можни се повреди за време на спортови и интензивни физички активности, па преземете мерки за да се заштитите. Избегнувајте кревање на тешки предмети и внимавајте на половината.

Љубов

Веројатно најголемата среќа во Годината на Волот ќе ја имате во љубовниот живот. Со партнерот ќе им се радувате на хармоничните односи кои треба да бидат зачинети со новитети. Користете ги сите можности за да посетувате нови места, да пробате специјалитети кои никогаш не сте ги пробале или да имате нови искуства.

Брачните партнери ќе покажуваат огромна почит и благодарност кон партнерот и поради тоа ќе уживаат во смирениот живот.

Флертувајте! Во Годината на Волот ќе бидете во игриво расположение поради кое ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Сосема случајно ќе ја запознаете вашата сродна душа која ќе биде како копија на вас.

Кариера и пари

Време е да ги направите посакуваните промени во кариерата. Ако отсекогаш сте посакувале да имате ваша фирма, да лансирате проект кој го сметате за надежен или да ја промените работната позиција, сега е идеално време за тоа. Вашиот пат нема да биде секогаш мазен, ќе има и препреки, но морате да верувате во себе за да ги надминете. Ќе ги надминувате тешкотиите со леснотија. Упорноста ќе ви се исплати.

Добро ќе знаете дека сите минати грешки само ве направиле посилни, а сега ќе ги користите научените лекции за да нижите успеси. Нема да прифаќате дека за вас постојат ограничувања и ќе ослободите вашиот ум.

Некои претставници на знакот Петел ќе си ја подобрат финансиската состојба благодарение на наследство. Други пак, ќе купат недвижен имот или ново возило. Многу е важно да ги читате документите пред да ги потпишувате.

Куче

Кинески хороскоп

Вие сте роден борец и никогаш не престанувате да си го подобрувате животот. Годината на Волот нема да биде исклучок. Нема да чекате некој да се појави во вашиот живот и да ви ја послужи среќата, туку сами ќе се изборите за неа.

Моменти за паметење ви претстојат со вашите најмили, моменти кои треба да ги овековечите за да можете да се навратите на нив во иднина.

Заседнувањето и залежувањето не се за вас! Во годината управувана од Волот избегнувајте ја неактивноста, прејадувањето и долгото седење во едно место. Морате да се грижите за вашето срце и за здравјето на артериите. Тимските спортови и кардио тренинзите се силно препорачливи.

Љубов

Насмевнете се! На повидок е средба со личност која ќе ви покаже што е љубов и ќе ве научи да сакате. Тоа веројатно ќе се случи во првите месеци од годината. Исполнети со среќа ќе бидете секојпат кога ќе се најдете во друштво на таа личност.

Огромна страст ќе чувствувате ако сте во врска. Експериментирајте со партнерот во спалната соба. Претставниците на овој знак кои сакаат да основаат свое семејство ќе имаат прекрасна година.

Кариера и пари

Полека, но сигурно – ова е рецептот за успех во кариерата и зголемување на заработката во Годината на Волот. Ќе добиете стабилна работна позиција или решение за трајно вработување и ќе успеете да вратите долг кој ви беше голем товар изминатата година. Многу можности за дополнителна заработка ќе се појават пред вас.

Користете го вашето огромно знаење за да придонесете во остварување на мисијата на компанијата во којашто работите. Сепак, важно е да внимавате како ги кажувате вашите идеи за тие да не бидат сфатени од вашите колеги како наметнување на ставови.

Свиња

Кинески хороскоп

Подгответе се за лудо возење. Годината на Волот ќе ви биде исполнета со изненадувања и непредвидливи настани, но и со неверојатни можности кои ќе треба брзо да ги користите. Останете флексибилни за да се адаптирате на промените.

Проверете ја важноста на вашиот пасош. И покрај рестрикциите во патувањата, на многу од вас ќе им се пружи можност за посета на друга држава. Топлите семејни собири и новите пријателства ќе донесат освежување во вашето расположение.

Бидете особено внимателни што ставате во уста и максимално избегнувајте ги процесираната храна и газираните пијалаци. Не ги прескокнувате редовните проверки на крвта и избегнувајте ги ситуациите кои носат голем ризик од повреди.

Љубов

Радост и позитивна енергија во врската ќе ви донесат месеците управувани од Волот. Со партнерот ќе истражувате нови места и вашата врска брзо ќе станува сериозна. Можно е пребрзо да одлучите да „скокнете“ во брак или да имате дете.

Ако трагате по нова љубов, бидете флексибилни и отворени за нови можности. Добро е да имате критериуми, но не и да им бидете роб на истите. Можно е да започнете да се допишувате онлајн на социјалните мрежи за состанување. Состаноците на „слепо“ може пријатно да ве изненадат.

Не дозволувајте странични личности да влијаат на вашите одлуки и на вашето мислење за партнерот. Предрасудите и осудувањата треба да ги игнорирате ако не се совпаѓаат со вашиот начин на размислување.

Кариера и пари

Импресивни успеси ќе постигнувате во претстојната година управувана од Волот. Напредокот е гарантиран за сите претставници на вашиот знак. Конечно претпоставените ќе ги видат сите ваши таленти и квалитети. Можно е да ви се пружи можност да отпатувате некаде со цел напредок во кариерата, зголемување на вашето знаење или стекнување повисок степен на образование.

Оние претставници на овој знак кои планираат да основаат сопствен бизнис, ќе имаат одлична можност за тоа. Бидете екстремно одговори и сериозно планирајте го внимателно секој ваш потег. Информациите постојат за да бидат искористени.

Инвестиција направена во минатото ќе ви донесе голем профит во втората половина од годината. Контролирајте ги вашите навики на трошење, бидејќи можно е да претерате.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 32%
  • 10%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 1145 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.