Кинески хороскоп 2017: Што ќе ви донесе Годината на Петелот? | Хороскоп
Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп 2017: Што ќе ви донесе Годината на Петелот?

Кинески хороскоп 2017: Што ќе ви донесе Годината на Петелот?

Со возбудливи прослави беше одбележано започнувањето на Годината на Огнениот Петел, која трае од 28 јануари 2017 до 15 февруари 2018 година.

Кинеската Нова година секогаш се совпаѓа со настапувањето на младата месечина во водолија (во западниот хороскоп). За Кинезите секоја година е поврзана со едно животно од зодијакот, како и со еден елемент. Оваа година тоа животно е петелот, а елементот е оган.

Време е да се збогуваме со напнатата, брза и конфузна Година на Мајмунот и да ја дочекаме рационалната и конструктивна Година на Петелот, во која најуспешни ќе бидат амбициозните лица кои никогаш не се откажуваат од она што го сакаат.

Кинески хороскоп

2017 година ќе нè научи повторно да играме фер и да внимаваме на туѓите чувства кога трчаме кон успехот, бидејќи петелот не е измамник како мајмунот. Конечно ќе согледаме дека победата не е толку слатка колку зачувувањето на добрите врски и добриот имиџ. Петелот е стратег, па ова не е година во која треба да се фрламе во акција без да имаме добар план и стратегија.

Парите ќе ги трошиме практично, а не залудно и квалитетот секогаш ќе ни биде пред квантитетот оваа година.

Правата на жените ќе продолжат да бидат „жешка тема“, а се предвидува дека во борбата за рамноправност ќе започнат да се приклучуваат сè повеќе мажи.

„Ноќните птици“ меѓу нас одеднаш ќе добијат желба да ги променат своите навики и начинот на живот и ќе станат ранобудни личности, кои максимално ги користат утринските часови. Да, можеби ќе треба да наместите аларми порано, но квалитетот на вашиот живот значително ќе се подобри. Кажете му „благодарам“ на Петелот кој го обожава изгревот на сонцето.

Петелот е внимателен и страстен љубовен партнер, па ќе ни се допаѓа кога го опсипуваме нашиот сакан со внимание, но и кога истото го добиваме од него. Ако сте во врска, голема е веројатноста партнерот да ве запроси во Годината на Петелот. Лицата со статус сингл ќе сакаат да експериментираат во љубовта, па можно е да одлучат да се „гледаат“ со неколку потенцијални партнери истовремено.

2017 година е плодна година, не само со бебиња, туку и со идеи. Многумина од нас ќе се изненадат со вести за близнаци, па дури и тројки. Непланирани бремености исто така ќе им донесат среќа на многу парови, но доколку не планирате дете, предупредени сте да користите заштита.

Кликнете тука за да дознаете кој е вашиот знак во кинески хороскоп »

Стаорец

Кинески хороскоп

Одлична вест за вас, ви претстои добра година, која треба да ја искористите за да напредувате во животот и да се подобрите себеси како личност. Вљубете се во вашата работа и започнете да ја работите со страст, без притоа да заборавате да им посветите внимание на активностите кои ве релаксираат.

Годината на Мајмунот честопати ве поттикнуваше да мамите и да се служите со интриги, но Годината на Петелот ќе ве поттикне да играте фер.

Надворешниот изглед многу ќе влијае на впечатокот кој го оставате. Купете си облека која ќе ве прикажува како сериозна и моќна личност.

Љубов

Годината на Петелот ќе ви го промени љубовниот статус и ќе ве поттикне да целите кон создавање на стабилен љубовен сојуз.

Ако сте сингл, најубавите љубовни прилики за вас ќе никнуваат на места каде што има голем број луѓе. Не ги пропуштајте друштвените излегувања и големите собири. Дружељубивоста и самодовербата ќе бидат „виновни“ што оваа година ќе соберете куп нови личности во вашиот живот. Слушајте ги советите на вашите родители и пријателите, бидејќи со нивна помош ќе успеете да го изберете идеалниот кандидат за вашето срце.

Големи прослави како свршувачки, свадби и славење на нови животи се очекуваат за Стаорците во текот на претстојната година, па ако сте во врска, не е исклучена можноста да бидете запросени од вашиот сакан. Многу родени во првиот знак до Кинескиот хороскоп ќе се израдуваат на вест за бременост.

Доколку сте во брак, бидете искрени за она што го чувствувате со партнерот и барајте го истото од него. Многу брачни парови ќе бидат фокусирани на бременост или на децата.

Кариера

Престанете да сметате на среќата, на шармот и на надворешниот изглед за да напредувате во кариерата во текот на претстојната година. Засукајте ги ракавите, работете напорно и почитувајте ги роковите. Тоа ќе ви отвори многу можности.

Доколку моменталното работно место не ви дозволува да го искористите вашиот максимален потенцијал, голема е веројатноста да го промените или зачестено да аплицирате на нови работни позиции. Не се колебајте што да одговорите доколку ви понудат повисока, но поодговорна функција. Прифатете ја!

Многу е важно да не давате пари на заем на роднини или пријатели во Годината на Петелот и да не правите ризични инвестиции. Можно е да не можете да си ги вратите

Вол

Кинески хороскоп

Стоп за брзата и турбулентна 2016 година! Започнува посмирен период од вашиот живот во кој проектите кои ги имате започнато ќе се реализираат и материјализираат.

Ќе се чувствувате многу порелаксирано кога сте меѓу луѓе и односите со луѓето значително ќе ви се подобрат. Не пропуштајте ниту еден друштвен настан, затоа што на нив ќе запознавате многу нови и прекрасни личности. Многу е важно да престанете да бидете екстремно конзервативни, во спротивно, ќе пропуштите прекрасни шанси на љубовен и финансиски план.

Дури и кога имате доверба во луѓето околу вас, не го спуштајте вашиот штит, бидејќи веројатноста од разочарувања е голема.

Љубов

Волот и Петелот одлично се согласуваат, што значи дека ви претстои среќна година. Љубовниот живот ќе започне да ви се движи по нагорна линија и многу сингл претставници на овој знак ќе пронајдат личност со која ќе сакаат да започнат врска. Инстинктите ќе ви помагаат да ги разграничувате лицата кои ве разбираат од оние кои се преправаат дека ве разбираат.

Доколку одлучите да влезете во врска оваа година, подгответе се за брзо скокање од едно на друго ниво. Најромантичен период за вас ќе биде крајот на годината, па не се разочарувајте ако првите месеци не ви ги исполнат желбите.

Оние кои се во врска ќе започнат да поминуваат многу повеќе време со саканиот, сакајќи да ја зацврстат љубовната врска. Ништо во Годината на Петелот нема да се случува случајно и само од себе, па потребно е да дадете сè од себе за да ги остварите вашите цели.

Кариера

Вие сте личност која работи напорно за да го постигне зацртаното, а токму тоа ќе се бара во Годината на Петелот. Голем успех на професионален план е запишан во ѕвездите за вас, но многу е важно да го прославите тивко и без многу фалење. Можно е да разбудите завист и љубомора кај ваш соработник или пријател.

Среќата ќе биде на вашата страна најмногу кога станува збор за парите. Ќе имате многу можности за дополнителна заработка и унапредување, но сето тоа ќе биде на сметка на вашето време и енергија.

Важно е да запомните дека добриот круг на луѓе може да ви донесе многу добра репутација.

Тигар

Кинески хороскоп

Годината на Петелот ќе биде година за паметење за вас, бидејќи ќе се случи клучен настан во вашиот живот како добивање ново работно место, стапување во брак, раѓање дете или започнување на стабилна врска. 2017 година ќе ја предопредели вашата иднина, ќе ги промени вашите приоритети и ќе ви помогне да го видите светот од друг агол.

Како Петелот, и вие сте посветен работник кој прави сè сам, а оваа година успехот ќе ви зависи токму од вашата подготвеност да работите напорно. Морате да ги налевате семињата кои ги засадувате ако сакате тие да дадат плод.

Посветете му поголемо внимание на вашето здравје оваа година, особено пазете се од болести поврзани со респираторниот систем.

Љубов

Старт... започнува одлична година на љубовен план за вас. Ветерот на промените ќе го погали вашето лице, но не за да ве разочара, туку за да ве усреќи. Ако сте сингл, веројатно ќе најдете совршен партнер додека испробувате нови нешта. Можно е да пронајдете ново хоби и преку него да се поврзете со специјална личност со слични интереси како вашите. Бидете авантурист, тоа ќе ве прави уште попривлечни.

Оние кои се во врска веројатно во претстојните месеци ќе ја одведат на повисоко ниво – свршувачка или брак. Подгответе се за година исполнета со физичка интимност и спонтани игри во спалната соба и очекувајте го неочекуваното. На пример, непланирана бременост.

Но, нема да биде сè розово во вашиот свет! Оваа година ќе се однесувате многу непредвидливо и непостојано, а тоа ќе ви создава проблеми во љубовната врска.

Кариера

Комуникацијата со колегите и претпоставените ќе биде пресудна за вас во Годината на Петелот. Дозволете им на луѓето да ве советуваат и да ви помагаат. Тимската работа продолжува да биде важен дел од вашиот професионален напредок.

Доколку напорно работите во текот на првите две годишни времиња (пролет и лето), ќе соберете големи награди наесен, во сезоната на Петелот. Користете ја максимално вашата сила, експериментирајте со различните области, разбудете ги вашите скриени таленти и освојте нови врвови.

Успехот ви се гарантиран во Годината на Петелот. Фокусирајте се на важните цели, постојано развивајте се себеси како личност и не трошете го вашето време залудно. Што е најважно, научете да ризикувате.

Зајак

Кинески хороскоп

Петелот и Зајакот се наоѓаат на спротивни страни во Кинескиот хороскоп, па веројатно ова нема да биде блескава година за родените во овој знак. Петелот обожава да работи, па доколку сакате да имате успешна година, ќе мора да забрзате со темпото на живот и да го давате својот максимум во она што го правите. Секој успех ќе ве уверува дека ова не е само сон и ќе ве мотивира да се стремите кон повеќе.

Иако друштвениот круг нема да ви се шири во 2017 година, вистинска магија ќе настапи во оној што веќе го имате. Вие сте личност која обожава да биде во позната и топла средина, далеку од оние кои не ги познава. И подобро е така, претпазливоста не може да ви наштети.

Многу е важно да му посветите максимално внимание на вашето здравје, особено ако сте повозрасна личност.

Љубов

Љубовта ќе биде комплицирана тема за вас во Годината на Петелот, бидејќи Зајакот и Петелот не се согласуваат добро. Доколку сте во врска или брак, ќе биде потребно да вложите екстра време и енергија за зацврстување на односите со партнерот, особено ако планирате да го проширите вашето семејство. Сè додека сте позитивни и подготвени да вложите дополнителен труд во нештата кои ги сакате, нема да имате проблеми.

Петелот ќе „награди“ многу претставници на знакот Зајак со принова во семејството.

Доколку трагате по личност за започнување на врска, 2017 не е идеална за вас, но можно е да ја пронајдете со помош на пријател роден во некој од знаците Куче, Стаорец, Вол или Змија. Не ги затворајте ушите пред советите на оние кои ви посакуваат добро. Ако пак вашите романтични желби не се остварат оваа година, не се разочарувајте. 2018 ќе биде како создадена за вас.

Кариера

Можностите за напредување во кариерата ќе се појавуваат често пред вас во текот на претстојната година, но колку ќе ги искористете „подароците“ од Петелот, зависи само од вас. За да бидете успешни, морате да научите повеќе да верувате во себе и во вашите способности, нешто што ви е слаба страна. Збогатете го вашето знаење во вашата област на работење, развијте нови професионални вештини и гледајте како расте вашата самодоверба.

Не прифаќајте промена на вашето работно место или барем одложете ја до следната година, бидејќи помудро е да продолжите да се развивате онаму каде што сте сега. Новата позиција само би ви донела стрес и дополнителен притисок.

Најголемите награди од вашата работа очекувајте ги наесен. Кога станува збор за финансиите, морате да бидете екстремно внимателни. Не носете самостојни одлуки доколку инвестирате значителни суми, бидејќи постои ризик да претрпите неуспех. Консултирајте се со лица кои имаат поголемо знаење и искуство од вас.

Змеј

Кинески хороскоп

Насмевнете се, започнува една од најубавите години за вас. Просперитетот од изминатата Година на Мајмунот ќе продолжи, но во многу поголема доза. Прекрасни настани како унапредување, брак, свршувачка и развој на бизнисот ќе ве сместат меѓу најсреќните личности во Годината на Петелот.

Комуникациските вештини ќе продолжат да ви се подобруваат, а бројот на вистински пријатели ќе расте. Ќе станете многу популарни во вашето место на живеење и ќе имате добра репутација меѓу луѓето. Оваа година ќе бидете посклони да ги искажувате вашите чувства и ќе бидете поотворени. Старите добри пријатели повторно ќе ви бидат меѓу најважните лица на светот.

Генерално, ќе се чувствувате среќно и исполнето во претстојните месеци. Вашиот живот конечно ќе се исполни со посакуваната хармонија.

Љубов

Дали ќе имате среќа во љубовта во 2017 година? Па, се разбира дека да. Годината на Петелот ќе „работи“ на вашата среќа, особено кога станува збор за љубовта. Честопати ќе застанувате во центарот на вниманието и ќе привлекувате страсни погледи од претставниците на спротивниот пол.

Змејовите кои се сингл ќе престанат да се плашат од одбивање и благодарение на зголемената комуникативност, ќе запознаат некој кој ќе им стане најважната личност на светот и покрај кого ќе откријат целосно нов свет. Ќе им се допаѓа кога ги покажуваат вистинските чувства.

Веќе сте во врска? Полека, полека ќе откривате нови квалитети кај вашиот сакан кои никогаш претходно ги немавте забележано, а тие ќе ги „покријат“ мааните кои толку многу ви пречеа. Ќе се поврзете многу подлабоко со вашиот сакан.

Доколку веќе сте го кажале судбоносното „да“, Годината на Петелот ќе ве одведе во период кој многу ќе наликува на вашиот меден месец. Повторно ќе бидете заљубени до уши во вашиот сопруг, а и тој во вас. Ви претстојат прекрасни моменти за паметење.

Кариера

Амбициозни Змејови, нема како да не бидете успешни во годината која „навива“ за лицата кои работат напорно и имаат силна волја. Петелот ќе ги подобри квалитетите кои не ви се развиени во доволна мера и ќе ве насочува кон успехот. Некои Змејови за првпат ќе ја пречекорат целната линија во кариерата оваа година.

Доколку ви е тешко да работите сами, немојте. Здружете ги вашите ресурси и вештини со оние на колегите и претворете ги индивидуалните во групни проекти. Но, не дозволувајте работата со други лица да ве направи и зависни од нив.

За да ја зголемите вашата заработувачка оваа година, искористете ја вашата интелигенција.

Змија

Кинески хороскоп

Во 2017 година ќе ја „промените вашата кожа“ и ќе се чувствувате како преродени. Ова ќе биде пресвртен период во вашиот живот исполнет со многу радикални промени, но пред сè позитивни. Среќата им е запишана во ѕвездите на оние Змии кои работат напорно. Не дозволувајте луѓето да ви ја уништуваат мотивацијата.

Петелот ќе го зголеми вашиот шарм и вашата привлечност, па многумина ќе изразат желба да ве запознаат и да бидат дел од вашиот живот. Благодарение на друштвеноста, значително ќе ви се подобри социјалниот живот. Сепак, додека многу нови лица ќе влегуваат во вашиот живот, ќе има и такви кои ќе ја изневерат вашата доверба и ќе го напуштат. За среќа, ќе сфатите дека тие биле само пречка за вас.

Грижете се за вашето здравје со посебен акцент на вашиот вид и на вашиот респираторен систем.

Љубов

Доверете им се на вашите чувства и на инстинктите и тие ќе ве одведат до идеалниот партнер во Годината на Петелот. Многу е важно да присуствувате на големите забави и собири во вашето место на живеење, бидејќи затворањето меѓу четири ѕида нема да ви создава можности за врска. Голема е веројатноста да го промените љубовниот статус уште на почетокот на годината. Не заборавајте дека за да добиете нешто треба и да дадете нешто во годината на Петелот.

Доколку сте во врска, имајте различни интереси и хобија од оние на партнерот, поминувајте време разделени и имајте свој личен живот. Тоа ќе биде „лек“ за монотонијата и кавгите во врската. Годината на Петелот неспорно ќе ви ја зголеми страста и физичката интимност и ќе ги исполни вашите сексуални фантазии.

Претставниците на овој знак кои се во брак веројатно ќе започнат да планираат проширување или ќе го прошират своето семејство.

Кариера

Можности за дополнителна заработка и промена на работното место ќе ви донесе Годината на Петелот. Трудот кој го вложувавте во изминатата година, сега ќе биде награден не само материјално, туку и вербално. Доколку почувствувате монотонија или досада во вашата работа, искористете ги вашите идеи за да промените нешто или целосно променете го работното место.

Некои Змии ќе прифатат повисока работна позиција, која ќе им носи и дополнителни обврски, но и поголема плата. Најуспешни ќе бидат лицата кои се занимаваат со политика, економија и медицина.

Ќе успеете да ги исплатите старите долгови оваа година.

Коњ

Кинески хороскоп

2017 година ќе ви биде како продолжение на годината која ја оставивте зад себе, па ова е една од ретките години кога ќе чувствувате стабилност во вашиот живот, особено на друштвен план.

Нема да бидете заинтересирани да го проширите вашиот круг од пријатели и повеќе ќе се фокусирате на семејството. Членовите од семејството ќе станат најдобри сојузници, независно со што се соочувате во животот. Ќе добиете одлична можност да ги исправите грешките од минатото за кои се каете. Искористете ја и ќе престанете да бидете најголем непријател на сопствената среќа.

Петелот ги почитува личностите кои работат напорно како вас и на кои не им пречи да се испотат за да ги постигнат сопствените цели и ќе ги награди во текот на претстојната година.

Љубов

Во Годината на Петелот, многу родени во знакот Коњ ќе бидат позаинтересирани за кариерата и образованието одошто за започнување на нова љубовна врска. Но, оние кои трагаат по љубов, ќе мораат да вложат напори за да ја пронајдат, бидејќи таа нема да дојде сама. Прифаќајте ги поканите за љубовни состаноци и одете на места каде што може да се сретнете со оној што ви се допаѓа.

Некои од вас ќе одлучат да му се вратат на поранешен партнер, затоа што ќе веруваат дека е полесно да се поправи старото одошто да се создаде нешто сосема ново.

Доколку сте во страсна врска, не се плашете дека таа ќе се промени. Ќе уживате во моментите насамо со партнерот. Очекувајте море од страст, љубов и романса во текот на претстојната година.

Ако сте во брак, потребно е да научите да му верувате на партнерот, да престанете да го контролирате секој негов чекор и да не го гледате како ваша сопственост. Дозволете му да има наивни мали тајни, исто како и вие.

Кариера

Во 2017 година ќе имате многу можности да го покажете вашиот максимален потенцијал, а луѓето вистински ќе ја забележат и наградат вашата работа. Петелот ќе ви помогне да ги реализирате вашите планови, но само доколку тие се реалистични и достижни.

Коњите имаат потреба да се натпреваруваат и да победуваат, па можно е да прифатите ново работно место кое ќе носи и дополнителни одговорности само за да испреварите ваш конкурент.

Паричен бонус или зголемување на платата исто така се возможни оваа година. Очекувајте голема добивка во текот на есента.

Коза

Кинески хороскоп

Скротете ја вашата срамежливост и навикнете се да бидете во центарот на вниманието. Годината на Петелот ќе ве смести под рефлекторите, па вашиот глас конечно ќе биде слушнат.

Знаете да бидете флексибилни и лесно се сместувате во срцата на луѓето, а токму тоа ќе ви помогне да создадете многу нови контакти и пријателства во претстојната година. Веројатно ќе бидете омилената личност во вашето друштво, но не за секого. Ќе бидете склони да покажувате агресивно однесување кон оние што не ви се допаѓаат и ќе ги оттурнувате од себе без да чувствувате потреба за лицемерство.

На семеен план, сè ќе биде совршено и хармонично ако не трошите прекумерно.

Љубов

Дозволете им на емоциите да бидат ваш водич во Годината на Петелот, а устата ваше средство за постигнување на целите. Нови чувства ќе го исполнат вашето тело. Ако сте сингл, можно е за првпат да почувствувате што значи да бидете вистински заљубени, а ако сте во врска, тие нови чувства ќе бидат за вашиот сакан.

Конечно ќе откриете колку е важно отворено да зборувате за она што се случува внатре во вас. Доколку веќе сте го пронашле вистинскиот партнер, Петелот уште повеќе ќе ве зближи со него. За некои од вас, тоа зближување ќе доведе до свршувачка, брак или бременост.

Воопшто нема да ви биде тешко да привлекувате внимание оваа година. Доколку трагате по искрена љубов, погледнете во ваша близина, па дури и во вашиот круг од пријатели. Можно е да се изненадите кога ваш близок пријател ќе ви каже дека има романтични чувства кон вас. Петелот може и повторно да ве „соедини“ со поранешен партнер.

Кариера

Насмевнете се. Годината на Петелот ќе ве направи поодговорни и ќе ви помогне да ги реализирате проектите започнати во Годината на Мајмунот и да ги соберете плодовите од вашата напорна работа. Не губете време на детали оваа година и фокусирајте се на големите цели.

Но, тоа не значи дека треба да се релаксирате и да престанете да се стремите кон целите. Во 2017 година само оние претставници на овој знак кои работат напорно ќе се искачуваат нагоре во кариерата. Да, дополнителните работни обврски ќе ви создаваат стрес, но тоа е патот кон успехот. Доколку ви биде понудена повисока и поодговорна позиција, прифатете ја.

Поради тоа што ќе работите напорно, одлично ќе заработувате во Годината на Петелот. Но, морате да научите да ги задржувате парите во вашиот паричник и да ги носите во вашиот дом. Доколку се научите да го купувате само она што ви е неопходно, ќе успеете да заштедите или да исплатите ваш долг.

Мајмун

Кинески хороскоп

Минатата година беше ваша година, но сега е потребно повторно да се вратите на земјата. Годината на Петелот ќе биде отрезнувачка година за вас, која ќе ви покаже дека не можете секогаш да сметате на среќата за да успеете, туку дека треба да работите напорно и да се борите за она што го сакате. Оваа година нема сè да оди како подмачкано, морате да бидете флексибилни.

Претстојните месеци ќе ви дадат многу причини за да бидете среќни – нови пријатели, нови обожаватели и нови постигнувања.

Разбудете го авантуристот во вас, 2017 ќе ве спои со интересни луѓе и ќе ве одведе на места на кои никогаш не сте помислувале да ќе одите. Покажете им ја на луѓето вашата грижлива страна и ќе ја добиете нивната наклонетост. Не се плашете да го следите вашето срце.

Љубов

Петелот и Мајмунот не се „согласуваат“ најдобро на љубовен план, но тоа не значи дека нема да имате добар љубовен живот, само што веројатно ќе имате многу конкуренти во него. Секогаш изгледајте најдобро што можете, дури и кога пиете кафе со пријателите. Најдобрите кандидати за вашето срце ќе ги среќавате случајно. Не пропуштајте ниту една голема забава за време на летните месеци. Многу нови личности ќе влезат во вашиот живот во Годината на Петелот, а тоа значи и многу потенцијални љубовни партнери.

Доколку одлучите да влезете во врска оваа година, уверете се дека вашите чувства се возвратени за да не се разочарате во иднина.

Нема да ви биде потребно ништо специјално за да бидете среќни со партнерот ако сте во долга врска. Заедничките излегувања ќе ви зачестат и ќе ви бидат позабавни отсекогаш. Очекувајте продлабочување на врската, па дури и планирање на бременост.

Кариера

Кога станува збор за кариерата, среќата ќе биде на ваша страна оваа година. Додека во изминатите години работевте успешно, но тивко, оваа година ќе зборувате повеќе, ќе ги кажувате вашите идеи и ќе бидете максимално професионални во она што го правите. Зближете се со вашите колеги и со претпоставените.

Лесно ќе се адаптирате на брзото темпо на живот оваа година, но морате да имате на ум дека Петелот не ги сака неорганизираните личности. Доколку сакате да бидете успешни, морате да престанете да доцните и да живеете хаотично.

Ќе успеете да ги покажете вашите таленти на работното место, па веројатно ќе заработите повеќе. Некои претставници на овој знак ќе имаат повеќе од еден извор на финансии.

Петел

Кинески хороскоп

Збогум за трнливата и непријатна Година на Мајмунот. Започнува вашата година во која ќе бидете успешни, самоуверени и среќни и покрај тоа што пречките нема да отсуствуваат од вашето патување. Смело зграпчувајте ги можностите, но одвреме-навреме правете пауза за да се релаксирате, да поминете квалитетно време со вашите сакани и да го намалите стресот во вашето секојдневие.

Луѓето ќе ја обожаваат вашата искреност во 2017 година, но морате да внимавате таа да не премине во агресивност. Доколку ја заслужите почитта на луѓето околу вас, пред вас ќе се отворат многу нови хоризонти.

Ова ќе биде период на преродба, растење и трансформација за вас, нешто што позитивно ќе се одрази на вашиот живот во годините кои допрва доаѓаат.

Љубов

Годината управувана од вашиот знак нема да биде баш розова за вас, но сепак ќе биде слатка, бидејќи ќе успевате да ја надминете секоја пречка која ќе се појави во вашиот љубовен живот. Најголемите проблеми ќе се раѓаат поради вашата презафатеност и фокусираноста на кариерата. Морате да научите да одделувате време за да му ја покажете вашата љубов на партнерот. Така тој ќе има поголемо разбирање за вас.

Многу претставници на знакот Петел кои се во врска ќе бидат склони да одат во екстремности, па или ќе ја крунисаат својата врската со свршувачка или ќе ја прекинат. Сепак, оваа не е баш најдобра година за склучување на брак за вас, но е поволна за проширување на семејството. Запомнете дека секоја врска не е и вистинска љубов.

Ако сте сингл, ќе запознаете многу нови личности од сите знаци, но за врска претпочитајте ги родените во Вол, Змија и Змеј.

Кариера

Помалку зборување, повеќе работа во 2017 година ви советува кинескиот хороскоп. Ќе морате да го покажете вашиот максимум, бидејќи конкуренцијата со којашто ќе се соочите ќе биде многу голема. Вашиот перфекционизам ќе ви помага да ги извршувате задачите без грешка и да им го привлечете вниманието на влијателни личности.

Лидерската позиција ве очекува во претстојните 12 месеци. Ќе бидете одлични раководители, па доколку го имате челното место на работното место или на одреден проект, ќе се радувате на голем успех. Доколку добиете понуда за ново работно место, размислете двапати пред да ја прифатите.

Парите ќе доаѓаат кај вас само преку напорна работа оваа година, па дајте го најдоброто од себе без да си поставувате нереални очекувања. Избегнувајте ги големите инвестиции.

Куче

Кинески хороскоп

2017 нема да биде најлесна година за вас, бидејќи ќе се соочите со пречки и тешкотии. Додека најголем дел од луѓето со засукани ракави ќе ги исполнуваат своите цели и амбициозно ќе летаат кон успехот, вие ќе сакате да уживате во задоволствата на животот. За жал, Петелот ќе ги награди само оние лица кои работат напорно, па потребно е да се посветите на работата.

Луѓето ќе бидат многу важен дел од вашиот напредок. Негувајте ги односите со колегите, бидејќи ќе бидете зависни од нив. Честопати ќе биде потребно некој да ве поттурне за да се лансирате кон успехот. Старите пријатели, па дури и пријателите од детството, повторно ќе станат составен дел од вашето секојдневие.

Доколку се соочивте со конфликти минатата година, оваа очекувајте тие да исчезнат.

Љубов

Љубовта нема да ви биде силна страна во текот на Годината на Петелот, иако вашите чувства ќе станат стабилни и постојани. Ако сте во врска, кавгите со партнерот ќе започнат да се намалуваат, дури и да исчезнуваат, бидејќи ќе научите мирно да разговарате за проблемите. Најголем проблем за вас ќе биде намаленото време кое ќе го поминувате заедно, бидејќи притисоците на работното место често ќе ви го скратуваат слободното време.

Вашата веселост и грижата за луѓето ќе ве прават привлечни за спротивниот пол. Можно е да пронајдете личност која ќе ви го освои срцето, но веројатно ќе треба да се борите со многу конкуренти за неа. Пред да се впуштите во битка, размислете дали заслужува.

Најголема среќа на љубовен план ќе имаат оние претставници кои се во брак. Ако сакате да имате дете, иницирајте разговори за тоа.

Кариера

Во 2017 ќе морате да бидете максимално организирани и да планирате сè однапред доколку сакате да успеете. Можно е да започнете да работите двојно повеќе од претходната година за да ги постигнете вашите цели. Доколку поседувате сопствен бизнис, ова не е погодно време за да планирате негово проширување.

Искористете ја вашата голема мрежа од пријатели и познаници за да стигнете до посакуваното работно место. Ќе имате многу креативни идеи кои ќе ги импресионираат оние кои ве познаваат, па голема е веројатноста некој од нив да биде „виновен“ за вашето унапредување или вработување.

Брзо реагирајте на можностите за дополнителна заработка оваа година, бидејќи тие нема да траат долго. Годината на Петелот е одлична за стекнување на нови вештини.

Свиња

Кинески хороскоп

2017 година ќе ви биде како продолжение на 2016 година – ќе продолжите да се движите со истото темпо, а среќата ќе ве следи каде и да сте. Иако ќе морате да работите напорно за да успеете, ќе можете и да си одделувате време за да здивнете и да уживате во животот. Можно е ваша голема желба да се оствари во Годината на Петелот.

Петелот сака да ја заштити Свињата, а тоа значи дека врските ќе ви бидат одлични оваа година. Луѓето ќе внимаваат на вашите чувства, но и честопати ќе трчаат кај вас кога ќе се соочат со проблем. Заемно ќе си помагате и тоа ќе се одразува позитивно. Многу е важно да се грижите за вашата репутација.

Источниот хороскоп ви советува максимално да се грижите за себе оваа година.

Љубов

Годината на Петелот ќе ве спои со прекрасна личност со која ќе посакате да започнете врска и ќе го направите тоа кога ќе се чувствувате подготвени. Но, таа врска може да трае само кратко доколку не бидете внимателни. Многу е важно да раскрстите со минатото, да ги прекинете контактите со бившите партнери и целосно да се посветите на оној што го имате покрај себе.

Веќе имате партнер? Вложете повеќе време во врската. Доколку досега го обвинувавте партнерот за сите проблеми во врската, сега ќе погледнете на неа од друг агол, ќе започнете да ја слушате неговата страна на приказната и ќе се отворите за компромиси. Очекувајте подобрување на вашите односи.

Истото важи и ако сте во брак. Преферирајте многу отворени разговори со сопругот.

Кариера

Пријатни моменти и изненадувања во професионалниот живот ќе ви донесе Годината на Петелот. Огромниот оптимизам ќе ве поттикнува да се насочувате кон нови постигнувања и да ги прифаќате можностите за дополнителна заработка, па дури и тоа да значи да треба дополнително да работите. Најнаградени ќе бидат оние претставници на овој знак кои умеат максимално да ги искористат своите способности. Најсреќен период ви е летото.

Иако ќе сакате да работите сами, голема помош ќе добиете од лице родено во знакот Коњ или Змија. Стручните совети кои ќе ги добиете од него ќе ви помогнат да заработите повеќе пари.

Ако сте вработени, можно е да бидете унапредени во претстојните месеци.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 569 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?