Многу ретки се жените кои што можат да се пофалат со идеална линија и кои никогаш не се судриле со проблемот прекумерна тежина. Од друга страна, мнозинството секојдневно се обидуваат да најдат соодветна диета која би им донела брзо и ефективно слабеење.
Целиот тој процес на избирање на диета и придржување кон неа знае да биде многу комплициран и често не ги носи посакуваните резултати. Кога ќе размислите подобро, ќе заклучите дека калориите се главниот фактор кој влијае врз телесната тежина.
За да ослабите половина килограм, треба да согорите или да го избегнете внесувањето на 3500 калории.
Добро познатото правило вели дека за да слабеете, потребно е да внесувате помалку калории отколку што трошите. Уште поконкретно, 3500 калории се еднакви на половина килограм телесна тежина, т.е. треба да согорите 3500 калории за да ослабите со ½ килограм.
Другиот најпознат совет на експертите е дека здравото слабеење е во границите на 0,5-1 килограм неделно. Претставено преку калории, тоа би значело дека за да успеете за една недела да ослабите ½ килограм, секој ден треба или да го намалите бројот на внесени калории за 500 или да согорувате дополнителни 500 калории. Ако се стремите кон слабеење со 1 килограм неделно, треба да го намалите вносот за 1000 калории дневно.
Минималниот број на дневно внесени калории за жени не смее да биде под 1200.
Намалувањето на калориите може да го направите на два начини: преку исхраната и преку физичка активност. Најдобро е да се прави комбинација. Направете мали промени во начинот на исхрана кои ќе ви помогнат да ја намалите дневната консумација за 250 калории и практикувајте физичка активност што ќе ви донесе согорување на дополнителни 250 калории.
Ако сакате да пресметате колку точно калории треба да внесувате за да го остварите вашиот план, имајќи ја притоа во предвид вашата висина, тежина, возраст и физичка активност, искористете го нашиот калкулатор за дневни потреби на калории.Слабеењето може да биде многу едноставно и да не одзема многу од вашата енергија. Едноставно треба да најдете начини да ја намалите консумацијата на калории, без тоа да ви создава чувство дека се лишувате од нешто.
Се разбира, резултатите нема да бидат видливи за неколку дена, но откако ќе ги намалите килограмите на ваков начин, многу потешко ќе си ги вратите и со тоа ќе го избегнете јо-јо ефектот што го имаат диетите.
Еве неколку едноставни начини да го намалите бројот на калории што секојдневно ги внесувате:

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (1)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.