15 начини да согорувате дополнителни калории без да испотите
Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 15 начини да согорувате дополнителни калории без да испотите

15 начини да согорувате дополнителни калории без да испотите

Не мора да се лизгаат капки пот по вашиот грб за да согорите значителен број калории и со тоа да ја задржите привлечната фигура. Секојдневните активности се ваша шанса да топите калории, без да почувствувате напор и да останете без здив.

ШопингТуркањето на количката во супермаркет за 1 час ќе ви помогне да согорите околу 150 калории

Еве во кои ситуации можете да согорите барем дел од калориите кои ги внесовте со последниот оброк:

  1. Наместо да седите во автобусот, отстапете им го своето место на повозрасните. Стојте во градскиот автобус додека одите на работа или на факултет. Движењето на автобусот веднаш ќе ги активира мускулите, кои ќе започнат да одржуваат баланс и стабилност. Додека вие вложувате напор да се одржите на нозе, ќе се зацврстуваат различни групи мускули и ќе согоруваат калории со многу побрзо темпо отколку ако ги користите не многу чистите автобуски седишта.
  2. Пијте ладна вода. Ладната вода не само што делува освежително, туку и согорува екстра калории. Зошто? Нашето тело постојано одржува иста телесна температура, па кога ќе внесеме ладна вода, тоа работи понапорно за да ја исполни таа своја задача, што во превод значи и согорување на повеќе калории. Консумирањето на 8 чаши ладна вода дневно согорува 70 калории повеќе од пиењето 8 чаши вода на собна температура.
  3. Играјте со вашите деца наместо да ги набљудувате додека се забавуваат. По враќањето од работа веројатно сè што сакате е одмор, но за вашата фигура подобро е да им се придружите на вашите малечки. Играта не само што ќе ве зближи, туку и за половина час ќе ве спаси од 150 калории.
  4. Седете немирно. Дури и да сте спокојни, додека седите, имитирајте ги понервозните личности, оние кои постојано мрдаат и за кои велиме дека не ги држи место. И наједноставните движења, како немирно тресење на ногата, префрлување на нозете една над друга, кратко потстанување и седнување, истегнување на рацете и мрдање на главата лево-десно, согоруваат околу 300-350 дополнителни калории дневно.
  5. Преземете ја одговорноста за пазарување. Вообичаеното пазарување храна согорува околу 150 калории на час. Но, вие можете да ја зголемите таа цифра доколку решите самите да се погрижите за носењето на намирниците. Ако купувате само неколку производи, изберете корпа наместо количка. Ставете помалку производи во кесите и до автомобилот носете ги во рацете наместо со количка.
  6. Движете се и стојте на работа колку што можете почесто. Паузата на работното место користете ја не само за јадење, туку и за движење. Стојте додека разговарате со колегата, обиколувајте низ канцеларијата додека разговарате на мобилниот телефон, стојте додека читате e-mail. Бидете креативни и користете ја секоја шанса. Стоењето согорува 40% повеќе калории од седењето.
  7. Правете си пикантни оброци. Лутите зачини, особено чилито, можат да го забрзаат метаболизмот до 50%. Ефектот трае речиси 3 часа по празнењето на чинијата.
  8. Паркирајте што подалеку од работното место или слезете од автобусот порано. Секој чекор е важен кога сакате убава линија. Испланирајте го вашето време и излезете од дома порано за да имате време и за мала физичка активност. Енергичното 20-минутно пешачење согорува 90 калории. Можеби тоа ви се чини малку, но воопшто не е ако го практикувате 2-3 пати дневно.
  9. Релаксирајте го партнерот со масажа. Тој ќе биде пресреќен, а вие ќе согорите екстра калории. 30-минутна масажа ќе ве ослободи од 130 калории.
  10. Натпреварувајте се самите со себе додека чистите. Поставете си цел да исчистите одреден дел од домот за точно определен период. На пример, да го исчистите тоалетот за 20 минути или кујната за 40. Енергичното 20-минутно чистење согорува околу 100 калории или двојно повеќе од чистењето со бавно темпо.
  11. Претпочитајте ги скалите пред лифтот. Користењето на лифтот звучи убаво, но во исто време тоа ви ја одзема шансата за зацврстување на мускулите на нозете и задникот и за ослободување од 50 калории кои би ги согориле доколку 5 минути се качувате по скалите.
  12. Искосете ја тревата во дворот. Постојано им ја препуштате оваа обврска на другите членови од семејството? Преземете ја грижата за изгледот на вашиот двор. 30-минутното косење на тревата ќе ви помогне да согорите околу 140 калории.
  13. Измијте го сами вашиот автомобил. Зошто да фрлате пари во автоперална кога едночасовното миење на автомобилот може да биде забавна активност која ќе стопи околу 200 калории. Миењето на автомобилот бара од вас големи и моќни движења, па тоа не само што ќе направи автомобилот да блеска, туку и ќе ви помогне да си ја одржите линијата. Сакате да согорите уште повеќе калории? Исчистете го автомобилот и однатре.
  14. Направете си неколку нови модни комбинации. Извадете ги алиштата од вашиот плакар и испробајте повеќе комбинации. Пресоблекувањето може да согори до 200 калории во текот на еден час.
  15. Исплашете се со хорор филм. Не знаете каков филм да гледате за време на викендот? Изберете хорор. Забрзувањето на срцето предизвикано од стравот согорува во просек по 113 калории за 90 минути. Според истражување на „University of Westminster“ пострашните филмови како „The Shining“ согоруваат 184 калории.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6553 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“