Диета според крвната група (0)
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета според крвната група (0)

Диета според крвната група (0)

Диетата според крвната група е многу популарен начин на исхрана создаден од д-р Питер Д’Адамо. Тој ја отфрла идејата дека една иста диета може успешно да се применува од сите и ги поттикнува луѓето да јадат одредени продукти, а да избегнуваат други, во зависност од нивната крвна група – А, Б, АБ, или 0.

Д’Адамо е автор на бестселерот „Јадете правилно според вашата група“ (англ. Eat Right for Your Type), во кој тврди дека крвната група влијае врз дигестивниот систем и дека храната што е добра за едни луѓе е опасна за други. Приврзаниците на оваа идеја сметаат уште дека крвната група ја одредува и подложноста на одредени болести и решава која е најсоодветната физичка активност што треба да се практикува.

Според оваа диета, сите јадења спаѓаат во една од трите категории: многу корисни, неутрални и штетни. Корисните јадења за одредена крвна група делуваат како лек, неутралните како храна, а штетните како отров.

Приврзаниците на оваа диета сметаат дека ваквиот начин на исхрана (прилагоден на крвната група) помага за одржување на здравјето, го забавува процесот на стареење и до одреден степен помага и за слабеење. Од друга страна, не постојат цврсти научни докази за ефективноста на диетата според крвната група.

Крвна група 0

Крвната група 0 е најраспространетата крвна група во светски рамки. Претставниците на оваа крвна група имаат добар дигестивен систем и полесно ги разложуваат протеините од животинско потекло, па затоа најмногу им се препорачува да консумираат месо.

Освен месо, потребно е да консумираат и овошје и зеленчук, а да ја сведат консумацијата на јаглехидрати на минимум. Најдобрите диети за крвната група 0 се оние кои содржат многу протеини и малку јаглехидрати, а во кои се избегнува консумирањето на млечни производи.

Луѓето со крвна група 0 се подложни на одредени болести како чир и проблеми со тироидната жлезда. Претставниците на оваа група имаат многу поголемо ниво на стомачни киселини од другите, па чировите се последица на тоа. Исто така, почесто страдаат од замор, задржување на течности во телото и зголемување на телесната тежина.

Некои веруваат дека крвната група влијае и врз карактерот. Се смета дека претставниците на крвната група 0 се одговорни, имаат лидерски способности, организирани, решителни, објективни и практични. Но, кога се под стрес, покажуваат знаци на бес, хиперактивност и импулсивност.

Диета

ПРЕПОРАЧАНИ НЕУТРАЛНИ ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

Месо

биволско
говедско
еленско
јагнешко
овчо
телешко
зајачко
козјо
мисирка
пилешко
фазан
сланина
шунка
свинско
чадено месо

Риба

пастрмка
полжав
скуша
ајкула
школки
октопод
жаба
баракуда
кавијар
чаден лосос

Млеко и млечни производи

/ моцарела
путер
фета
козјо сирење
кравјо сирење
кравјо млеко
козјо млеко
кашкавал
павлака
сладолед
урда
пармезан
гауда

Јајца

/ кокошка
патка
гуска
потполошка

Зеленчук

брокули
бамја
артичок
ѓумбир
кромид
марула (не со долги лисја)
пиперки лути
рен
спанаќ
тиква
цикорија
краставица
целер
морков
домат
тиквички
карфиол
алое
алфалфа никулци
зелка
црн патлиџан

Овошје и овошни сокови

свежи и суви сливи
свежи и суви смокви
цреши
боровинки
сок од боровинки
ананас
грозје
грејпфрут
јаболка
јагоди
калинки
кајсии
круши
лимон
лубеница
праска
рибизли
урми
портокали
мандарини
авокадо
диња
капини
киви
кокос

Зрнеста храна

/ ориз
‘рж
брашно од соја
просо
овес
нишесте
јачмен
кус-кус
пуканки
пченица
пченични трици
пченични никулци
пченкарно брашно

Јаткасти плодови и семки

семки од тиква
ленено семе
ореви
бадем
лешник
сусам
афион
кикирики
сончоглед

Мешунки

/ боранија
бел и црв грав
леблебија
соја
леќа
црвен грав

Масла

маслиново
ленено
рибино
бадемово
ореово
сончогледово
пченкарно
рицинусово
масло од кикирики

Пијалоци

газирана вода
зелен чај
вино жесток алкохол
кафе
пиво
газирани пијалоци
црн чај

Билки и зачини

кари
тумерик
анасон
босилек
жалфија
каранфил
ким
мајчина душица
рузмарин
црн и бел пипер
цимет
пченкарно нишесте
ванила

Додатоци за вкус

/ квасец
желатин
мајонез
сенф
морска сол
јаболков оцет
соев сос
кечап
саламура

Засладувачи

/ мед
шеќер
меласа
јачменов слад
декстроза
фруктоза
инвертен шеќер

Физичка активност

Луѓето со крвна група 0 треба многу поредовно да практикуваат физичка активност, затоа што кај нив физичкото и психичкото здравје многу повеќе зависат од вежбањето, во споредба со луѓето од другите крвни групи. Д’Адамо препорачува редовна физичка активност 3-4 пати неделно. За најдобри резултати претставниците на нултата крвна група треба да се вежбаат аеробик 30-45 минути барем 4 пати во текот на една седмица.

Препорачани активности: интензивни аеробик вежби, боречки вештини, вежби со тегови, трчање.

Дополнителни совети

Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети како луѓето со крвна група 0 можат да си го подобрат животот. Еве некои од нив:

  • Секој оброк јадете го седнати на маса и џвакајте ја храната бавно.
  • Редовно вежбајте, барем 3-4 пати неделно.
  • Секогаш кога сте вознемирени, започнете некоја физичка активност.
  • Не трошете многу пари и не донесувајте важни одлуки кога сте под стрес.
  • Правете си конкретен јасен план за задачите и обврските (месечен план, годишен план).
  • Кога правите промени во начинот на живот, воведувајте ги постепено, а не наеднаш.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3773 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.