Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Успешна врска од растојание

Успешна врска од растојание

Врската од растојание не е секогаш лесна за одржување. Иако повеќето луѓе се скептични за овој тип врска, сепак има многу партнери кои успеале да ја одржат или подобрат нивната врска точно поради фактот дека се разделени.

Денес светот станува сè помал. Технологијата ги зближува луѓето, па иако сте разделени со стотици или илјадници километри од вашиот партнер, нема причина зошто да не ѝ дадете шанса на вашата врска. Едноставно треба да сакате да успеете.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите успешна вашата врска од растојание.

Контактирање преку интернетИнтернетот е најдобриот пријател на врската од растојание.
  1. Поставете си некои правила. И двата треба да се согласите околу условите, под кои ќе се развива вашата врска, за да знаете што да очекувате. Одлучете колку време ќе бидете разделени и колку често ќе се гледате, за да избегнете да останете разочарани.
  2. Воспоставете ефективна комуникација. Фактот дека ќе бидете разделени долго време не влијае добро и на двата. Затоа, прво нешто што треба да направите е да најдете ефективен начин да комуницирате. Иако телефонот е првото нешто што може да ви дојде на ум, тоа не значи дека е најсоодветниот и најевтиниот начин за комуникација. Интернетот е најдобриот пријател на врската од растојание. Каков софтвер ќе изберете зависи од вас, но во секој случај вие ќе можете да си зборувате и да се гледате преку камера кога и да посакате. Може и да останете изненадени колку ќе се подобри вашата комуникација, затоа што најверојатно ќе комуницирате почесто, отколку кога сте биле заедно и сте ја земале комуникацијата здраво за готово.
  3. Искористете го максимално времето кога сте заедно. Не очекувајте премногу од него за наредниот пат кога ќе се видете. Животот не е филм и ако тој не ве пречека со букет рози – не се разочарувајте. Сигурно не сакате да го поминете целото време додека сте заедно лутејќи се за мали нешта. Најважно е што сте заедно. Времето минува брзо, па затоа искористете го максимално.
  4. Изненадете го. Направете непланирано патување и изненадете го вашиот партнер. А ако немате можност да го направите тоа, искористете ја вашата фантазија. Испратете му мал подарок или картичка. Верувајте тој ќе го оцени вашиот труд.
  5. Контролирајте ја љубомората. Еден од најлесните начини да ја уништите вашата врска е да ја потопите во љубомора. Не го прашувајте секогаш со кој излегува, кога се прибира и зошто пропуштил да ви пише SMS за да ви посака добра ноќ. И вие и вашиот партнер треба да имате активен социјален живот и доверба еден кон друг. Ако немате доверба во него, врската може да се распадне дури и ако сте постојано заедно. Понекогаш покажете мала доза на љубомора. Тоа ќе му каже дека имате силни чувства кон него.
  6. Зборувајте за вашата заедничка иднина. Правете планови за вашиот живот и за тоа што би правеле кога повторно ќе бидете заедно. Така и двата ќе знаете дека вашата врска оди некаде.
  7. Бидете позитивни. Ако сте скептични за успехот на врската, поголеми се шансите да не успеете да останете заедно. Не ги гледајте само негативните страни на врската од растојание. Искористете го времето што сте разделени да поминете повеќе време со семејството и пријателите, активно ангажирајте се со некое хоби или посветете ѝ се на кариерата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11052 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.