Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Како да ја одржите долгогодишната врска

Како да ја одржите долгогодишната врска

Веќе сте заедно долго време и имате чувство дека се познавате цел живот. Спротивно на мислењето на повеќето луѓе, долгогодишната врска не значи крај на романтиката и страсната љубов. Вие може да сте заедно 7 години и сè уште да уживате во секој миг кога сте заедно. Овие совети ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Среќен пар
Не пропуштајте да се забавувате, за да ја зачувате вашата врска цврста.
  1. Слушајте го. Бидете секогаш до партнерот. Кога има лош ден, ислушајте го објективно. Не брзајте веднаш да му предложите решенија за неговите проблеми и да го прекинете. Така ќе испадне дека му „солите“ памет. Почекајте да се доискаже и потоа дајте му совет.
  2. Зборувајте му. Кажете му како се чувствувате, што ви е убаво и што не. Не претпоставувајте дека тој знае сè, само затоа што сте долго време заедно. Кога имате проблем, веднаш споделете го со него.
  3. Забавувајте се. Не бидете од оние парови кои што заборавиле како изгледа забавен ден, кога стомакот ќе ве заболе од смеење. Шегувајте се на своја сметка, на негова сметка, шегувајте се за сè што ќе посакате.
  4. Изненадувајте го. Тоа не значи дека треба да му купувате скапи подароци. Доволно е да си купите нов комплет долна облека или да му го направите омиленото јадење.
  5. Дајте му простор. Имајте доверба во него. Кога ќе излезе со машко друштво, не се обидувајте да го дознаете секој детаљ од вечерта. Тој ќе го цени тоа.
  6. Бидете спонтани. Заминете заедно на непланирано патување, водете љубов наутро или во текот на денот. Така ќе ја одржите страста во врската.
  7. Ценете ги малите нешта. Да ви донесе појадок во кревет или да ви купи роза без повод и не е мала работа. Ценете го секој негов гест кон вас, колку и мал да е.
  8. Бидете пријатели. Однесувајте се кон него како и кон вашите пријатели. Бидете отворени кон него. Ако задоцни 5 минути не му се лутете, тоа никогаш не би го направиле ако задоцни вашата пријателка.
  9. Без ултиматуми. Никогаш не му поставувајте ултиматум од типот „или смени се или ќе те напуштам“. Треба да го прифатите таков каков што е. Ако се обидувате да го смените и ако успеете, тоа нема да биде истиот човек во кој сте се заљубиле, а ако не успеете, тоа може да значи дека не го сакате безусловно.
  10. Поткрепувајте го. Ако тој се стреми да постигне нешто, вие секогаш бидете покрај него да го поткрепите. Ставете му до знаење дека дури и да не успее, вие ќе бидете секогаш до него.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10373 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.