Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 9 најчести лаги на мажите

9 најчести лаги на мажите

Мажите лажат многу почесто од жените. Понекогаш лажат за да сокријат нешто, а понекогаш за да нè расположат нас. Дури и да сметате дека вашиот партнер е најискрениот маж на цел свет, наредниот пат кога ќе слушнете некоја од следниве реченици, барем малку посомневајте се дека можеби се работи за лага.

ЛажгоМажите лажат дури почесто од жените.

„Што и да облечеш, пак ќе бидеш најубава“

Ова е класична лага што често излегува од устата на секој маж. За среќа, тоа е бела лага, т.е. една од оние лаги со кои мажите сакаат да направат да се почувствувате поубаво. Се разбира дека не е точно дека секоја облека ви прилега. Една од причините зошто мажите често ја употребуваат оваа лага е што сакаат да се заштитат. Ако признаат дека облеката е претесна или не ви стои убаво, најверојатно ќе се соочат со обвинувања или ќе треба да почекаат уште минимум половина час додека најдете друга комбинација.

Поука: Не им верувајте на мажите кога станува збор за облеката.

„Ми личиш на... (неговата омилена актерка, пејачка)“

Кога мажите сакаат да ја зголемат самодовербата на нивната партнерка, најчесто ѝ даваат преувеличени комплименти. И во право се да го прават тоа. Тоа е дел од нивната шема на заведување и шармирање. Тешко дека некоја жена не би била поласкана ако некој ѝ каже дека личи на Анџелина Џоли или Скарлет Јохансон.

Поука: Мажите претеруваат со комплиментите ако сакаат нешто да добијат или да ве освојат.

„Се е во ред, само не сум расположен“

Мажите и жените се многу различни кога станува збор за споделување и решавање на проблемите. Жените најчесто сакаат да зборуваат за тоа што ги мачи и сакаат да добијат поддршка од своите пријателки или партнерот. Мажите од друга страна, дури и кога ги мачи нешто сакаат да изгледаат силни и се обидуваат да ги решат проблемите сами. Па, ако чувствувате дека партнерот има проблем и не сака да го сподели, оставете го некое време сам. По извесен период повторно прашајте го што му е. Најверојатно дотогаш ќе има пронајдено решение на проблемот.

Поука: Не го принудувајте вашиот партнер да зборува кога сака да биде оставен сам со неговите мисли.

„Не ни треба мајстор, можам јас да го поправам“

Ах, мажи. Секогаш сакаат да се истакнат и да покажат дека се подобри од другите. Ова можеби и не е толкава лага, затоа што понекогаш мажите се убедени дека можат да поправат сè, па стануваат мајстори за домаќински уреди и компјутери, електричари, водоинсталатери и сл. Дури и кога не знаат како да го поправат нештото, тие ќе дадат сè од себе и ќе се обидат. А кога нема да успеат, најверојатно нема да признаат дека не знаат како се поправа и ќе кажат дека нема поправање.

Поука: Сè додека не е опасно по живот оставете го сам да се обиде, а потоа настојувајте да дојде мајстор.

„Извини“

Колку и да сакате да верувате дека ова магично зборче секогаш е кажано искрено, вистината е дека многупати е само оружје против вашето луто и намуртено лице. Мажите знаат дека овој збор може веднаш да ја врати насмевката на вашето лице, па го кажуваат без да го мислат. Но, не го кажуваат тоа само поради вашата насмевка, туку и за да се заштитат. Тие ја научиле лекцијата дека секоја расправија може да биде прекината или спречена ако само се извинат, па ја користат таа тактика.

Поука: Извинувањето на мажите може да е само начин да се спречи расправија. Научете да го препознавате искреното „извини“.

„Никогаш не помислувам на други жени“

Тоа е исто како да ви каже дека никогаш не гледа во други жени. Мажите се програмирани да се свртат кога до нив поминува згодна женска. Но, знаат дека ако признаат, ќе добијат долга лекција од нивната сакана, па најчесто го избираат полесниот пат и лажат.

Поука: Прифатете дека мажите гледаат и мислат на привлечни жени, едноставно затоа што се мажи.

„Не гледам порно“

Маж што гледа порноМажите гледаат порно многу повеќе отколку што можете да си замислите!

Ретки се мажите кои не гледаат порно, но ретки се и оние кои го признаваат тоа. Ова е уште една од оние лаги со кои сакаат само да не ја навредат или повредат својата партнерка. Мажите всушност гледаат порно многу повеќе отколку што можете да си замислите. Можеби тврдењето дека не гледаат филмови со еротска содржина е една од најочигледните машки лаги.

Поука: Не дозволувајте да дојдете во ситуација да треба да ви ја кажува оваа реченица, затоа што најверојатно ќе ве излаже.

„Не ми смета што не си депилирана“

Мажите обожаваат средени жени. Сакаат кога женската кожа е мека и мазна. Но, исто така сакаат и да ѝ докажат на својата партнерка дека не ја сакаат само поради нејзиниот изглед, па често користат лаги од типот „не ми смета што заборави да се издепилираш“, „нема да ми е важно ако да се здебелиш“ и сл. Со тие лаги сакаат само да бидат љубезни.

Поука: Внимавајте на својот изглед, мажите се заљубуваат преку очите.

„Никогаш не би те лажел“

Сите лажат и тоа е факт. Па, ако слушнете да ви ги кажува овие зборови, тогаш не е лоша идеја да се посомневате дека ве лаже и за нешто друго.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.