Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 7 работи што мажите ги мразат кај жените

7 работи што мажите ги мразат кај жените

Мажите ги обожаваат жените и за тоа нема спор. Но, да бидеме реални, како што има работи кои ние ги мразиме кај мажите, така има и работи кои мажите ги мразат кај нас. Еве што можат да се пожалат мажите во врска со жените:

    ОзборувањеМажите особено се иритираат ако нивната партнерка ги споделува деталите од љубовниот живот со своите пријателки.
  1. Жените премногу озборуваат. Мажите не можат да се пофалат дека не озборуваат, но можат да се пожалат дека жените почесто сакаат да го „дискутираат“ животот и изгледот на другите. Особено се иритираат ако нивната партнерка ги споделува деталите од нивниот љубовен живот со своите пријателки.
  2. Често сакаат да променат нешто кај својот маж. Многу жени стапуваат во врска со некој маж со идејата да го променат. Дали во надворешниот изглед или во однесувањето, често жените сакаат да го прилагодат партнерот кон своите желби и потреби. Но, мажите ретко прифаќаат критика, а уште помалку имаат желба да направат промени, па затоа се раѓаат недоразбирања и расправии.
  3. Потребно им е многу време да се подготват. Жените имаат свои ритуали за разубавување и за нив е потребно време. Секој дел од женското тело добива третман. Додека жените се обидуваат да постигнат совршен изглед, мажите нервозно чекаат, па чекањето нема како да не ги изнервира. ШопингМажите генерално го мразат шетањето низ продавници.
  4. Жените се манијачки на тема шопинг. Колку мажи познавате кои што уживаат во шопингот? Одговорот е еден или неколку. Мажите генерално го мразат шетањето низ продавници и го презираат инсистирањето на жените да им бидат придружници. Тие не се робови на модата и немаат желба постојано да знаат каде има попуст. Кога станува збор за шопингот, во умереноста е клучот.
  5. Не преземаат иницијатива за секс. На мажите воопшто не им се допаѓа кога нивната партнерка никогаш не иницира секс. Најчесто ова важи за старомодните и срамежливите жени, а плус се и пасивни за време на сексуалниот однос. Вистината е дека мажите сакаат да почувствуваат страст, да почувствуваат дека се посакувани, исто како и жените.
  6. ПМС. Мажите мразат кога жените се во ПМС (предменструален синдром). Тоа е оној период од месецот кога емоциите на жената достигнуваат точка на вриење. Никој нема да остане поштеден, ако направи нешто погрешно во овој период. Иако жените тешко можат да се борат против овој синдром и скоро е невозможно да си помогнат, мажите никогаш нема да успеат да се навикнат на раздразливоста и промените во расположението.
  7. Изнудување на комплименти. Навистина секоја претставничка на понежниот пол треба да добива комплименти, но никогаш изнудени со сила. Скоро и да нема жена која на својот сакан не му поставила прашање од типот „Дебела сум?“ или „Како ми стои ова?“. Во повеќето случаи жените предвреме го знаат одговорот на прашањето, но сепак го поставуваат, најчесто за да изнудат комплименти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.