Почетна » Љубов и секс » Сингл » Како да му пријдете без да изгледате очајно?

Како да му пријдете без да изгледате очајно?

Времето кога мажите секогаш го правеа првиот чекор веќе остана во минатото. Денес многу жени ги преземаат работите во свои раце и пронаоѓаат начин безбедно да ја искажат својата заинтересираност, без да остават погрешен впечаток.

Првото нешто што треба да го знаете ако решите да му пријдете на еден маж е дека начинот на којшто ќе го направите зависи од ситуацијата и местото. На пример: ако сте во бар можете да му пристапите поотворено, отколку ако сте во супермаркет; доколку сте на плажа би требало да започнете позабавен разговор, отколку ако сте во библиотека и сл.

Млада жена флертува со мажНачинот на којшто треба да му пријдете на еден маж, зависи од ситуацијата и местото.

Како да му пријдете во бар?

Барот е место каде што луѓето се најопуштени, отидени се за да се забавуваат и токму поради тоа, таму е најлесно да се направи првиот чекор.

Што треба да правите

Бидете позитивни и флертувајте прво од растојание. Обидете се да го привлечете неговиот поглед со вашето позитивно расположение. Меѓу многу жени, вие истакнете се со пријателска и до некаде срамежлива насмевка. Ако забележите дека тој на моменти „зјапа“ во вас, тоа значи дека патот ќе ви биде отворен кога ќе посакате да му пријдете.

Според ситуацијата, проценете кој е најправилниот начин да му пријдете. Еве две варијанти:

Тој: Седи со пријателите на шанкот.
Вие: Одете да порачате пијачки за вас и вашите пријателки. Додека сте во негова близина, ако ви се сретнат погледите, започнете да коментирате за песната којашто е пуштена во моментот, за DJ–от или пак за атмосферата внатре. Кога пијачките ќе ви бидат готови, можете да го замолите да ви помогне да им ги однесете на вашето друштво.

Тој: Се упатува сам кон излезот.
Вие: Можете да претпоставите дека најверојатно оди на воздух или пак да запали цигара. Слободно упатете се и вие по него и кога ќе излезете застанете во негова близина. Ако и вие и тој пушите, побарајте запалка од него (не е важно дали имате или немате во чантата). Започнете разговор од типот: „интересна музика има вечерва“ или пак „денес има премногу гужва“. По неговиот одговор, веднаш ќе забележите дали има искра помеѓу вас.

Што не треба да правите

Постојат неколку нешта на кои треба да внимавате ако сакате на добар начин да го привлечете вниманието на машкиот пол.

  • Не се пијанете. Алкохолот навистина може да ви ја зголеми храброста за да му пријдете, но ако претерате, ризикувате да оставите погрешен впечаток. Замислете си пијана девојка што флертува... воопшто не изгледа привлечно и софистицирано. Најлошото е што алкохолот влијае на вашата способност за расудување, па голема е веројатноста да завршите со тип кој не ви се допаѓа.
  • Не одете сами во бар. Дама којашто сама седи на шанкот веднаш го привлекува вниманието, но најголем дел од тоа внимание нема да го посакува, затоа што секој слободен маж ќе сака да ѝ се приближи.
  • Не одете со 20 ваши пријателки. Излегувањето во големо друштво е супер забавно, но така сте и тешко достапни. Доколку имате намера да флертувате и да освоите некој, најдобро е да излезете со уште 2 ваши пријателки. Така, ако едната од вас најде кој да ја испрати до дома, другите две ќе можат да го продолжат дружењето.

4 тактики за да го скршите мразот

  • Побарајте помош. Мажите сакаат да изигруваат витези и да ѝ помагаат на дама „во неволја“. Откако тој ќе ви помогне, лесно ќе ви биде да го продолжите разговорот. Во зависност од ситуацијата, постојат многу нешта за кои можете да побарате помош: во супермаркет за да го земете шампонот од најгорната полица, во фитнес сала за да ви покаже како најправилно се вежба на одредена фитнес справа и сл.
  • Коментирајте за списание или книга што ги чита. Доколку здогледате дека во рацете држи некаква книга или списание, дајте краток коментар. Ако тоа е книгата што ви била на списокот за читање, кажете го тоа. Доколку е заинтересиран за вас, веднаш надолго и нашироко ќе започне да ви објаснува за конкретната книга.
  • Побарајте мислење. Ако седи во кафуле со лаптоп пред себе, на поминување прашајте го дали е задоволен од марката, притоа споменувајќи дека во моментов вие сакате да купите сличен.
  • Коментирајте ја ситуацијата во која се наоѓате. Доколку чекате во ред на касата за да платите, прокоментирајте го тоа. Добро погледнете се наоколу. Секогаш ќе најдете нешто за кое може двајцата да се жалите или пак да го дискутирате. Така разговорот ќе протече без да вложувате напор.

Бидете инвентивни и во зависност од околностите измислете ненападен начин да започнете разговор со којшто ќе го задржите неговото внимание.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.