Почетна » Љубов и секс » Сингл » 13 сигнали што ви ги испраќа неговото тело

13 сигнали што ви ги испраќа неговото тело

Додека лесно можеме да го контролираме она што излегува од нашата уста, тешко можеме да ги контролираме сите движења на нашето тело. А телото никогаш не молчи, секогаш издава по некоја вредна информација.

Пар на состанокПонекогаш сигналите на телото кажуваат многу повеќе отколку устата

Наредниот пат кога сте во близина на оној што ви се допаѓа, слушајте го, но и регистрирајте ги сигналите што ви ги испраќа неговото тело. Од нив ќе научите многу за неговите чувства и намери кон вас.

  1. Ви ја поправа косата или ве гали по раката.
    Превод: Ве тестира, сака да провери дали ви се допаѓа. Ако додека ви ја допира косата или раката му возвратите со пријатна насмевка, тој ќе знае дека има дозвола уште повеќе да ви се приближи. Доколку почувствува негативна реакција, ќе знае да се повлече.
  2. Си го допира носот.
    Превод: Најверојатно лаже. Ако си го чешка носот или увото додека ви одговара на некое прашање или пак раскажува настан, најверојатно не ја кажува целата вистина. Бидете претпазливи. Експертите објаснуваат дека кога тој се обидува да излаже, започнува да се возбудува и во неговата глава надоаѓа повеќе крв, а тоа предизвикува чувство на чешање.
  3. Си го допира зглобот на раката.
    Превод: Се чувствува несигурен. Вам можеби ви изгледа дека си го мести часовникот, но ваквиот потег е знак дека тој не се чувствува сигурен. Со ваквото затворање на рацете тој исто како да прави штит затоа што се чувствува ранлив. Доколку сте на состанок, подарете му попријателска насмевка и разведрете ја атмосферата.
  4. Неговиот папок е насочен кон вас.
    Превод: Му се допаѓате. Луѓето го насочуваат папокот кон оние на кои им веруваат и кои ги привлекуваат. Ако забележите дека и во моментите кога зборува со пријател на другата страна, неговиот папок е насочен кон вас, тоа е сигурен знак дека за него не сте само обична личност.
  5. Седи со дланките на тилот и потпрен назад на столот.
    Превод: Покажува супериорност. Ова не е позитивен сигнал, бидејќи тој смета дека вреди повеќе од вас и не се ни обидува да го сокрие тоа. Ако забележите ваков знак уште на првиот состанок, бидете внимателни како ќе играте понатаму. Неговата желба за доминација може да биде константен проблем.
  6. Ја оближува устата.
    Превод: Ве посакува. Експертите велат дека кога некој си ги оближува усните, всушност покажува дека пред него има нешто што го посакува. Тој нема да сака да ве испушти од раце, а од вас зависи дали ќе му одговорите со ист ентузијазам.
  7. Се ниша напред-назад.
    Превод: Во исчекување е, т.е. чека ваш сигнал за да знае дали да продолжи со додворување или да се повлече. Доколку сакате да остане, продолжете да му се насмевнувате. Сепак, не го земајте овој знак здраво за готово ако консумирате алкохол. Многу луѓе започнуваат да се нишкаат откако ќе се напијат 2-3 чаши.
  8. Си ја допира косата.
    Превод: Сака да стане што попривлечен за вас ИЛИ е нервозен. Ако си ја допира косата додека ја наведнува главата кон вас и ви се насмевнува, тогаш тоа е знак дека сака да изгледа колку што е можно подобро за да ви се допадне. Но, ако си ја допира косата додека му се приближувате за разговор или додека тој се упатува кон вас, тогаш тоа е знак дека не е самоуверен и се чувствува непријатно од својот изглед.
  9. Си го допира образот.
    Превод: Ве слуша внимателно и/или го планира својот нареден потег. Ако си го допира образот додека му зборувате, тоа е знак дека е сконцентриран на вашите зборови. Но, во некои ситуации допирањето на образот е сигнал дека тој го планира својот нареден потег, кој најверојатно ќе биде физички допир. Експертите велат дека се допираме нежно кога сакаме да го допреме оној што е пред нас, но чувствуваме дека не можеме да го направиме тоа.
  10. Стои со раширени нозе.
    Превод: Многу ве посакува. Раширените нозе се несвесен сигнал на мажите дека чувствуваат сексуална привлечност кон личноста што е пред нив.
  11. Седи и прстите на неговите нозе се насочени едни кон други.
    Превод: Многу е несигурен во своите постапки. Обично во ваква поза може да видите момче со заруменети образи, затоа што чувствува одредена доза срам.
  12. Гледа налево додека ви одговара.
    Превод: Лаже, измислува факти. Луѓето обично го насочуваат погледот налево кога си измислуваат факти, а надесно кога се обидуваат да се присетат на нешто. Ако тој покажува знаци на нервоза и го насочува погледот налево, сомневајте се во неговите зборови. Можеби лаже само за да ве импресионира.
  13. Си ја протегнува раката.
    Превод: Бара дозвола да ви се доближи уште повеќе. Сите сме ја виделе филмската сцена кога млад пар оди на кино и момчето имитирајќи протегнување ја испружува раката за да ја прегрне девојката. Ако додека разговарате забележите дека тој си ја протегнува раката, суптилно дајте му сигнал дека не ви смета да ви се доближи. На пример, за кратко допрете го по раката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10624 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.