Почетна » Љубов и секс » Сингл » 12 знаци дека тој сака да му бидете нешто повеќе од пријателка

12 знаци дека тој сака да му бидете нешто повеќе од пријателка

Машко-женските пријателства отсекогаш раѓале многу дискусии затоа што можат да се исто толку искрени, силни и неповторливи, колку и комплицирани. Неретко се случува еден од пријателите да излезе од зоната на пријателството и да развие подлабоки љубовни чувства.

Пријатели

Се сомневате дека се наоѓате во таква ситуација? Чувствувате дека неговиот поглед крие нешто, дека неговите прегратки стануваат подолги, а неговите допири во вашата коса почести? Следните неколку знаци ќе ви помогнат да ја решите дилемата дали за него сте само пријателка или нешто повеќе:

  1. Пријателите ве нарекуваат заљубени гулапчиња. Сите околу вас забележале дека летаат искри кога вие сте еден до друг и најверојатно повеќето шеги се на ваша сметка. Зачестија дофрлувањата од типот „Леле, колку убав пар сте“, „Исти сте како заљубени гулапчиња“, „Се расправате како брачен пар“ или „Вие сте станале неразделни“? Одговоривте потврдно? Па, време е да се замислите за вашето машко-женско пријателство. Сигурно нешто им дало инспирација на вашите пријатели за сите тие досетливи коментари. Ако инспирацијата не доаѓа од вас, тогаш доаѓа од него и неговото однесување.
  2. Ве сонува и наредниот ден прво ви кажува за тоа. Ако присуствувате и во неговите соништа, тоа значи дека свесно или несвесно тој не може да ве извади од мислите. Ако ви раскажува детално романтичен сон за вас двајцата, макар и на крајот на приказната да каже „многу смешен сон“, тој веројатно сака да ја провери вашата реакција. Сака да дознае како би реагирале на помислата да сте во врска. А, со коментарот „многу смешен сон“, се обидува да ја прикрие својата намера и не сака вие да помислувате дека гледа на вас на романтичен начин.
  3. Никогаш не зборува со вас за други девојки. Порано бараше љубовни совети од вас, но во последно време престана да зборува за други девојки. Дури и да е во врска, неговата сакана никогаш не е тема на вашите разговори. Размислете, да бевте само пријатели, тој немаше да има причина да не побара совет или мислење од вас. Нели пријателите се токму за тоа?
  4. Не одобрува ниту еден од вашите додворувачи. Ви вели „Заслужуваш подобар, тој не е за тебе“, никогаш нема добри зборови за оние кои покажуваат интерес кон вас, се мршти секогаш кога ќе ви се јави некој и нервозно напушта терен кога некој заинтересиран ќе започне да флертува со вас. Можно е вие досега да не сте ги забележувале овие знаци, но сега отворете си ги очите затоа што тие се добри показатели за неговите чувства.
  5. Откако ќе ве запознае со привлечен познаник, ви кажува лоши нешта за него. Само пет минути откако ќе ве запознае со згоден познаник, тој веднаш започнува да ви држи говор како тој е голем женкар за да ви го убие целиот интерес за него. Можеби тоа навистина е така, но исто така е можно само да се плаши од конкуренција.
  6. Често иницира средби, и тоа насамо. Тој ужива во вашето друштво и нормално е да сака да поминува колку што е можно повеќе време блиску до вас, па често ве кани да го поминувате слободното време заедно, било да е тоа за да спортувате, да играте некоја игра или да гледате филм. Многу е важно да обрнете внимание дали на средбите тој доаѓа со засилување, т.е. со негов другар, или максимално се обидува да останувате насамо. Доколку неговата широка насмевка наеднаш исчезне кога вие ќе поканите пријателка да ви се придружи во гледањето филм, бидете сигурни дека ве сака само за себе.
  7. Додека гледате филм, седи најблиску што може до вас. Во никој случај не ја поставува чинијата со пуканки меѓу вас, туку ја држи во рацете.
  8. „Случајно“ има гратис билети за театар, кино или концерт на којшто вие сакате да присуствувате. Првиот пат може и да е вистина дека двата билета случајно паднале во неговите раце. Но, ако оваа појава зачести, не верувајте во случајноста.
  9. Претпочита да ве чести кога излегувате заедно. Ретко кој инсистира многу често да ги чести своите пријатели, освен ако нема повод. Доколку тој секогаш „се тепа“ да ја плати сметката, тоа нека ви биде како аларм да се разбудите и да ѕирнете подлабоко во неговите намери кон вас.
  10. Има специјален прекар за вас. Наместо да ви се обраќа на име како што тоа го прави со останатите свои пријатели, тој за вас има специјален прекар, кој или звучи нежно или многу слатко. За него сте „меченце“, „сонце“, „кукла“, ви се обраќа со слатка скратеница на вашето име и во неговиот мобилен сте запишани со неа? Запрашајте се дали зад тој чад од „ненамерни“ нежности има оган.
  11. Ви го честита роденденот точно на полноќ. Точно во 00.00 часот ви се јавува за да ви го честита роденденот, и тоа не затоа што Facebook го потсетил. Кога ќе размислите, може да се потсетите дека неколку дена претходно тој ве потпрашувал што сакате за подарок.
  12. Поставува на Facebook фотографии на кои сте само вие двајцата. Мажите кои се во потрага по девојка не поставуваат фотографии со друга за да не ги оттурнат потенцијалните партнерки. Ако за него не важи тоа, можно е единствената кандидатка за неговото срце да е веќе на фотографијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.