Почетна » Љубов и секс » Секс » Црвено жешко празнично изненадување

Црвено жешко празнично изненадување

Празниците се идеално време за релаксација и забава. Под влијание на празничната еуфорија секој сака да си помине лудо и незаборавно со своите најсакани.

Ако сакате да го направите вашиот љубовен живот повозбудлив и да му приредите мало изненадување на партнерот или ако сакате да му го дадете новогодишниот подарок на оригинален начин, ви предлагаме интересна игра која сигурно ќе ви даде незаборавна ноќ.

  1. Секси женаКупете балони. Колку? Зависи од тоа колку сакате да ви биде долга ноќта. Какви? Најдобро е црвени за да одговараат на жешката атмосфера што сакате да ја создадете.
  2. Земете мали ливчиња и на секое напишете нешто што сакате тој да ви го направи вам или вие него (палави бакнежи или допири). За поинтересно, користете сина и црвена боја за да обележите кој да биде во главна улога.
  3. Во секој балон ставете по едно ливче.
  4. Надујте ги балоните и расфрлете ги низ целата соба.
  5. Облечете црвена секси долна облека. Нема да погрешите ако изберете црвено-бела комбинација и по можност со пуфкасти детали. Одгоре ставете кратко фустанче или елегантна ноќница.
  6. Изберете црвен впечатлив кармин и нежна шминка за очите.
  7. Пуштете ја слободно косата и ставете црвена новогодишна капа. Не ги заборавајте високите потпетици.
  8. Очекувајте неговите очи да светнат уште кога ќе ве здогледа. Дајте му ја привилегијата тој да ја започне играта со пукањето на првиот балон, а потоа може наизменично да го правите тоа. Вашите предлози сигурно ќе го полудат, а неизвесноста и очекувањето за тоа што има во наредниот балон ќе ја покачат возбудата и кај двајцата.

Ако имате новогодишен подарок за него, дајте му го уште пред да му кажете да го пукне првиот балон, затоа што кога еднаш играта ќе започне, ниту еден подарок на светот нема да може да го оттргне од вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.