Почетна » Љубов и секс » Секс » 8 начини на коишто сексот ве разубавува

8 начини на коишто сексот ве разубавува

Дали треба да им веруваме на славните ѕвезди како Деми Мур и Камерон Дијаз кога тврдат дека тајната на нивната убавина е сексот? Најверојатно треба, затоа што сексот не само што прави да се чувствуваме убаво, туку докажано помага и за добивање на поубав изглед од глава до пети.

Среќен пар во креветСексот ѝ дава блескав сјај на кожата и ве прави среќни.
  • Сексот согорува калории. Одбивате да влезете во фитнес салата за да се раздвижите? Тогаш, за да внесете активност во вашиот живот, не бегајте од вашиот партнер. Триесет минути секс придонесуваат за согорување на околу 85 калории. Можеби тоа ви изгледа малку, но на долгорочен план сексот е најзабавниот сојузник за одржување на витко тело.
  • Сексот ви дава кожа со блескав сјај. Не ви се потребни 2 вида пудра и руменило за да постигнете блескав здрав сјај на лицето. Сексот ја подобрува циркулацијата на кожата и со тоа носи повеќе кислород во кожата. Резултатот е природен здрав изглед на кожата. Хормонот окситоцин, којшто се ослободува пред оргазам, помага за обновување на клетките на кожата и одржување на нејзиниот блесок.
  • Сексот помага против акни и ги чисти порите. Страста меѓу вас и вашиот партнер предизвикува потење. Со потењето порите се прочистуваат од нечистотијата. Следниот пат кога планирате да имате секс, можеби е подобро да не го отворате прозорецот или да не го пуштате клима уредот. Иако нема научни истражувања што го потврдуваат тоа, многумина веруваат дека сексот ја чисти кожата од акни.
  • Сексот ја спречува појавата на сува кожа. Многу жени страдаат од сува кожа. Особено жените во менопауза често се жалат дека нивната кожа го губи својот квалитет и станува сува. Без разлика на која возраст сте, преку подобрувањето на циркулацијата и зголемувањето на кислородот во кожата редовниот секс ќе ви помогне да се ослободите од проблемот сува кожа.
  • Сексот ќе ви донесе поздрава коса и поцврсти нокти. Зачудувачки, но вистинито. Сексот влијае и на изгледот на вашата коса со тоа што ја прави посјајна, благодарение на зголеменото ниво на естроген. Во исто време, хормоните кои ѝ даваат блескав сјај на кожата, помагаат и за зацврстување на вашите нокти.
  • Сексот го одложува стареењето. Ако сакате да изгледате помлади, не го прескокнувајте сексот. Тој помага против стареењето на неколку начини. Прво, го зголемува количеството на произведен колаген и со тоа ја редуцира појавата на брчките. Второ, го намалува стресот и со тоа го подобрува изгледот на вашата кожа. Трето, тој е одлична физичка активност која што ќе ви помогне да не го запоставите изгледот на телото. И докажано е дека сите ќе го забележат позитивниот ефект на сексот врз вашиот изглед. Многу истражувања покажале дека оние кои имаат редовен секс, изгледаат дури и до 10-12 години помлади.
  • Сексот ви осигурува добар сон. Окситоцинот или уште наречен хормонот на љубовта, којшто се ослободува во телото за време на оргазам, е виновник за појавата на поспаност и целосна релаксација после секс. Тоа води до длабок и мирен сон. А спиењето од своја страна помага за разубавување на кожата, намалување на крвниот притисок и одржување на телесната тежина.
  • Сексот ве прави среќни. За време на сексуален однос, во телото се создаваат ендорфини кои сите ги сакаме, затоа што го подобруваат расположението. Нема нешто попривлечно од насмевната жена чии очи блескаат од среќа. Среќните жени не само што изгледаат попривлечно, тие имаат и поголема желба да бидат сексуално активни. И така среќата и сексот оформуваат затворен круг. Ако сте среќни, ќе имате поголема желба за секс. Имајте секс за да бидете среќни.

Освен тоа, сексот го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го зголемува имунитетот, ја намалува болката, го намалува ризикот од рак на простата кај мажите, ги зајакнува карличните мускули... Потребни ли ви се уште причини за да имате секс?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.