Почетна » Љубов и секс » Секс » 10 типа секс што мора да ги пробате

10 типа секс што мора да ги пробате

Сексот е едно од најголемите задоволства, па затоа никогаш не треба да го занемарувате. Кога сте во долга врска, може да се случи да дојдете до момент во кој ќе почувствувате дека сте пробале сè и дека повеќе ништо не може да ви ја врати возбудата. Но, ако имате желба за експериментирање и ако сте подготвени да го зачините вашиот сексуален живот, тогаш ништо нема да може да ја изгасне страста под чаршафите (и не само таму).

Секс на плажаНема подобро време за секс и за обновување на сексуалната интимност од летниот одмор.

Сакате повеќе возбуда? Еве неколку предлози:

  1. Секс на одмор
    Ах... лето, плажа, врз вас минимум облека, коктели, релаксација. Нема подобро време за секс и за обновување на сексуалната интимност од одморот. Кога сте на одмор, грижите ги оставате зад себе, па затоа сте поподготвени да пробате нешто ново, нешто што не би до направиле дома. Флертувајте отворено во ресторан, имајте секс на плажа, секс во колата, секс под туш. Целото време е ваше, затоа искористете го разумно.
  2. Див брз секс
    Долгите ноќи во романтична атмосфера се одличен начин да се поврзете интимно со партнерот. Но, понекогаш брзиот див секс е токму она што ќе направи да добиете вртоглавица (во позитивна смисла). Имате 15 минути додека да пристигнат гостите, а вие не можете да се одделите еден од друг? Не се воздржувајте. Фрлете ги алиштата и прескокнете ја предиграта.
  3. Секс за помирување
    Често слушаме дека ваквиот секс е исполнет со најмногу страст. По викањето и карањето, се создава желба за повторно поврзување и токму тоа ги поттикнува паровите веднаш да скокнат во прегратка. Некои парови дури и намерно започнуваат мала расправија за да ја зголемат возбудата и да ја искусат уште еднаш страста од сексот за помирување.
  4. Утешителен секс
    Сексот не е само за моментите кога се чувствувате среќни и расположени. Тој има сила да ви ја врати насмевката, па не го прескокнувајте во тажните мигови. Утешителниот секс се случува кога еден од партнерите има тежок ден или кога е тажен и многу емоционален, затоа што желбата да се поврзете еден со друг е поголема отсекогаш.
  5. Долгоочекуван секс
    Започнете ја предиграта уште од утрото и одложувајте го сексот до вечерта. Закажете му незаборавна ноќ на партнерот. Уште на почетокот на денот подарете му неколку страсни бакнежи што ќе му потскажат што го очекува подоцна. Додека сте разделени во текот на денот, сликајте ја долната облека што планирате да ја носите и пуштете му ја да ја види. Може и да му напишете неколку збора што ќе го натераат да мисли само на тоа. А кога вечерта ќе застанете очи в очи, нема да му е важна долната облека. Како мало дете што цела година го очекува новогодишниот подарок, тој ќе сака само набрзина да го отвори „подарокот“ и да го добие она што го посакува.
  6. Секс од фантазиите
    Секој заслужува да проба секс од фантазиите. Тешко дека постои нешто повозбудливо од тоа да ви се оствари некоја фантазија. Нема причина зошто да не си ги исполнувате фантазиите ако и двајцата сметате дека нема ништо лошо во тоа. Освен што ќе го зачините сексуалниот живот, ќе научите и подобро да комуницирате и да бидете поотворени еден кон друг. Влезете во улогата на секси медицинска сестра или еротска танчерка ако знаете дека тоа ќе го „полуди“.
  7. Сензуален секс
    Кога повеќето жени би си ја замислите совршената ноќ со партнерот, тогаш тие мислат на долг, романтичен, сензуален секс. Започнува со вечера на свеќи, продолжува со десерт в кревет, опуштање со еротска масажа, долга предигра и бавен секс за време на којшто ќе уживате во секој момент. Стимулирајте му ги сите сетила – овозможете му убав поглед со тоа што ќе облечете секси долна облека, негувајте го телото за да копнее да го допре и помириса, нахранете го со јагоди со шлаг, отворете си шампањско и пуштете заводлива музика.
  8. Маратонски секс
    Имате слободен ден или пак немате никакви обврски овој викенд? Тогаш е време да го искусите маратонскиот секс. Останете цел ден в кревет. Порачајте си храна со достава до дома и истрошете ја вашата сексуална енергија максимално. На крајот на денот и двајцата ќе бидете преморени, но исклучително задоволни.
  9. Секс во секое ќоше од домот
    Спалната не е единственото место за интимно поврзување со партнерот. Менувањето на местото на коешто ќе се разголите ќе внесе спонтаност во вашата врска, а ќе направи и двајцата да се посакувате уште повеќе. Ако додека готвите тој дојде да ве бакне, бакнете го со страст што нема да го остави рамнодушен и имајте луд, забавен секс во кујната. Следниот пат, пробајте ја бањата или пак скалите...
  10. Секс под отворено небо
    Кога ќе го запознаете секое катче во вашиот дом, пренесете ја возбудата надвор. Сексот под отворено небо може да ви донесе многу проблеми. Не само што некој може да ве види, туку може да си заработите и казна. Можеби пак затоа и е толку возбудлив. Секогаш има ризик дека ќе бидете фатени на дело. Сепак, за да избегнете проблеми, внимавајте нешто да ве крие од очите на јавноста.

Имате пропуштено нешто од списокот? Искористете ја првата можност за да си го доставите тоа задоволство. Нема да зажалите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.