Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Преживејте ја разделбата

Преживејте ја разделбата

Без разлика дали излегувавте со него само неколку недели или имавте долга серозна врска, разделбата никогаш не е лесна. Колку и сите да ве убедуваат дека времето ги лечи раните, вие тешко можете да им поверувате. Но, треба да знаете дека не сте единствената. Милиони жени низ светот поминуваат низ истите проблеми и таа болка што сега ја чувствувате, ќе избледнее со времето.

Тажна жена
По разделбата исплачете се, поминете малку време сами и воведете нови активности во вашиот живот.

Еве неколку совети, кои ќе ви помогнат да се справите со кризата наречена разделба и да продолжите понатаму со главата горе.

  1. Исплачете се. Не срамете се да плачете, но не пред него. Откако ќе останете сама, пуштете гласна музика и силно и долго плачете. Плачењето не значи дека сте слаба личност. Тоа ќе ви помогне да извадете сè што е негативно во вас и да продолжите насмевнати со позитивен поглед на животот.
  2. Поминете одредено време сами. Никогаш нема да го преболите и да продолжите без тој да е присутен во вашите мисли, ако не ставите крај. Размислете добро за сè што научивте од таа врска, за знаците кои укажуваа на крај, а кои вие ги игнориравте. Бидете убедени дека можете и без него.
  3. Најдете поддршка. Вашите пријателки или семејството треба да бидат со вас. Секогаш ќе се чувствувате подобро, откако заедно ќе пооговарате колку тој не бил за вас и колку мани има.
  4. Што и да правите, не му се јавувајте. Неговиот глас ќе ви ги оживее спомените. Ако вашата врска завршила главно по негова вина, тој ќе се обиде да ве придобие назад. Запомнете дека колку подолго време се обидувате да зацврстите разрушена врска, толку повеќе ќе се мачите вие и ќе ви е потребен подолг период за закрепнување.
  5. Тргнете ги спомените. Сè што ве потсетува на него, тргнете го од пред вашите очи. Ако ви е премногу болно да ги чувате подароците од него, продајте ги и со парите купете си убави чевли. Така ќе си ја зголемите самодовербата и нема да треба да носите работи кои ве потсетуваат на него.
  6. Искористете го слободното време. Можете да се запишете на курс по танцување или да научите нов јазик. Оформете го своето тело и изгледајте секогаш неодоливо. Искористете го слободното време корисно.
  7. Излегувајте. Разделбата не треба да ве затвори дома. Напротив, оставете ги тажните мисли дома и излезете со голема насмевка на лицето. Не знаете какви изненадувања ве очекуваат понатаму во животот, затоа не реагирајте како вашата разделба да е крај на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11149 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.