Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Зошто лажат мажите?

Зошто лажат мажите?

Нема човек кој не се обидел да ја прикрие, заобиколи или искриви вистината. Некои луѓе лажат повеќе од други, а некои лажат за посериозни работи за разлика од други, но на крајот заклучокот останува ист – сите лажат. Сепак, има голема разлика од лага до лага. Секој лаже поради различни причини и за различни работи.

Ако прашате маж за тоа кој лаже повеќе, без двоумење ќе каже дека жените лажат повеќе и дека го прават тоа на попрофесионален начин. А обратно, кога ќе запрашате жена за истото, ќе добиете одговор дека ретки се мажите кои не лажат.

Маж што лажиЖените можат полесно да познаат лага во машките очи, но тешко можат да сфатат зошто лажат мажите.

Кога се работи лажењето во врската или бракот, работите стануваат посериозни. Едно е да излажеш некого дека облеката му стои прекрасно, но друго е да го лажеш човекот кој го сакаш. За жал, тврдењето дека луѓето најголемите и најсериозните лаги ги чуваат за оние кои ги сакаат, најчесто е вистинито.

Жените можат полесно да препознаат лага во машките очи, но тешко можат да сфатат од каде потекнува таа лага, т.е. зошто лажат мажите. Точен одговор на тоа прашање не постои, но дел од одговорот ќе го најдете во најчестите причини кои ги поттикнуваат и принудуваат мажите да лажат.

Мажите лажат кога вистината не е доволно добра за да ги импресионира жените

Мажите ја ценат својата гордост и тоа многу. Тие сакаат да бидат вечни херои и нивната партнерка да се гордее со нив. Во својот обид да ги импресионираат жените, мажите ја преувеличуваат и искривуваат вистината, а понекогаш и скратуваат некои „детали“. Жените лесно можат да насетат лаги од овој тип и ги оставаат мажите да си го нахранат своето его. Доколку ретко слушате вакви лаги, тоа не може да ѝ наштети на вашата врска.

Мажите лажат за да направат жените да се чувствуваат подобро

Повеќето од жените не се задоволни од својот изглед, па мажите се чувствуваат одговорни да ја зголемуваат самодовербата на жените со мали бели лаги и комплименти. Нема ништо лошо во малите лаги како „изгледаш прекрасно, како и секогаш“. Дури и кога жените знаат дека тоа е лага, сакаат да ја слушнат и со задоволство ја прифаќаат како вистина.

Проблем се јавува кога мажот започнува да го кажува само она што знае дека неговата партнерка сака да го слушне. За да го избегнете тоа, понекогаш барајте искрено и отворено да ви биде кажана вистината.

Мажите лажат за да добијат нешто

Ех, ова никој не мораше да ви го каже. Ретки се тие кои што лажат за забава. Најчесто преку лагата луѓето се обидуваат да добијат нешто. Дали поради филмовите или поради нешто друго, мажите сметаат дека преку многу комплименти можат лесно да освојат нечие женско срце и дури да изнудат секс. Па, затоа ќе направат сè што е во нивна моќ и ќе кажат колку што треба лаги, без да се замислат дали тоа е во ред или не.

Лошата вест е што во повеќето случаи оваа „тактика“ им успева, па очигледно немаат намера да се откажат од неа.

Мажите лажат, затоа што се убедени дека жените не можат да ги разберат

Ова можеби е една од најчестите причини поради кои лажат мажите. Тие се плашат дека вистината не одговара на сфаќањата на нивната партнерка и дека таа никогаш нема да може да погледне на дадена ситуација од нивна гледна точка. Наместо да се соочат со ситуацијата и машки да ги поднесат последиците, мажите ја сокриваат вистината за да не изгубат од довербата на својата сакана.

Мажите лажат за да избегнат конфликт

Жена со пиштол и лажлив маж со метаМажите сметаат дека лажењето е најдобар начин да ги избегнат расправиите.

Мажите мразат кога се во конфликт со својата партнерка. Толку ги мразат расправиите, што ќе дадат сè од себе само за да ги избегнат, а најдобриот начин да го направат тоа е преку лажењето. Понекогаш лажат дека се согласуваат со својата партнерка, иако тоа не е така, понекогаш лажат дека не направиле нешто што знаат дека ќе доведе до војна, понекогаш лажат за да се оправдаат.

Мажите лажат, затоа што сметаат дека жените не можат да се соочат со вистината

Понекогаш вистината може да биде неудобна и да повредува. Мажите знаат дека жените се почувствителни, па затоа неретко ги поштедуваат своите партнерки од „грозната“ вистина. Зошто? Ако врската им оди во правилната насока, не сакаат ништо да го наруши тоа, а ако им стои на работ на пропаст, не сакаат да бидат тие што ќе ја уништат.

Мажите лажат, затоа што не гледаат ништо лошо во лажењето

За некои мажи лажењето е нормална работа и не сметаат дека е лошо. Тие дури не го сметаат за лажење прикривањето или преувеличувањето на вистината. Најголем дел од овие мажи се навикнати постојано да ги лажат своите пријатели или колеги, па затоа не мислат дека лажењето во врската е нешто поразлично.

Други пак успешната лага ја сметаат за постигнување и со тоа си ја зголемуваат самодовербата. Трети го сметаат лажењето како нормален дел од освојувањето на женското срце.

Дали знаете дека...

Мажите лажат два пати почесто од жените. Тоа е заклучокот од британско истражување спроведено во септември минатата година, а во кое учествувале 2000 мажи и жени. Според истото истражување, мажите им кажуваат во просек 6 лаги дневно на својата партнерка, колегите или шефот, а наспроти нив, жените измислуваат само 3 лаги.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.