Почетна » Убавина и мода » Шминка » Шминка – трендови за пролет 2010

Шминка – трендови за пролет 2010

Пролетта асоцира на убавина. Пролетното сонце го подобрува расположението и во нас буди желба да изгледаме најдобро што можеме.

Убава женаПролетните мејкап трендови вклучуваат розови сенки и руменило, дебели веѓи и долги трепки.

Новите трендови во шминката можат да се опишат со зборовите романтична, женствена, ултра свежа и нежна. Од беспрекорен тен и розови усни до супер долги трепки – подгответе се за пролетта со помош на следните трендови.

Боите на пролетта 2010:

пастелни бои, сите нијанси на розова, кајсија, корална, светло виолетова, бебешка сина, зелена и светло црвена боја (за усните).

Усни

Розово за очите, розово за јаболкниците и розово за усните. Природниот изглед налага употреба на нежни бои за усните.

Освен розовата, особено модерна за усните е коралната боја – за прилики кога црвената е премногу нападна, а розовата премногу незрела. Оваа боја дава свеж, младешки изглед, идеален за пролетта.

Сјајот за усни не треба да го штедите оваа пролет. Можете да заборавите на карминот, но не и на сјајот. Црвените истакнати усни се уште еден класичен тренд за оваа пролет. Но, препорачливо е да се практикува за посвечени вечерни прилики и во комбинација со многу малку шминка на очите.

Очи

Долгите трепки се хит оваа пролет. Професионалните шминкери советуваат или да се додаде уште еден слој маскара кон стандардните два или да се користат вештачки трепки. Прекрасните долги трепки одлично си контрираат со ненашминкани очи.

Дебели убаво оформени веѓи. Ако имате дебели веѓи, зачувајте ја убавата форма и радувајте се оваа пролет. Мошне возбудлив тренд е користењето на ајлајнер во светла боја за горниот капак на окото. Во истото време изоставете ја шминката на долниот капак на очите. Во секој случај, долниот капак треба да биде нашминкан со посветла боја од горниот.

Сите нијанси на розова се модерни оваа пролет. Задолжително имајте во својата колекција и кармин во кремово-розова боја. Постигнувањето на ненашминкан изглед со помош на шминка е апсолутен предизвик кој треба да ви стане навика.

Сенки во златни нијанси. Овие сенки најдобро си одговараат со темен тен. Но, без проблем можете да ги користите и ако имате светол тен. Единствено треба да внимавате да не бидат премногу темни. Избирајте сенки чија боја е 2-3 нијанси потемна од вашиот тен.

Зелените сенки за очи одговараат на секој тен и секоја боја на очите. Идејата е да внесете пролетна свежина во изгледот. Најдобро е зелената сенка да ја комбинирате со двата други пролетни хитови – розово руменило и усни со кармин во розова, корална или кајсија боја.

Тен

Совршената кожа не излегува од мода. И оваа пролет вашето лице треба да зрачи свежина и здравје. Хидратацијата и ексфолијацијата се особено важни. Дури и ако вашата кожа не е совршена, постигнете го тоа со помош на шминката, но зачувајте го природниот изглед.

Пролетното сонце покажува дека е време да започнете да користите шминка и кремови со заштитен фактор, особено ако имате светол тен и ако имате проблем со пегите.

Бронзениот тен е повторно во мода. Но, не треба да се претера. Трендот „минимална шминка“ одлично си одговара со темниот тен. Најдобро е да заборавите на солариумот и да користите креми за потемнување.

Розово руменило. Заборавете на бронзеното руменило и изберете розово руменило за оваа пролет. Тоа одговара совршено и со темен и со светол тен. Розовото руменило дава природно убав изглед, кој е особено ин оваа пролет.

Трендови од модните писти пролет/лето 2010

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.