Почетна » Убавина и мода » Тело » Митови за целулитот

Митови за целулитот

Целулит
Дури и најслабите жени можат да имаат целулит.

Мит 1. Само луѓето со прекумерна телесна тежина имаат целулит.
Вистината: Целулитот е голем непријател на жените без разлика дали се слаби или дебели и без разлика дали спортуваат или не. Тој се појавува кога маснотиите под кожата се повредени и врз него не влијаат останатите масни наслаги и мускули во телото. Многу експерти се согласни дека целулитот може да биде и генетски наследен, затоа што неговото појавување е сврзано со хормоните. Жените од едно семејство, без разлика на нивната тежина, имаат скоро еднакво количество целулит.

Мит 2. Мажите немааат целулит.
Вистината: Иако потешко го забележуваме целулитот кај мажите, има мажи кои што страдаат од него. Кај нив целулитот најчесто се појавува на стомакот.

Мит 3. Целулитот може да се елиминира со липосукција.
Вистината: Иако повеќето луѓе сметаат дека липосукцијата е брз начин за ослободување от вишокот маснотии, вистината е дека таа може да го зголеми проблемот со целулитот. Докторите не можат да го отстранат целулитот. Тие ги отстрануваат масните наслаги кои што се под целулитот.

Мит 4. Темниот тен ја прикрива „портокаловата“ кожа.
Вистината: Целулитот се забележува помалку кога имаме потемен тен. Но сепак внимавајте, затоа што долгото изложување под UV зраците на сонцето ја намалува еластичноста на кожата и проблемот со целулитот може да стане поголем. Тоа е уште една причина да се заштитувате од сонцето.

Мит 5. Ако сме физички активни - целулитот исчезнува.
Вистината: Целулитот се појавува на 0,5 или 1mm под кожата. Со физичка активност се согоруваат масните наслаги кои што се наоѓаат подлабоко под кожата. Иако значително помага и се препорачува од експертите, вежбањето не е гаранција дека целулитот ќе исчезне.

Мит 6. Со помош на масажата се намалуваат нерамнините на „портокаловата кожа“.
Вистината: Масажата помага за израмнување на „портокаловата“ кожа. Но, за да се постигне тоа, потребна е масажа која продира подлабоко во кожата, а не обична масажа со ракавица. Ендермологијата е механичка масажа со автоматски ваљаци, која ја подобрува циркулацијата на крвта. Овој тип масажа помага да се подобри изгледот на кожата во засегнатите области на телото, но има краткотраен ефект.

Мит 7. Кафето го намалува целулитот.
Вистината: Иако кафето не е најефективниот начин да го намалите целулитот, вистината е дека тоа помага. Истражувањата покажуваат дека премачкувањето на „портокаловата“ кожа со течен кофеин помага во согорувањето на масни наслаги. Најголем број од антицелулитните кремови и гелови содржат кофеин.

Мит 8. Антицелулитните кремови и гелови се едноставно решение на проблемот со целулитот.
Вистината: Ако постоеа такви продукти, борбата со целулитот би била толку лесна. Но, за жал не е така едноставно. Кремовите и геловите против целулит помагаат кожата да изгледа позатегната и со тоа целулитот помалку доаѓа до израз. Сите продукти создадени врз основа на витамин А го имаат тој ефект. Антицелулитните продукти помагаат, но не го елиминираат целулитот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.