Почетна » Убавина и мода » Тело » Масажа со мед против целулит

Масажа со мед против целулит

Масажата е силно оружје во борбата со целулитот. Во оваа статија ќе ви ги разоткриеме тајните на масажата со мед. Овој тип масажа бил користен во древниот Тибет, а денес е распространет низ целиот свет.

Масажа против целулит
Секој тип на масажа помага против целулит, но масажата со мед е најефективна.

По прилагањето на масажата со мед, кожата останува мека и постегната. Медот ги апсорбира токсините и помага да се исфрлат од телото. Масажата со мед ја подобрува лимфната и крвната циркулација.

Како да си направите ефективна масажа?

За да си направите една ефективна масажа ви е потребен природен мед и масло за масажа. Маслото може да биде од лаванда, нане, лимон, портокал, еукалиптус или некое друго, кое ви е подостапно.

  1. На секоја чајна лажичка мед, додајте 5 капки масло или микс од различни масла. Ако ги масирате само задникот и бутовите, доволни ви се 2 чајни лажички мед и 10 капки масло. Медот и маслото смешајте ги непосредно пред да ја правите масажата. Ако користите различни масла најдобро е прво да направите смеса од нив и потоа да го додадете медот.
  2. Смесата која сте ја приготвиле нанесете ја на рацете. Потоа премачкајте ги областите засегнати од целулит. Дел од смесата треба да остане на вашите раце.
  3. Залепете ги рацете на телото и полека одлепувајте ги. Во почетокот правете го тоа бавно и внимателно.
  4. Откако ќе се привикнете, започнете посилно да ги прилепувате и побрзо да ги одлепувате рацете.
  5. Масажата треба да трае од 5 до 10 минути. Потоа отстранете ја смесата со топла вода. Премачкајте го телото со хидратантен лосион или млеко. Се препорачува оваа масажа да ја практикувате 15 дена.

!

Внимавајте! Како последица на масажата може да се појават модрици кои брзо исчезнуваат. Првите неколку дена масажата предизвикува болка, но потоа телото се привикнува и масирањето е полесно и помалку болно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.