Почетна » Убавина и мода » Тело » Забавни летни идеи за маникир

Забавни летни идеи за маникир

Сонце, копнеж за егзотични плажи, дружење, насмеани лица, занемувачко зајдисонце и долги ноќи полни со авантури... летото ни носи експлозија од доживувања, но и чаша полна со предизвик за промени во изгледот. А, желбата за промени, раѓа и потреба од нови идеи за декорација на ноктите.

Еден од најпопуларните трендови е дефинитивно маникирот тип „омбре“, што го опишува секој маникир кој започнува со една боја која постепено се преобразува во друга. Исто така, незанемарлива е шарата „шеврон“, односно исцртаните форми на обратно „V“. Летните мотиви, ноктите со „граници“ и колоритните шеми се само дел од актуелните трендови кај украсувањето на ноктите.

Еднобојниот маникир оставете го за поздодевните и помонотони денови и започнете игра со летни разиграни маникири.

Виножито на рацетеПастелна омбре фантазијаПалми на зајдисонцеОцртани краевиПодводна убавинаБело ќоше на пастелна позадинаНеонски врвовиБудно око„Шеврон“ шараКолоритен францускиМорнарски шмекОвален омбре центарРетро кареКолоритен летен дожд

Виножито на рацете

Искористете ги сите лакови во светли бои кои ги поседувате за да креирате виножито изглед на вашите нокти.

Неопходни ви се само мали сунѓерчиња со кои врз лакираните нокти ќе го правите преливањето од една боја во друга.

Пастелна омбре фантазија

Нежните пастелни бои можат да се спојат во неодоливи комбинации кои ќе привлекуваат погледи кон вашите раце.

Спојте розова со бебешко сина, нежна жолта со млечно зелена, корална со тиркизна... дозволете ѝ на фантазијата да дојде до израз.

Палми на зајдисонце

Волшебното огнено летно зајдисонце пренесете го на вашите нокти и надополнете го со егзотични палми.

Маникирот ќе ви изгледа како вистинско уметничко дело, а верувајте и не е толку тежок за правење.

Оцртани краеви

Оцртувањето на краевите на ноктите е малку неочекуван и невообичаен, но интересен тренд кој за првпат се раѓа оваа сезона.

Многу е едноставен ако имате стабилна рака и се разбира, лак со тенко четче.

Подводна убавина

Подводниот свет се покажа како неисцрпен извор на инспирација за трендовите за летната сезона.

Комбинирајте неколку нијанси на сина боја и исцртајте некој детаљ карактеристичен за морските длабочини.

Бело ќоше на пастелна позадина

Со помош на селотејп направете идеално права линија и на секој од пастелните нокти обојте едно ќоше во бела боја.

Неонски врвови

Заедно со летното сонце нека блеснат и вашите нокти со неонски бои. Дизајнерите и мејкап артистите ги одобрија дречливите нијанси, па вреди да им дадете шанса.

Налакирајте ги ноктите во неутрална боја, а потоа со сунѓерче натопено во неонски лак нежно тапкајте врз ноктот за да создадете градиент.

Будно око

Маникирите со око започнаа да стекнуваат популарност благодарение на похрабрите славни дами кои решително експериментираат со својот изглед.

„Шеврон“ шара

Маникирите кои на каков било начин содржат обратна „V“-форма се вистински моден погодок ова лето. Колку поразнобојни се вашите комбинации, толку подобро.

Колоритен француски

Класичниот француски маникир веќе неколку сезони губи од својата популарност. За да го направите овој начин на декорирање на ноктите поактуелен, врвовите на секој нокт исцртајте ги со различни весели бои.

Морнарски шмек

Пронајдете интересен спој на црвената, сината, белата и евентуално жолтата боја кој ќе ги вклучува морнарските елементи како линии, котва и кормило за да го следите овој популарен тренд кој речиси никогаш не умира.

Овален омбре центар

Овој маникир е спој на трендот „омбре“ и трендот „оцртани краеви“. Не треба да сте многу вешти за да го направите.

Можете да користите бои кои се блиски, но исто така може да си поиграте со лакови во контрастни бои.

Ретро каре

Со неколку претпазливо исцртани хоризонтални и вертикални линии може да добиете впечатлива ретро шара.

Колоритен летен дожд

Налакирајте ги вашите нокти во бела боја и искористете барем три други лакови во различни силни бои за да направите дожд од разнобојни капки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.